Спорт
Халперн ја сопре доминацијата на Патронелиеви
Себастијан Халперн од категоријата мотори на четири тркала беше најбрз во 11-та етапа која се возеше од Сантијаго до Сан Хуан со вкупна должина од 434 километри
Халперн ја извозе етапата со време од 3 часа, 18 минути и 33 секунди. Алесандро Патронели беше втор а Маркос Патронели трет во 11-та етапа.Гиерлин Шишери прв ја извозе етапата во категоријата автомобили со време од 2 часа, 34 минути и 51 секунда, пред Орландо Деранова и Гинел де Велиерс од Јужна Африка. Марк Кома во категоријата мотори на две тркала стигна до третата последователна победа и петта вкупна во досегашниот тек на релито. Кома ја извозе етапата со време од 2 часа 39 минути. Втор до целта стигна Давид Фретиње, а трет Франс Верховен. Фирдаус Кабиров е победникот во 11-та етапа во категоријата со време од 3 часа 2 минути и 53 секунди пред Владимир Чагин и Џосеф Адуа. Дванаесеттата етапа ќе се вози целосно на територијата на Аргентина од Сан Хуан до Сан Рафаел со вкупна должина од 796 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock
Спорт
Јанис нема намера да си оди од Милвоки
Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, одлучи да стави крај на сите гласини за неговата иднина и јасно стави до знаење дека нема намера да побара трејд – ниту оваа ниту која било друга сезона.
Грчкиот ас истакна дека таков потег едноставно не е во неговата природа и дека никогаш нема да биде тој што ќе побара да го напушти клубот.
„Никогаш нема да има момент кога ќе излезам и ќе кажам: „Сакам трејд“. Тоа едноставно не е во мојата природа“, изјави Адетокумбо за „Атлетик“.
Иако Јанис долго време јавно ја нагласува својата лојалност кон Бакс, тоа не ги спречи разните приказни и шпекулации за неговата наводна желба да го напушти Милвоки и да се приклучи на тим што се бори за титулата. Бакс моментално се во одлична форма и имаат резултат од 16-21 по поразот од Голден Стејт, но 31-годишната суперѕвезда не ги прифаќа гласините дека не е среќен во Висконсин.
„Можам само да контролирам само она што јас го зборувам. Никогаш не сум покажал дека не сум посветен на овој тим. Ако имало момент на теренот кога сте помислиле: „Јанис повеќе не сака да биде тука“, сакам да ми го покажете тоа. Никогаш не сум дал таква изјава. Не разбирам зошто луѓето не веруваат во она што го кажувам“, рече двократниот МВП на НБА.
И ако тоа сè уште не е доволно јасно за некого, Антетокумпо дополнително нагласи дека нема намера да оди никаде и дека верува дека Милвоки има квалитет да ја сврти сезоната.

