Спорт
За Гвардиола теренот бил спор

По дебаклот во Милано, повеќе заради (не)прикажаната игра во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите, стратегот на Барселона, гВардиола се пожали на тревата на „Сан Сиро“
„Тревникот не беше онаков каков што ние би посакувале, може да се рече дека подлогата за нас беше преспора. Но во реваншот ние можеме да бираме и сигурно дека тревникот на Камп Ноу ќе биде наводнувцан пре мечот. Тоа е она што ни одговара, бидејќи имаме брзи напаѓачи“,изјави по мечот тренерот на Барселона Жозеф Гвардиола.Барселона во вторник навечер во белда игра беше поразена убедливо од Интер 1:3, иако прва дојде во водство. Гвардиоал, кој однапред рече дена поразот нема да го оправда во повеќе од 12 часовнот патување со автобус од Барцелона до Милано, вели дека не бил изненаден со тактиката на Интер. „Тие си ја играа својата карактеристична игра, со длабински додавања се обидуваа да ја изненадат нашата одбрана и тоам и успеваше. Од друга страна , ние не бевме ефикасни како што беше случај во другите натпревари“, вели Гвардиола. На новинарско прашање дали 14-то часовното патување со автобус влијаело на иограна на неговиот тим, Барсиоанла кусо одговори – „Несум лекар, па затоа не можам да ви одговорама на тоа колку влијаело врз играчите“.Гвардиола не се осврана воопшто на арбитражата на синоќешкиот меч, иако шпанските медиуми се задржуваат на вториот гол на Интер, кој според нив е постигната од сомнителна офсајд ситуација, како и на наводно недосудениот пенал над Дани Алвеш.И напаѓачот Педро Родригез семта дека долгото патување не влијаело врз играта, но жестоко го критикува португалскиот Бекверанса.Претседателот на актуелниот европски и светски клубски првак, Хуан Лапорта, нагласи дека нема никакви оправдувања за лошата игра на неговата Барселона, бидејќи однапред ја занеле тактиката на Интер
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Оклахома го прегази Денвер, со +32 ја доби мајсторката

Оклахома сити Тандер ги декласираа Денвер Нагетс во мајсторката и се пласираа во финлето на Западот. Седмиот меч од полуфиналната серија Тандер го добија со 125:93 (21:26, 39:20, 37:26, 28:21).
Денвер подобро влегоа во натпреварот, стекнаа двоцифрема предност, но играта им се распдна во последните 90 секунди од првиот период кога Јокиќ седна на клупата. Од крајот на првата и почетокот на втората четвртина Тандер направија серија 13:0 го презедоа водството и не го испуштија до крајот.
До финишот на вториот период Денвер некако се држеше на минуус од три поени, но Тандери со две серии од по 7:0, заминаа на полувреме со 60:46.
Ништо не се промени во почетната фаза од третата четвртина. По само две минути, Оклахома постигна девет поени и стигна до огромни +23 – 69:46. Третиот период Тандер го завршија со +25 (97:72), а кога по три минути од последниот период разликата надмина 30 поени, тренерот на Денвер, Дејвид Аделман, ги повлече стартерите од теренот и реши да ја „испразни клупата“.
Оклахома доминираше во офанзивниот скок (15), со агресивната одбрана, особено над Јокиќ го натера Денвер на 23 загубени топки. Нагетс лошо шутираа за три поени, погодија само осум тројки од 42 одбини (19 отсто).
Шеј Гилџис-Александер го заврши натпреварот со 35 поени. Вилијамс постигна 24 поени со седум асистенции, а Холмгрен запиша дабл-дабл со 12 поени и 11 скока.
На другата страна, Никола Јокиќ запиша 20 поени, девет скока и седум асистенции, но вистинска поддршка доби само од Кристијан Браун (19 поени, четири скока, три асистенции), Џамал Мареј постигна 13 поени, со 30 отсто реализиција од поле. Арон Гордон се појави на теренот и покрај повредата, мечот го заврши со осум поени и 11 скокови.
Оклахома во финалето на Западот ќе игра против Минесота, серијата ќе започне во среда од 2.30 часто по македонски време.
Спорт
(Видео) Драма во Серија А, поништен гол на Интер во 96. и пенал на Наполи во 97.минута

