Спорт
Баерн ја обезбеди титулата во Германија

Фудбалерите на минхенски Баерн го обезбедија првото место во Бундес лигата на едно коло пред крајот на првенството откако го совладаа Бохум на домашен терен со 3:1, а конкурентот Шалке загуби на гости од Вердер
Оваа година Баерн успеа да надомести она што минатите години му недостигаше, се пласира во финалето на Лигата на шампионите за со победата над Бохум ја обезбедија титулата во Германија, па мирно ќе го чека финалето во Мадрид на 22 мај.Најголемиот конкурент на баварците, Шалке во Гелзеркирхен загуби од Вердер со 0:2. До ова коло Баерн и Шалке имаа изедначен број бодови, но покрај сегашната предност од три бода, баварците имаат и голема предност во гол-разиката.По 14 години берлинска Херта и официјално ја напушти најсилната германска лига откако на гости кај Баер Леверкузен одигра само нерешено 1:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нагелсман: Можеби треба да повикам играчи со послаб квалитет

Германската фудбалска репрезентација загуби со 2:0 од Словачка во Братислава во натпреварот од првото коло од квалификациите во Групата А за Светското првенство во 2026 година.
Домашниот тим поведе со голот на Давид Ханцко во 42-та минута, а потоа асистентото за првиот гол, Давид Стрелец во 55-та минута го постигна вториот гол.
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман не го криеше своето разочарување, ги критикуваше своите избраници.
„Бевеме без двајца-тројца повредени, но ова се најдобрите играчи што ги имаме во Германија. Можеби следниот пат треба да поканиме играчи со послаб квалитет кои ќе дадат се од себе на теренот“, луто го коментираше поразот младиот стручњак.
Foto/ EPA
Спорт
Меси не е сигурен дека ќе игра на Светското првенство

Лионел Меси даде изјава што изненади многумина по победата против Венецуела (3:0), во претпоследното коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство..
Дуелот со Венецуела беше последен за Меси во дресот на Аргентина пред домашната публика, а по натпреварот, ја загрижи домашната јавност.
Имено, Меси сè уште не е сигурен дали ќе настапи на претстојното Светско првенство.
„Со години ја имав наклонетоста на Барселона, а мојот сон беше да го имам тоа и овде, во мојата земја, со мојот народ. Ќе ги паметам добрите работи. Мислам дека нема да играм, поради моите години – најлогично е дека нема да бидам на Светското првенство. Ќе се водам според тоа како се чувствувам. Се обидувам да бидам искрен со себе. Не сум донел одлука, но ќе размислам внимателно“, рече Меси по натпреварот.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Уругвај, Колумбија и Парагвај се пласираа на СП 2026

Покрај Аргетнина, Бразил и Еквадор, пласман на Светското првенство во 2026 година во текот на ноќта, а во пресрет на последното коло во јужноамериканските квалификации изборија Уругвај, Колумбија и Парагвај.
Уругвај го победи Перу со 3:0 со головите на Агире во 14., односно Де Араскаета во 58. и Вињас во 80.минута.
Со ист резултат Колумбија забележа триумф во дуелот со Боливија. Џејмс Родригез во првото, односно Кордоба и Кинтеро 83 во второто полувреме ги постигнаа головите.
Парагвај и Еквадор одиграа меч без многу возбудувања без голови, но и двете репрезентации изборија место на Мундиалот.
Во последното коло Венецуела и Боливија ќе играат за седмата позиција и место во Интерконтинеталниот бараж.
Венецуела е во предност, има бод повеќе и дуел на дмашен терен со Колумбија, додека Боливија мора да го победи Бразил и да чека кикс на Венецуела.
Foto/ EPA