Спорт
Тоти се враќа во италијанската репрезентација
Асот на Рома и на италијанската репрезентација изјави за италијанските медиуми дека би можел да ја прифати поканата да настапува на Светското првенство што годинава ќе се одржи во Јужна Африка
Се разбира, Франческо Тоти самиот го услови со – доколку дојде покана од италијанскиот селектор Марчело Липи.Триесет итри годишниот капитен на калчолигашот Рома последнито настап во дресот на „азурите“ го имаше на Светското првенство во Германија, 2006-та, кога Италија уште еднаш стана светски фудбалски шампион. Во последно време Тоти повторно игра во одлична форма, забележуваат италијанските спортски коментатори, па во тамошната јавност се’ почесто се споменува неговото враќање во репрезентацијата. „Светско првенство? Доколку се уверам дека селекторот Марчело Липи и соиграчите го сакаат моето враќање во репрезентацијата, за тоа ќе решам во април. Со Липи имам одлични односи, никогаш нема да заборавам што стории за мене во Германија. Секогаш имаше доверба во мене и умееше и да ме чека, ако беше потребно“, изјавил Тоти за La Republica.Тој додава дека по светското првенство има намера уште пет години активно да игра фудбал, се разбира, ако биде се во ред со здравјето и физичката подготвенсот.„Имам 33 години, уште не сум стар, ниту готов како играч. Сакам да освојам уште некое првенство со Рома. По завршувањето на играчката кариера, нема да станам тренер, предобар сум да бидам тренер. Ќе бидам директор. Во Рома“, додал Тоти за римскиот дневен весник.Италијанските медиуми додаваат дека уште еден повратник во репрезентацијата може да биде и Лука Тони, кој по напуштањето на минхенски Баерн, стана соиграч на Тоти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