Многу возбудливо беше во претпоследното, 37-мо коло од италијанската Серија А, особено во трката за Скудетото меѓу Наполи и Интер, која ќе има епилог дури во последните 90 минути.
Наполитанците гостуваа во Парма на „Енио Тардини“, не успеа да победи. Натпреварот заврши 0:0.
Наполи доби пенал во 97.минута, но судијата по прегледувањето на снимката пресуди дека на почетокот на акцијата имало фаул од Џовани Симеоне. На крајот Парма освои важен бод во борбата за опстанок, а Наполи остана на бод предност пред Интер, благодарение на ветеранот Педро.
Интер не успеа да го победи Лацио на „Меаца“. Два пати Интер имаше предност, која два пати ја поништи Педро.
„Неро-азурите“ беа во водство од судиското продолжение на првото полувреме кога Бисек погоди за 1:0.
Во вториот дел беше возбудливо, бидејќи Интер пропушти неколку шанси, а Лацио израмни во 72-та преку Педро.
Дензел Дамфрис му ја врати предноста на Интер во 80-та минута. Но во 89-та минута, Бисек направи глупав пенал, а Педро изедначи.
Во 96.минута Арнаутовиќ го постигна третиот гол за Интер, кој беше поништен поради офсајд.
Спорт
(Видео) Евроголови на Алварез и Форналс во Мадрид, Виљареал ја победи Барса

Се одигра претпоследното, 37-мо коло од шпанската Ла Лига и беше возбудливо да се следат настаните и промените во сите 10 натпревари што се одиграа во терминот од 19 часот.
Најголемото изненадување, секако, е поразот на Барселона. Новиот шампион загуби на домашен терен од Виљареал со 2:3.
Барса, освојувач на „тројната круна“ во Шпанија оваа сезона, во славеничка атмосфера влезе во натпреварот.
Виљареал, поведе со голот на Перез, а до крајот на полувремето Барселона направи пресврт со головите на Ламин Јамал и Фермин Лопез.
Сепак, во второто полувреме, „жолтата подморница“, одговори на идентичен начин, дојде до победата со головите на Санти Комесања во 51-та минута и Бјукенен во 80-та минута.
Реал ја победи Севилја во Андалузија со 2:0. Реал се мачеше и славеше дури откако Севилја остана со двајца помалку на теренот. Баде поцрвене веќе во 12-та, а потоа и Ромеро во 46-та. Инаку, Ромеро на теренот влезе по паузата меѓу двете полувремиња.
Реал триумфираше со голотвите на Килијан Мбапе во 75-та и Џуд Белингем во 87-та минута.
Третото место на табелата го потврди Атлетико Мадрид со убедлива победа над Бетис со 4:1.
Хулијан Алварез го отвори резултатото со фантастичен гол од слободен удар. Аргентинецот од 29 метри ја скина „пајажината“ од голот на Адан. До рајот на полувремето деби голот за Атлетико го постигна Робин Ле Норман.
Бетис намали во вториот дел, брилијантен гол со ножички постигна Пабло Форналс. До крајот Алварез со својот втор гол и Кореа со последниот гол во кариерата пред домашните навивачи ставија точка на натпреварот. Анхел Кореа ќе го напушти Атлетико.
Покрај Барселона, Реал, Атлетико и Виљареал, наредната сезона во Лигата на шампионите ќе игра и Атлетик Билбао. Баските славеа со 1:0 на гостувањето во Валенсија.
Во последното коло ќе има интересна борба за седмото и осмото место, кои моментално ги заземаат Селта и Рајо Ваљекано. Вечерва Рајо победи во Виго со 2.1.
Иако домашните поведоа во 10-тата минута со голот на Алонсо од пенал, Палазон во 17-тата и Де Фрутос во судиското продолжение направија пресврт до крајот на првото полувреме.
Деветтопласираната Осасуна, која вечерва го победи Еспањол со 2:0, се бори за место во Европа.
Токму Еспањол (39 бода) заедно со Леганес (37) бода ќе стравуваат за опстанок во последното коло, иако пречекуваат два отпишани клуба.
Каталонците ќе му бидат домаќини на претпоследниот Лас Палмас, додека Леганес ќе го пречека последнопласираниот Ваљадолид.