Спорт
Втора победа на Кома и Петерхансел, Манка со скршен череп

Минатогодишниот шампион во категоријата мотори на две тркала Марк Кома е победникот во шестата етапа која се возеше од Антофагаста до Икуикуе во Чиле со вкупна должина од 372 километри
Марк Кома етапата ја извозе со време од 4 часа, 46 минути и 59 секунди, пред второпласираниот Сирил Деспре од Франција и Хелдер Родригез од Португалија. Тимскиот сонатпреварувачна Кома, Лука Манца во тешка несреќа се здоби со скршеница на черепот и моментално се наоѓа на интензивна нега и сеуште нема новини за неговата состојба. Манца во вчерашната трка несебично му ја позајми својата резервна гума на колегата. Стефан Петерхансел во категоријата автомобили се врати на побеничката патека во шестата етапа која ја извозе со време од 4 часа, 23 минути и 55 секунди пред Карлос Саинз кој имаше заостанување од само 47секунди , а победникот во претходната етапа, Американецот Марк Милер, се пласира на третото место. Јамаха имаше еден-два победа во шестата етапа кај моторите на четири тркала благодарение на Маркос и Алехандро Патронели од Аргентина кои го освоија првото , односно второто место а Хосе Мануел Сантамарина исто така од Аргентина го освои третото место. И во оваа етапа ништо не се промени во категоријата камиони каде неприкосновен е Русинот Владимир Чегин победникот на петте од вкупно шесте досегашни етапи. Неговото време до целта гласеше 4.55.22 пред ривалот од Камаз, Фирдаус Кабиров и Ирдизар Мердеев исто така од Камаз. Седмата етапа ќе се вози во обратна насока од Икуикуе до Антофагаста со вкупна одлжина од 386 километри по што ќе следи еден ден одмор за натпреварувачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.
Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.
Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.
Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.
Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.
Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.
Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL