Спорт
Викендов ќе се одржи мото трката „Гран При Македонија 2010“
Втората трка „Гран При Македонија 2010“ од отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос во 2010 година ќе се одржи на 10 и 11 април на патеката Милци крај Гевгелија“, портпаролот на Мотоциклистичката Федерација на Македонија
„Со оглед на бројот на учесници на првата трка одржана во Грција, нашите очекувања се дека на оваа трка ќе учествуваат стотина мотоциклисти од десеттина земји поделени воседум класи“, рече портпаролот Владимир Карчицки.Тој истакна дека во сите класи се очекуваат интересни борби, а за фаворити се сметаат Томпа од Романија во класата МХ65, Иванов од Бугарија во класата МХ85, Кузис од Грција во класата МХ1, Кабал од Романија во класата МХ2 и МХ2-Јуниор, Керемидас од Грција во класата МХ3 и Охара од Израел со грчка лиценца во класата МХ АТV.Наши претставници на трката ќе бидат трикратната шампионка Фетије Елези во класата МХ85, повеќекратните шампиони и освојувачи на златна кацига Гоце Томовски и Мирче Ќорнаков во класара МХ1, и младите надежи, шампионот и вицешампионот за 2009 година Благојче Спировски и Драган Ванов во класата МХ2 и МХ2-Јуниор.„Очекуваме од нашите натпреварувачи да бидат поуспешни од досега со оглед на настапот на домашен терен и бодрењето од публиката“, изјави Карчицки и истакна дека најдобриот натпреварувач од Македонија Христиан Илиоски, кој беше двоен шампион минатата година во класата МХ2 и МХ2-Јуниор нема да настапи бидејќи нема конкурентен мотоцикл.Тренинзите и класификациите за оваа трка ќе се одржат во сабота, додека свеченото отворање на натпреварот е предвидено за недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Столе одличен, Валенсија го победи Леванте
Фудбалерите на Валенсија го победија Леванте во градското дерби со 2:0 (0:0) во рамките на 24-то коло од шпанската Ла Лига.
„Лилјаците“, со победата кај градскиот ривал избегаа од опасната зона, сега се 14-ти, а во исто време го турнаа Леванте во бездната. Леванте се претпоследни на табелата со 18 поени.
Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски, имаше впечатлив настап, успеа да ја одбрани својата мрежа.
Главни протагонисти на победата на Валенсија беа Белгиецот Ларџи Рамазани и Умар Садик.
Прво, белгискиот напаѓач постигна прекрасен гол во 64-та минута за водство на гостите, а потоа Умар Садик стави тошка на победата.
Foto/ EPA
Спорт
МЗТ лесно до нов трофеј во Купот на Македонија
МЗТ Скопје го одбрани пехарот во Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир, МЗТ лесно го победи домаќинот Куманово со 96:70. Екипата од Аеродорм го освои четвртиот трофеј во низа, вкупни 14-ти во клупската историја.
Финалноот меч за трофејот не донесе ниту трошка неизвесност. МЗТ од почетокот се наметна на теренот, на стартото на вториот период стекна двоцифрена предност, која потоа само растеше. Највисоките +25, МЗТ ги достигна во средишницата на третиот период.
Меквин со 23 поен и Гил со 17 поени го предводеа МЗТ до трофејот во Купот. Кај Кумановоа Митевски, Ѓуроски и Луковиќ постигнаа по 13 поени.
Foto/ mkd.basketball
Спорт
Стрем е кралица на ски скоковите, Ника Превц леташе до бронзата
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем стана двократна олимписка шампионка, откако победи и на големата сколаница на Игрите во Милано и Кортина. Словенката Ника Превц, која важеше за главен фаворит пред Олимписките игри, мораше да се задоволи со бронзениот медал.
Стрем стана првата олимписка шампионка на големата скокалница, бидејќи никогаш порано немало две дисциплини за жени на Олимписките игри. Првите скокови во женска конкуренција се одржаа на Игрите во Сочи во 2014 година.
Сега двократната олимписка шампионка го освои своето второ злато со 284,8 поени, по скокови од 130,5 и 132 метри. Еирин Марије Квандал ѝ донесе на Норвешка двоен триумф со 282,7, додека Ника го заврши натпреварувањето со 271,5 поени.
Младата Словачка немаше среќа со условите за време на првиот скок, но во втората серија успеа да се подобри и да освои уште еден медал.
Ника ги завршува Зимските олимписки игри во Милано и Кортина со по едно злато, едно сребро и една бронза. Таа освои злато во екипна конкуренција, сребро на малата скокалница и бронза, како што веќе споменавме, на голема скокалница.
Постариот брат на Ника, Домен, додаде злато на големата скокалница во семејната колекција, и има шанса дополнително да го зголеми бројот на медали, бидејќи следува натпреварот во екипна конкуренција.
Foto/ EPA

