Спорт
Извлечени противниците на Магдинчев и Грабуловски

Познати се двојките и редоследот на натпреварите за мечот помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина (БиХ) во рамките на втората евро- африканска зона од тенискиот Дејвис куп
Први на терен во петок од 16 часот ќе излезат најквалитетниот македонски тенисер Предраг Русевски и Асмир Горчиќ. Вториот натпревар ќе го одиграат Димитар Грабуловски и Алдин Шеткиќ.Во сабота со почеток во 14 часот е закажан натпреварот во дубл Мадинчев и Русевски против Шеткиќ и Горчиќ, а во недела исто така со почеток во 14 часот Русевски ќе игра против Шеткиќ а Грабуловски против Горчиќ.Задоволни сме од ждрепката. Сакавме Русевски, нашиот голем адут да започне прв бидејки тој е играч кој сака да знае кога стартува точно. Искрено се надевам дека ќе издвојуваме победа“, вели Дејан Маринковиќ селектор на репрезентацијата на Македонија.Селекторот Маринковиќ се одлучи на овие натпревари повеќе шанса да добие Димитар Грабуловски пред Лазар Магдинчев поради одличните неколку средби кој ги одигра во изминатиот период.„Добро сега што било нека остане зад нас. Атмосферата во репрезентацијата е одлична ,јас лично очекувам добар настап и победа. Добро сум подготвен со поддршка од полна сала очекувам добар резултат“, вели тенисерот Предраг Русевски.Натпреварот со БиХ е клучен во борбата за опстанок во втората евро-африканската зона од Дејвис купот, бидејќи поразениот ќе оди еден ранг пониско.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трагичната судбина на Диого Жота: Докторот му рекол да не патува со авион

„Диого Жота патувал со автомобил со својот брат бидејќи му било советувано да не користи авион по операцијата на белите дробови што ја имал“, објавија медиумите во Португалија и Англија.
„Диого и неговиот брат Андре планирале да отпловат за Англија, па поради тоа се упатиле кон Стандандер, а потоа, откако преноќиле, се упатиле кон Бенавенте, каде што требало да се качат на траект за Англија“, објави CNN.
Жота претрпел тешка повреда на ребрата во текот на сезоната и ја искористил паузата помеѓу двете првенства не само за одмор и венчавка, туку и за рутинска операција на белодробно крило кое било малку оштетено од ударот.
Затоа, според португалските медиуми, му било советувано да не користи воздушен транспорт поради разликата во притисокот и можните компликации.
Диого и Андре поради тоа тргнале на пат со автомобил, а набргу потоа се случила трагична несреќа во која двајцата ги загубиле животите.
Гума експлодирала на нивниот автомобил додека престигнувале на патот, ја изгубиле контролата врз возилото кое се превртело и се запалило.
Спортскиот свет се уште е во шок по трагичната вест од Шпанија.
Фото/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Иванишевиќ шокиран од состојбата на Циципас: „Не сум видел понеподготвен играч“

Патувањето на страдањето на Циципас продолжи со неговата елиминација во првото коло на Вимблдон.
Во интервју за „Спортклуб“ во Лондон, Иванишевиќ проговори за соработката со Гркот, за доблестите и недостатоците во играта на неговиот ученик, кој, како што вели, итно треба да реши одредени проблеми што ги има надвор од теренот.
„Едноставно е и не е едноставно. Разговарав со него многу пати. Ако успее да реши некои работи надвор од тенисот, ќе има шанса и ќе се врати таму каде што му е местото, бидејќи е премногу добар играч за да биде надвор од првите десет. Ако не успее тоа, нема шанси. Моја одговорност е да му поправам некои технички детали на теренот, тоа е најлесниот дел, но тој мора самиот да го реши второто. Ако успее, искрено сакам да успее, без разлика дали сум таму или не“, рече Иванишевиќ.
Во првото коло, Циципас загуби од Валентин Ројер, на кого му се предаде по два сета.
„Тој има желба, но не прави ништо. Сè е „ќе биде, ќе биде“, но не гледам никаков напредок. Ако сака да успее, мора да го реши проблемот со грбот. Бев шокиран, никогаш во животот не сум видел играч физички понеподготвен. Јас, со моето колено, сум барем три пати поподготвен од него. Не знам што правеше цела година, но ова е многу лошо“, додаде Горан.
Спорт
Шпански тинејџер е најскапиот играч во историјата на Комо

Шпанскиот крилен играч Хесус Родригез потпиша за Комо до 2030 година во трансфер вреден 22 милиони евра. Родригез стана најскапиот играч во историјата на клубот.
Рекордот што претходно го држеше Мартин Батурина брзо беше срушен. Пред една недела Батурина дојде во Комо од Динамо Загреб за 18 милиони евра.
Хесус Родригез ќе наполни 20 години во ноември, а минатата сезона постигна пет гола на 44 натпревари за Бетис.
Момчето родено во Севилја често се споредува со легендата на клубот, познатиот Хоакин, во однос на неговиот стил на игра.
Foto/ EPA