Спорт
„Манчестер“ ќе брка победа на „Алијанс Арената“
Манчестер Јунајтед ќе оди на победа на Алијанс Арената во Минхен за да обезбеди пласман во полу- финалето од Лигата на шампионите
Во последниот лигашки натпревар Манчестер Јунајтед го победи Болтон со 4:0, а Баерн изгуби дома од Штутгарт но се пласираа во финалето од Германскиот куп.Кај Баварците суспендиран е Бастијан Швајнштајгер, а Марк Ван Бомел и Даниел Прањиќ ќе го пропуштат реваншот ако добија жолт картон.Настапот на Марио Гомез и Аријен Робен поради повреди, а Ван Гал ќе може да смета на услугите на Мартин Демикелис.Кај „црвените ѓаволи“ Андерсон, Вес Браун, Џон О’ Шеј и Мајкл Овен се повредени но нема суспендирани, а Џони Еванс се враќа по повредата.Немања Видиќ ќе го пропушти реваншот на Олд Трафорд ако добие жолт картон. Баерн немаат победено во четврт- финале откако последен пат ги победија Манчестер Јунајтед во 2001 година, а Манчестер доаѓа на Алијанц Арената без гостински пораз во последните 17 натпревари во Лигата на шампионите.Во вториот денешен натпревар Олимпик Лион на Стад Жерлан ќе го пречека тимот на Бордо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.