Спорт
Словенецот Катер победник во велеслалом на 37. „Шарпланински куп“
Словенецот Мартин Катер е победник на велеслаломската трка која се одржа денеска на падините на Попова Шапка во склоп на 37-oт „Шарпланински куп“
Второто место го освои Австриецот Франц Промок, а трет беше Бугаринот Стефан Георгиев. Трката ја започнаа 56 натпреварувачи од девет земји, а ја завршија само 39. Победникот Катер рече дека ова е негово прво учество на „Шарпланинскиот куп“ и оти е задоволен од освоениот резултат. „Мислам дека можев да извозам и подобро, но имаше многу дупки на патеката. Задоволен сум од организацијата. Се надевам дека утре на слаломската трка ќе го подобрам својот резултат“, изјави по трката Мартин Катер.Најдобро пласиран македонски скијач беше Антонио Ристевски кој трката ја заврши на 8. место. Тој рече дека ова е негово најдобро велеслаломско возење досега и оти е задоволен од резултатот, бидејќи оваа дисциплина не му е омилена, пренесе МИА. „Слаломот е мојата дисциплина и утре очекувам да освојам повисоко место и да завршам во севкупен пласман на некое од првите пет места“, рече Ристевски. Шеф на трката беше Словенецот Бојан Крижај, а патеката ја постави Словакот Југо Мартинчек. Патеката за велеслалом е долга 1.410 метри со висинска разлика од стартната до целната линија од 390 метри. Крижај рече дека е задоволен од тоа како бил организиран денешниот ден, а благодарение на добрите временски услови успеале да подготват коректна трка. За утре во 9 часат закажан е стартот на слаломската трка. По нејзиното завршување ќе бидат прогласени севкупните победници, а традиционално на најдобриот ќе му биде доделено куче шарпланинец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…