Спорт
Уште едно изненадување на Лидс во ФА Купот
Во 4-то коло на англискиот ФА Куп, фудбалерите на третолигашот Лидс јунајтед приредија уште едно изненадување, ремизирајќи во Лондон со домашниот Тотенхем, откако во претходно коло во Манчестер го елиминираше славниот Јунајтед
Иако Тотенхем двапати бил во водство на својот „Вајт-Харт лејн“, настапот во следното коло ќе мора да го бара на гостувањето на адресата „Еланд роуд“ во Лидс. Таму домашниот третолигаш, некогаш претставник на најдобрата англиска фудбалска школа Лидс јунајтед ќе се обиде да го подобри резултатот и да докаже дека елиминацијата на Манчестер јунајтед не била само случајност.Тотенхем повел пред крајот на првото полувреме со голот на Крауч во 42. минута. Во 52-та изедначил Бекфорд, а Пављученко во 75-тата повторно ги довел домашните во водство. Во шестата минута од судиското продолжување, Бекфорд од пенал по вторпат го изедначил резултатот и му овозможува на својот клуб да направи уште едно изненадување.Второто изненадување вечерва го направи четвртолигашот Нотс каунти кој дома го пречека премиер лигашот Виган и одигра нерешено 2:2, но речиси е без шанси во реваншот на гости. Болтон на свој терен во истото натпреварување вечерва го совладал второлигашот Шефилд јунајтед со 2:0, со што со еден натпревар според пропозициите на ФА Купот се пласира во осминафиналето. Во другите мечеви на ова натпреварување се постигнати главно очекувани резултати: Пристон норт енд (2 лига) – Челзи 0:2; Рединг (2) – Барнсли 1:0; Астон вила – Брајтон & Хов Албион (3.) 3:2; Дерби каунти (2) – Дончестер роверс (2) 1:0; Евертон – Бирмингем 1:2; Вилверхептон – Кристал палас (2) 2:2; Кардиф (2) – Лечестер (2) 4:2; Саутептон (3) – Испвич (2) 2:1; Вест броумвич албион (2) – Нукасл јунајтед (2) 4:2; Портсмут – Сандерленд 2:1; Акрингтон стенли (4) – Фулам 1:3. Во недела во истото натпреварување играат Сток сити – Арсенал и Сканторф јунајтед од втората лига со Манчестер сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.