Спорт
Ливерпул се продава

Сопственицитена фудбалскиот клуб Ливерпул, Том Хикс и Џорџ Жилет, денеска соопштија дека ќе го продадат клубот што го купија пред три години
Почетната понуда за клубот според англиските медиуми е 500 милиони фунти но засега не се објавува кои се потенцијалните купувачи. На официјалниот сајт на клубот беше соопштено дека Ливерпул го назначиле Мартин Броутон за нов шеф на клубот а тој ќе има задача да го надгледува процесот на продавање. „Имањето на Ливерпул во изминативе три години беше возбудливо искуство за нас и нашите фамилии но бидејќи се оддалечивме од клубот, решивме да го продадеме на луѓе кои ќе бидат посветени на неговиот раст“ стоеше на официјалната страна на клубот. Од Ливерпул инсистираат дека плановите за изградба на новиот стадион кој ќе го замени Енфилд ќе продолжат по планот и продажбата на клубот нема да влијае на изградбата. Клубот моментално има долг од 237 милиони фунти кон банките во Англија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.