Спорт
Караро: „Згрешивме што му го дадовме скудетото на Интер“

Поранешниот претседател на Италијанската фудбалска федерација призна дека федерацијата згрешила кога му ја доделилатитулата од италијанското првенство од 2006 на Интер
„Не ја спроведував спортската правда добро, но брзо се прифати одлуката бидејќи требаше да започне новата сезона. Но кога една одлука ќе се донесе набрзина , грешки ќе се прават“, потенцира Франко Караро, кој порано беше првиот човек во италијанскиот фудбал. Италијанската фудбалска федерација ги одзема последните две титули од Јувентус по Калчополи скандалот со местење натпревари. Јувентус исто така беше делегиран во втората лига а на Лацио, Фиорентина, Милан и Реџина им беа одземени бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ленгле како слободен играч потпиша со Атлетико

Францускиот фудбалер Клеман Ленгле потпиша договор со Атлетико Мадрид до јуни 2028 година.
Ленгле беше член на Барселона, а минатата сезона ја помина на позајмица во Атлетико.
Францускиот фудбалер го раскина договорот со Барселона порано денес, а потоа потпиша тригодишен договор со Атлетико Мадрид како слободен агент. Минатата сезона, Ленгл одигра 34 натпревари за мадридскиот клуб и постигна три гола.
Покрај Барселона и Атлетико, дефанзивецот играше и за Астон Вила, Тотенхем, Севиља и Нанси.
Спорт
Киву го презеде Интер

Романскиот фудбалски стручњак Кристијан Киву (44) е назначен за нов тренер на Интер од Милано.
Киву потпиша договор со тимот од „Џузепе Меаца“ до 30 јуни 2027 година.
Тој го наследи Симоне Инзаги на клупата на вицешампионите на Европа и Италија. Инзаги минатата недела поднесе оставка и замина во Ал Хилал.
Киву поднесе оставка од тренерската позиција на Парма пред да биде назначен во Милано.
Романецот беше тренер на младинските категории на Интер од 2018 до 2024 година, а како играч беше член на клубот од Милано од 2007 до 2014 година.
Спорт
Започна чистката на „Олд Трафорд“, први на удар ветераните

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (33), шведскиот дефанзивец Виктор Линделоф (30) и поранешниот репрезентативец на Северна Ирска Џони Еванс (37) ќе го напуштат Манчестер Јунајтед на 30 јуни, објави англискиот клуб.
Во соопштението се наведува дека договорите на тројцата фудбалери со Манчестер Јунајтед истекуваат на 30 јуни и дека англискиот тим не смета на нив следната сезона, бидејќи клубот од „Олд Трафорд“ одлучил да не ја продолжи соработката со Ериксен, Еванс и Линделоф.
Еванс беше член на Манчестер Јунајтед од 2006 до 2015 година, а се врати во клубот од „Олд Трафорд“ во 2023 година. Ирецот и претходно објави дека ќе се пензионира.
Ериксен пристигна во Манчестер Јунајтед во 2022 година, додека Линделоф е член на „Црвените ѓаволи“ од 2017 година.