Спорт
Леман најави крај на кариерата
Прославениот голман на германскиот фудбалски бундеслигаш Штудгард, Јенс Леман најави завршување на својата кариера на крајот од сезонава, пренесе агенцијата DPA
Иако се нагаѓаше дека 40-годишниот Јенс Леман ќе брани барем уште една сезона, тој денеска објави дека ја завршува успешната спортска кариера.„Доста беше, на крајот од сезоната заминувам во играчка пензија“, изјавил во вторник Леман кој има 61 настап за германската фудбалска репрезентација. Во прво време учеството во спортот ќе го продолжи како стручен коментатор на германската телевизија од Светското првенство во Јужна Африка ова лето. Кариерата ја започна во Шалке каде на голот мина една деценија од 1988 до 1998г., потоа следната и само таа сезона стоеше меѓу стативите н аголот од Милан, па од 1999 до 203 година го носеше дресот на Борусија Дортмунд а потоа до 2008 г. на лондонски Арсенал од кога е член на Штудгард. Со овие клубови Леман освои вкупно шест трофеи: во Италија (1999), Германија (2002), Англија (2004), Купот на УЕФА (1997), англиските ФА Куп (2005) и Кјомјунити шилдс (2004).Со репрезентацијата на „панцирите“ сега „елф“-овите, на Светските првенства има второ место (2002) и трето (2006), и втор место на Европското првенство во 2008 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мбапе: Заслужено загубивме, последниот гол што го примивме е срамен
Двата гола на Килијан Мбапе не беа доволни за Реал Мадрид да извлече позитивен резултат на гостински терен во Лисабон. Во нереална драма, Бенфика победи со 4:2 и стигна до нокаут фазата од натпреварувањето, елиминирајќи го Реал од Топ 8.
„Немам вистинско објаснување. Не бевме исти како во натпреварот со Виљареал и проблемот е што немаме таков континуитет во играта. Мораме да го решиме тој проблем бидејќи не можеме еден ден да бидеме добри, а еден ден лоши. Тоа не е шампионски тим, нели?“, рече Килијан Мбапе.
Најдобриот играч на Реал нема дилема дека неговиот тим заслужил да загуби.
„Поразот на крајот беше заслужен. Не можам да кажам дека не е заслужен, затоа што не игравме добро за да победиме. Тие, од друга страна, играа добро. Бенфика е непријатна дома, го знаевме тоа и тоа е наша вина. Денес не стануваше збор за тактика или квалитет. Противникот сакаше да се бори, ги гледав како се борат за своите животи. Не го видов тоа од нас. Последниот гол што го примивме е срамен“, рече Мбапе.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Солзите на Леброн и дебакл на Лејкерси во Кливленд
Кошаркарите на Кливленд ги победија Лејкерси со 129:99 во можеби последниот натпревар на Леброн Џејмс во неговиот Охајо.
Кливленд го омекна срцето на својот најдобар играч на сите времиња на средина од првата четвртина со прикажување снимки од неговите подвизи во дресот на Кавс. Џејмс во тие моменти не можеше да ги задржи солзите. .
По натпреварот, тој речиси потврди дека ова е веројатно неговиот последен натпревар во неговата сала.
„Само се обидувам да протолкувам сè, не земам ништо здраво за готово. Бидејќи ова може да биде мојата последна сезона. Очигледно сè уште не сум донел одлука, но лесно може да биде (последната сезона)“, рече Џејмс по натпреварот во кој неговиот сегашен тим беше разбиен од неговиот поранешен тим.
Патем, Кавс му ги пуштија „најважните моменти“ од натпреварот од финалето на Истокот во 2008 година против Детроит Пистонс, кога тогаш младиот Леброн постигна 48 поени, вклучувајќи 25 по ред на крајот од натпреварот.
LeBron tak się wzruszył na prezentacji w Cleveland, jakby to miał być jego ostatni mecz w tej hali 🥲 pic.twitter.com/TlIIsf7vv2
— Maciek Wooden (@wooden13) January 29, 2026
Годините си го земаат данокот, па на неговото ново гостување во Охајо, ветеранот Леброн го претрпе најтешкиот пораз, а воедно го одигра и најслабиот натпревар како ривал во Кливленд, постигна само 11 поени (3/13 од поле, 0/3 за три).
Кавс ја направија клучната разлика во третиот период, кој заврши со резултат 42:22.
Донован Мичел го заврши натпреварот со 25 поени, Џејлон Тајсон даде 20, Деандре Хантер 19, додека Џарет Ален придонесе за петтата последователна победа на Кливленд со 17 поени.
Во поразениот тим, Лука Дончиќ беше најефикасен со 29 поени.
НБА, резултати:
Индијана – Чикаго 113:110
Бостон – Атланта 106:117
Мајами – Орландо 124:133
Торонто – Њујорк 92:119
Мемфис – Шарлот 97:112
Далас – Минесота 105:118
Јута – Голден Стејт 124:140
Хјустон – Сан Антонио 99:111
Спорт
Позната е шемата за плеј-офот, можна е уште една пресметка меѓу Реал и Бенфика
По завршувањето на правата фаза во Лигата на шампионите, познати патниците во осминафиналето и екипите кои ќе играат плеј-оф за пласман меѓу најдобрите 16.
Од првото до осмото место се пласираа: Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити.
Пејофот ќе играат: Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабаг, Бодо/Глимт и Бенфика.
Познато е дека УЕФА, од минатата сезона, воведе „тениска ждрепка“ за нокаут фазата, истото ќе биде и сега, па затоа следните двојки се можни во осминафиналето:
Реал Мадрид/Интер – Бенфика/Бодо
ПСЖ/Њукасл – Карабаг/Монако
Јувентус/Атлетико – Галатасарај/Клуб Бриж
Аталанта/Леверкузен – Дортмунд/Олимпијакос
Значи, постојат големи шанси Бенфика и Реал повторно да ги одмерат силите.
А што се однесува до осминафиналето, шемата е иста…
Сити го чека Реал или Интер (ако поминат), ПСЖ може да оди на Барселона или Челзи, а Ливерпул кај Јувентус или Атлетико.

