Спорт
Манчестер го запре Тотнехем
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/cefca391-0784-460d-8b28-95bac69e6d70.jpeg)
Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ попладнево го запре забревтаниот Тотнехем, победувајќи со 3:1
Во интерес и содржаен натпревар, Манчестер јунајтед до победата дојде во завршницата од мечот, откако гостите од Лондон во поголемиот дел беа рамноправни а на моменти и иницијатива.Домаќините поведоа со голот на Рајан Гигс во 58 минута, а Тотенхем изедначи со голот на Ледли Кинг во 79 минута. Манчестер јунајтед победи сo голот на Нани во 80 и со уште еден погодок на Гигс од казнен удар во 88 минута. Сега Манчестер јунајтед има два бода предност на првата позиција пред Челзи кој има меч помалку кој ќе го одигра во недела на домашен терен со Сток сити.Тотенхем го совлада Челзи минатото коло со 2:1, а претходното и Арсенал со истиот резултат со што изби на четвртата позиција која води во Лигата на шампионите. Сега Тотенхем има два бода предност пред Манчестер сити на петата кој има меч помалку и три бода пред Астон вила на шестата позиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Епски пресврт на ПСЖ против Сити, Феенорд го нокаутира Баерн
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/Untitled-1-4.jpg)
Епскиот пресврт на ПСЖ против Манчестер сити и победата на Феенорд над Баерн ги обележаа вечерашните натпревари од седмото коло во Лигата на шампионите.
„Паркот на принцовите“ во Париз не паменти пресврт каков што вечерва направија „светците“.ПСЖ за 30 минути постигна четири гола и од 0:2 дојде до 4:2.
Ако прво полувреме беше здодевно, второто беше спектакуларно.
Започна со голот на Грилиш во 50.минута, а кога три минути подоцна Халанд зголеми на 0:2, малкумина веруваа дека ПСЖ ќе моѓе да го избегне поразот.
Одговорот на „светците“ беше брутален. Три монути по голот на Халанд, Дембеле го намали резултатот, а во 60.минута Баркола изедначи на 2.2. Домашните се растрачаа, а гостите делуваа загубено на теренот.
Пресвртот го комплетираше Жоао Невеш во 78.минута, а точка на големата победа стави Гонзало Рамош во 96.минута.
Со овој триумф ПСЖ скокна на 22.место на табелата со 10 бода, колку што имаат и Бенфика, Спортинг и Штутгарт. Сити сега е надвор од плејоф зоната. Со осоум бода „граѓаните“ се 25. на табелата.
Во Ротердам Феенорд го нокаутираше Баерн со 3:0 Три контри и три гола, може да биде краткиот опис на она што се случуваше на теренот. Баерн цело време играше на противничката половина, но играчите на Феенорд знаеја како да го користат празниот постор.
Хименез ги постигна првите два гола, во 21. и во деветтата минута од судиското надополнување на времето од пенал. Апсолутен трагичар е Португалецот Гереиро, кој влезе на теренот кога се повреди Дејвис, а 60 секунди подоцна направи прекршок за пенал. Точка на големата победа на Феенорд стави Уеда во 89.минута.
Феенорд со 13 поени се наоѓа на 11. место, Баерн со бод помалку е 15. на табелата.
Резултати:
Лајпциг – Спортинг 1:0 (1:0)
/Шешко 19, Поулсен 78 – Џокереш 75/
Шахтјор – Брест 2:0 (2:0)
/Кевин 18, Судаков 37/
ПСЖ – Манчестер Сити 4:2 (0:0)
/Дембеле 56, Баркола 56, Невес 78, Рамос 90+3 – Гралиш 50, Халанд 53/
Милан – Џирона 1:0 (1:0)
/Леао 37/
Реал Мадрид – Салцбург 5:1 (2:0)
/Родриго 23, 34, Мбапе 48, Винисиус Жуниор 55, 77 – Бидструп 85/
Арсенал – Динамо 3:0 (1:0)
/Рајс 2, Хаверц 66, Одегард 90/
Селтик – Јанг Бојс 1:0 (0:0)
/Бенито 86 аг./
Спарта – Интер 0:1 (0:1)
/Мартинез 12/
Феенорд – Баерн 3:0 (2:0)
/Хименез 21, 45+9, Уеда 89/
Спорт
Норвешка со пресврт ја победи Шпанија, Исланд со триумф над Египет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/Untitled-1-3.jpg)
Ракометарите на Норвешка и Исланд забележаа победи во последните натпревари од првото коло во главната фаза на 29. Светско првенство.
Норвешка со голем пресврт ја победи Шпанија 25:24 и ги освои првите бодови во групата. Нападот седум на шест во последните 20 минути и ја донесе победата на Норвешка. Шпанија во 41.минута имаше предност од пет гола (13:18). Норвешка полека ја топеше предноста на ривалот, со серијата 5:0 го реши прашањето околу победникот.
Проблем за Норвешка е повредата на Сагосен, се повреди во последната минута од натпреварот. Грендал беше најефикасен во победничкиот тим со седум гола, шест постигна во вториот дел. Шпанија ја предводеше Гарсијандија со шест гола.
На табелата во оваа група води Португалија со пет бода, по четири имаат Бразил и Шведска, Шпанија остана на три, Норвешка имадва, а Чиле е без освоен бод.
Во Групата 4, Исланд го доби дуелот на непоразените репрезентации. Исланшаните славеа над Египет со 27:24.
Скандинавците ја одиграа својата игра, но ги неутрализираа бековите на Египет. Постојано водеа и го приведоа рутинскиот натпревар до крај. Блескаше Кристијансон со девет гола, еден помалку за Египет постигна Зеин.
Исланд сега има шест бода на првото место во Групата 4, додека Египет, Хрватска и Словенија имаат по четири.
Спорт
Турбо ракомет во Осло, по бод за Португалија и Шведска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/Untitled-1-2.jpg)
Шведска и Португалија ремизираа 37:37 во првото коло, во Групата 3, во втората фаза на 29. Светско првенство во ракомет.
Врвен натпевар одиграа селекциите кои целат на пласман во четвртфиналето. Во текот на сите 60 минути се водеше изедначена борба, ниту една репрезентација немаше предност поголема од два гола.
Бод на Португалија и донесе Соуса во финишот на мечот. Интересно тој гол беше единствен за Соуса на натпреварот. Шведска потоа не го искористи последниот напад.
Фраде односно Лагергрен со по седум гола ги предводеа своите репрезентации.
Групата 3 ја предводи Португалија со пет бода, Шведска и Бразил имаат по четири, Шпанија со натпревар помалку три, без бодови се Норвешка и Чиле.
Во вториот меч одигран во терминот од 18 часот, во рамките на Групата 4, Хрватска ги декласира Зеленортските острови со 44:24.