Спорт
Манчестер – Баерн 3:1 (полувреме)
Очекувано на „Олд Трафор“ се води интересна борба за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите
По првиот дел Манчестер јунајтед веќе ја надмина предноста на Баерн од првиот меч во Минхен, кога баварците славеа со 2:1.По најголемото изненадување на деншниот меч, настапот на Вејн Руни кој според лекарите требаше да се опоравува уште најмалку две седмици, Германците беа изнендадени, непријатно, уште во 3. минута кога прецизен беше Дарон Гибсон. Но тоа не беше крај на изненадувањата за баварците, зашто само по три минути Нани ја анулираше нивната предност од првиот меч, а со вториот свој гол во 41-та минута му донесе убедливо водство на Манчестер. Но Хрватот Ивица Олиќ, повторно му ја враќа надеждта на Баерн, зашто и на претходниот наптревар во Минхен со гол во последните моменти му ја донесе победата. Впечаток е дека холандскиот стратег на баварците Луи ван Гал не можеше посериозно да ги мотивира своите играчи и да ја постави играта, односно беше надмудрен од искусниот сер Алекс Фергусон. Баерн едноставно не можеше да се соземе од пресингот што го одиграа „црвените ѓаволи“. Резултатот и традицијата на натпревари меѓу овие два клуба, како и традиционалната германска упорност ветуваат пеколни втори 45 минути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мбапе и Камавинга го напуштија кампот на репрезентацијата
Француските фудбалери обезбедија пласман на Светското првенство едно коло пред крајот на квалификациите, откако остварија убедлив триумф од 4:0 над Украина.
Килијан Мбапе беше еден од најзаслужните за пласманот на „триколорите“ на Светското првенство, но во меѓувреме се здоби со лесна повреда.
Станува збор за воспаление на зглобот, а со оглед на тоа што визата за САД, Канада и Мексико е веќе обезбедена, нема потреба најдобриот играч на Франција да се изложува на ризик во натпреварот од последното коло од Групата Д со Азербејџан (недела, 18.00 часот).
26-годишникот веќе се врати во Мадрид, каде што ќе се одмори и ќе ја санира повредата пред да ги продолжи клупските обврски.
Заедно со Мбапе, во Мадрид се врати и Едуардо Камавинга, неговиот соиграч од Реал.
„Камавинга претрпе истегнување на тетивата на левата нога. Мбапе сè уште страда од воспаление на десниот глужд, што бара дополнителни тестови. Тие ќе бидат подложени на нови тестови денес во Мадрид“, се вели во соопштението на Француската фудбалска федерација.
Спорт
Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар
Ландо Норис и Оскар Пјастри водат голема борба за титулата во шампионатот во Формула 1.
Двајцата се возачи на Мекларен и тоа ја прави борбата уште поинтересна. Моментално, Норис има предност од 24 поени, а до крајот на шампионатот остануваат уште три трки.
Многумина мислат дека постои големо соперништво меѓу Норис и Пјастри надвор од патеката. Сепак, младиот Австралијанец го негираше тоа.
„Ландо и јас одлично се согласуваме. Мислам дека нашиот однос никогаш не бил подобар. Причината е едноставна. Три години сме клупски колеги и секој ден се запознаваме сè подобро и подобро“, рече Пјастри.
Следната трка во шампионатот е на 22 ноември, во Лас Вегас.
Спорт
Гатузо им се налути на навивачите
Селекторот на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, остро одговори на критиките, бидејќи неговиот тим го скрши отпорот на Молдавија (0:2) во квалификациите за Светското првенство во финиошт с голови во 88-та и 93-та минута.
Додека резултатот сè уште беше 0:0 кон крајот на натпреварот, мала група италијански навивачи почна да протестира, скандирајќи им на играчите „да одат на работа“. Гатузо не се согласи со нивните критики, нагласувајќи дека тимот играл добро.
„Протестите на навивачите се срамота, жал ми е за она што го слушнав. Ова не е време да им кажуваме на играчите да одат на работа. Мора да останеме обединети бидејќи тимот се мачи на теренот, а да слушам 500 навивачи кои зборуваат секакви работи е нешто што не го прифаќам“, рече Гатузо.
Италија сè уште може, во теорија, да се квалификува за Светското првенство како победник во Група И. Тие се три бода зад Норвешка, нивниот следен и последен противник во групата, но ќе им треба многу убедлива победа (со разлика од девет гола) за да ја поништат гол-разликата. Затоа, „аѕурите“ ќе ја бараат својата шанса преку баражот.
Италијанската репрезентација последен пат учствуваше на Светското првенство во 2014 година. Ги пропушти турнирите во 2018 и 2022 година по тешките порази во плејофот од Шведска и Македонија.

