Контакт

Спорт

Печен вол како премија за четвртфинале

Објавено пред

Ако победат во четвртфиналето од Бугарскиот куп против софиска ЦСКА, фудбалерите на Берое од Стара Загора за премија ќе добијат печен вол

Берое е еден од финансиски најзагрозените бугарски фудбалски клубови и се месеци ги нема исплатено премиите на своите играчи. Оваа премија ја понуди локалниот бизнисмен Бојан Станков, кој претходно за ремито на дома против ЦСКА ги честеше со печени јагниња. Берое е на 10-то место од првата бугарска лига, додека ЦСКА е трета во лигата што ја сочинуваат 16 клубови. Клубот од Стара Загора инаку најславните моменти ги имаше во 1970/80-те години, кога во 1986 г. ја освои досега единствената шампионска титула во Бугарија.Пред три години Берое ја исфрли ЦСКА исто така во четвртфиналето од купот, победувјачи со гол во 119 минута.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„И Барселона треба да ја повлече десетката“

Објавено пред

Седум дена поминаа од смртта на Диего Марадона. Неговата смрт се уште е топ тема во фудбалскиот свет.

Синот на Марадона, Диего Марадона јуниор, во интервју за „Марка“, рекол дека сите тимови во кои што играл неговиот татко треба да ја повлечат десетката.

Со години таква пракса спроведува само Наполи.

„Сметам дека дресот со број 10 треба да го повлечат клубовите во кои играше. Да, вклучувајќи ја и Барселона“, рекол Марадона јуниор.

Диего Марадона, кариерата ја започнал во Аргентинос јуниорс, а потоа играл за Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја и Њувел Олд Бојс.

Прикажи повеќе...

Спорт

Венгер одбил да биде селектор на Србија

Објавено пред

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) му ја понудил селекторската позиција на легендарниот француски тренер Арсен Венгер.

Дел од медиумите во Србија, пишуваат дека првиот човек на ФСС, Славиша Кокеза, стапил во контакт со 72-годишниот тренер. Венгер, се заблагодарил на понудата и порачал дека не е заинтересиран да биде селектор на Србија.

Актуелен селектор на Србија е Љубиша Тумбаковиќ, но неговата позиција е сериозно загрозена откако не успеа да избори пласман на Европското првенство.

Најверојатно тој ќе биде сменет на 15.декември.

Откако Венгер ја одбил понудата, јавноста шпекулира дека на позицијата на Тумбаковиќ ќе дојде Владан Милојевиќ, екс-тренерот на Црвена звезда или легендата на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси.

Прикажи повеќе...

Спорт

Синот на Михаел Шумахер ќе вози во Формула 1

Објавено пред

Мик Шумахер, син на легендарниот Михале Шумахер, од наредната сезона ќе се натпреварува во Формула 1. Шумахер ќе вози во тимот на Хас.

Младиот Германец (21) потпишал повеќегодишен договор со американскиот тим. Мик тргнува по стапките на својот славен татко, кој во кариерата седум пати бил светски првак.

„Секогаш верував во моите сништа. Неверојатно е чувството што ќе возам за Хас. Не можам да бидам посреќен. Благодарам за поддршката“, рекол Мик Шумахер.

Синот на Михале Шумахер започнал да вози картнинг на осум годишна возраст, додека во светот на формулите влегол кога имал 16 години. Вози во Формула 2 од 2019 година. Сезонава има забележано три победи ѝ е лидер во генералниот пласман.

Тимски колега во Хас ќе му биде неговиот врсник Никита Мазепин од Русија. Младите возачи доаѓаат на местата на Роман Грожан и Кевин Магнусен.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија19 минути

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија41 минута

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија45 минути

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет1 час

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион1 час

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет2 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион2 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија2 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет4 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет5 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет5 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет5 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија18 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија19 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија19 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ21 час

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија21 час

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија23 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Досие