Спорт
Тотенхем го доби лондонското дерби

Во едно од најголемите градски дуели во фудбалскиот свет, Тотенхем на „Вајт харт лејн“ со 2:1 го совлада Арсенал
Головите за „спарсите“ ги постигнаа Дани Роз во 10. и Гарет Бејл во 47. минута, додека за „тобџиите“ поразот го ублажи во 85. минута Никлас Бендтнер.Ова лондонско дерби ќе биде запаметено по тоа што Арсенал упати дури 23 шута во рамките на голот на Тотенхем, но противничкиот голман Гомеш е прогласен за еден од најистакнатите поединци на натпреварот.Во вториот денешен натпревар од Астон вила и Евертон во Бирмингем одиграа нерешено 2:2. Гостите од Ливерпул двапати беа во водство со головите на Тим Кејхил во 23. и 74.. минута, но домаќините изедначуваа преку Габриле Агбонахор во 72. и Фил Јагиелка со автогол во 90. минута.Двата отпишани клуба, Виган и Портсмут одиграа без голови. Вчера Челзи со 1:0 го совлада Болтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.