Спорт
Балак бара помладите да ја преземат одговорноста
Капитенот на германската фудбалска репрезентација кој ќе го пропушти заради повреда Светското првенство во Јужна Африка, смета дека неговото изостанување треба да го надоместат помадите играчи кои врз себе ќе треба да преземат голема одговорност
„За секоја екипа е тешко кога ќе остане без капитен кој е долго во репрезентацијата. Но тоа може да биде дополнителен мотив за тимот. Неки играчи сега би можеле побрзо да се развиваат, а очигледно е дека некои ќе мора да преземат повеќе одговорност. Имаме квалитетен тим, а о минатото докажавме дека бевме вистинските кога беше најпотребно“, изјавил 33-годишниот ветеран на „панцирите“ и играч на новиот англиски шампион Челзи.Михаил Балак потврдил дека и натаму по санирањето на повредата ќе игра за репрезентацијата на Германија.„Чувствувам дека уште можам да играм на високо ниво, како што беше минатите години во Челзи, а додека е така нема причина да се откажам од репрезентацијата“, додаде Балак. Балак беше повреден во саботата во финалето на Англискиот куп, кога неговиот тим Челзи со 1:0 го совлада Портсмут. Кевин-Принс Боатенг во првиот дел од мечот имаше еден несфатливо брутален старт врз својот колега од германската репрезентација Балак, кој поради тоа веднаш мораше да ја напушти играта.Германија на Светското првенство ќе настапува во група со Србија, Гана и Австралија.По Бразил со пет и Италија со четири светски титули, Германија е третата на вечната листа најуспешни фудбалски репрезентации на светот. Тие имаат освоено три титули а уште четири пати биле поразени во големите финалиња на мундијалите. Германија не настапила само на две Светски првенства, на првото во Уругвај во 1930 г. и во Бразил 1950. Германците исто така имаат три златни медали од Европските фудбалски првенства, а не играле само на едно во 1968 г. во Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство
Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото коло, во Б групата, Данска ја победи Македонија 36:24 (17:12).
Македонските репрезентативци, во Хернинг, дадода се од себе, но Данска го демонстрираше својот квалитет и покажа зошто е најдобриот тим во светот.
Македонија се држеше во првото полувреме, најмногу поради тактички добрата игра во нападот, одбраната не можеше да ги задржи ѕвездите на данската селекција.
Десет минути беше нерешено, а потоа Данците со молскавична серија 5:0 се одвоија на 8:3. Успеа Македонија да фати каков таков приклучок, намали на три гола и не реализира напад за минус два. На крајот првиот дел заврши 17:12.
Во вториот дел Данците го засилија темпото во одбраната, во првите 15 минути Македонија тешко доаѓаше до чисти позиции. Данците стекнаа двоцифрена предност и забележаа очекувана победа.
Најефикасни играчи во македонската репрезентација беа Серафимов со шест, односно Кузмановски и Митев со по четири гола. Најдобрите Данци, Питлик и Гидсел со девет осносно осум гола ја предводеа својата репрезентација.
Второто коло во Б групата на програмата е в недела, Македонија од 18 часот ќе игра против Португалија, а од 20.30 Данска ќе се соочи со Романија.
Foto/ EPA
Спорт
Тер Штеген пред трансфер во Џирона
Марк-Андре тер Штеген ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Германецот мора да брани доколку сака да биде во германската селекција на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Според шпанските медиуми, речиси сè е договорено, германскиот голман да се пресели во Џирона. Тер Штеген ги прифатил условите, а сè што останува е клубовите да ги дефинираат деталите за позајмицата.
Тер Штеген го загуби местото како прв голман со доаѓањето на Џоан Гарсија, а се мачеше и со повреди во претходниот период.
Бидејќи сè уште има што да покаже, логичниот следен чекор беше да ја напушти Барса, засега само привремено, а ќе видиме на лето кои ќе бидат следните чекори.
Foto/ depositphotos
Спорт
Скандал на ЕП во ватерполо – Покрената е истрага поради обложување
Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград.
Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.
Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од групната фаза со резултат 21:12. Малта беше поразена во Белград од Франција (22:13), Унгарија (21:6), а денес во битката за пласман од 13-то до 16-то место го победи Израел 16:15.
Foto/ EPA

