Спорт
Бразил против Португалија, шампионот Италија во лесна група
Во Кејптаун, Јужна Африка, во петок беа извлечени групите за СП во фудбал кое ќе се одржи следната година во Јужна Африка
Во Кејптаун, Јужна Африка, во петок беа извлечени групите за СП во фудбал кое ќе се одржи следната година во Јужна Африка.Домаќинот Јужна Африка ќе го одигра првиот натпревар против репрезентацијата на Мексико, а шампионот Италија доби релативно лесна група.Извлекувањето на ждепката го водеше оскаровката Шарлиз Терон, а во извлекувањето на топчињата и помогнаа спортистите Дејвид Бекам и рагбистот Џон Смит.Според вечерашниов жреб извлечени се следните групи.Група А: А1- Јужна Африка, А2 – Мексико, А3 – Уругвај и А4 – Франција;Група Б: Б1 – Аргентина, Б2 – Нигерија, Б3 – Јужна Кореја и Б4 – Грција;Група Ц: Ц1 – Англија, Ц2 – САД, Ц3 – Алжир о Ц4 – Словенија;Група Д: Д1 – Германија, Д2 – Австрија, Д3 – Србија и Д4 – Гана;Група Е: Е1 – Холандија, Е2 – Данска, Е3 – Јапонија и Е4 – Камерун:Група Ф: Ф1 – Италија, Ф2 – Парагвај, Ф3 – Нов Зеланд, Ф4 – Словачка;Група Г: Г1 – Бразил, Г2 – Северна Кореја, Г3 – Брагот на слонова коска и Г4 – Португалија;Група Х: Х4 – Шпанија, Х2 – Швајцарија, Х3 – Хондурас и Х4 – Чиле
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нејмар (повторно) дебитираше за Сантос
По речиси 12 години Нејмар повторно го облече омилениот бел дрес. Тој повторно дебитираше за Сантос во ремито 1-1 против Ботафого.
Навивачите го дочекаа тој ден. Иконската Урбано Калдера беше исполнета за да го пречека својот принц, кој замина во 2013 година во Барселона. Пред повеќе од 16.000 души, Нејмар повторно истрча на теренот во бел дрес Еден од најдобрите фудбалери на Сантос на сите времиња влезе во игра на стартот од вториот дел. Тој влезе во игра со 1:0 за Сантос, по голот од пенал на Тигуињо Соареш во 38. минута.
На крајот беше 1:1. Израмнувачкиот гол го донесе Александре Жесус во 67. минута. Само четири минути подоцна, Ботафого остана со еден човек надолу откако Валисон доби црвен картон. На крајот, резултатот остана 1:1, а впечаток е дека Нејмар на своето деби за Сантос даде солиден настап.
Neymar (Santos) vs Botafogo SP. El regreso del príncipe. pic.twitter.com/6QtatRFWi3
— Santice (@Santice_) February 6, 2025
Спорт
Трамп потпиша декрет за забрана на трансродовите спортисти во женски спортови
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која на трансродовите спортисти им се забранува учество во женски спортови.
„Поради оваа извршна наредба, војната против женскиот спорт е завршена“, рече Трамп додека го потпишуваше документот на церемонијата во Белата куќа, со аплауз од десетици спортистки.
Извршната наредба предвидува федералната влада да прекинат да ги финансираат училиштата кои ќе им овозможат на трансродовите членови на заедницата да бидат дел од женските спортски тимови.
„Нема да има федерално финансирање за овие институции“, нагласи Трамп.
Тој, исто така, ја искористи можноста да се обрати до Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) додека неговата земја се подготвува да биде домаќин на следните Олимписки игри.
„Во Лос Анџелес 2028 година, мојата администрација нема да седи со скрстени раце додека мажите победуваат спортистки. Нема да го дозволиме тоа“, рече тој, повторувајќи дека Алжирката Иман Калиф е маж (олимписка шампионка во бокс во полусредна категорија).
Трамп нагласи дека неговата влада ќе ги отфрли сите барања за визи поднесени од мажи кои „лажно се претставуваат како жени“.
Спорт
Јокиќ на две асистенции до трипл-дабл, Гилџес-Александер броеше до 50
Ноќта меѓу средата кон четвртокот се одиграа 11 натпревари во НБА. Победи меѓу другите, забележаа Денвер, Мајами, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио, Минесота.
Дневер Нагетс, втор пат во три дена славеа над Њу Орлеанс Пеликанс, овојпат на својот терен со 144:119.
Никола Јокиќ постигна 38 поени, шутираше 15/28 од поле, 5/13 за тројки, 10 асистенции, осум скока, а најефикасен кај Денвер беше Мајкл Портер Јуниор со 39 поени, а забележа и 12 скока. На другата страна Вилијамсон постигна 28 поени, Марфи 25 со девет асистенции.
Диерон Фокс го имаше своето деби за Сан Антонио Спарс, постигна 24 поени, исто колку и Виктор Вембањама во победата во Атланта 126:125. Французинот ги погоди клучните слободни фрлања со кои гостите од Тексас славеа во Атланта. Како и обично, Тре Јанг беше најдобар кај домашниот тим со 32 поени и 12 асистенции, а Оконгву имаше 30.
Оклахома ги здроби Феникс Санс со 140:109. Шеј Гилџес-Александер продолжува со теророт. Канаѓанецот постигна 50 поени, имаше осум скока и пет асистенции. Тој оваа сезона ги урива сите рекорди, а во последните десет дена постигна 54 поени против Јута и 52 против Голден Стејт.
Во овој момент тој е најсериозниот кандидат за МВП на сезоната.
Резултати:
Атланта – Сан Антонио 125:126
Шарлот – Милвоки 102:112
Детроит – Кливленд 115:118
Бруклин – Вашингтон 102:119
Филаделфија – Мајами 101:108
Торонто – Мемфис 107:138
Минесота – Чикаго 127:108
Денвер – Њу Орлеанс 144:119
Јута – Голден Стејт 131:128
Оклахома – Феникс 140:109
Сакраменто – Орландо 111:130