Спорт
Занети: Навивачите заслужија крај на 40-годишниот пост
Капитенот на миланскиот Интер смета дека поддржувачите на „нероаѕурите“ заслужуваат во сабота нивниот клуб да победи во финалето на Лигата на шампионите
Последен пат Интер има играно во финалето на најпрестижното европско клубско натпреварување во 1965 г. „Свесни сме дека ова финале е за нашите фанови. Луѓето ја чекаат оваа победа долги години. Ние сме должни да сториме се’ што е во нашата моќ да победиме. Без сомнение, нема да ни биде лесно, бидејќи против себе имаме многу силен противник. Но се надевам дека сепак ќе победиме “, изјавил Хавиер Занети на денешната прес-конференција.Натпреварот со Баерн за 37-годишниот Занети ќе биде 700-от официјален меч во дресот на Интер. „Нема никаква тајна за мојата долга кариера. Напорна работа, верба во себе, доверба во тренерите и желбата да се постигне нешто за успехот на Интер, тоа е она што во моментов најмногу ме преокупира. Тие сега го очекуваат ова посебно чувство. Впрочем и целата сезона мина со многу емоции, минавме многу до ова финале и се надевам дека по натпреварот нема да има причини да бидат разочарани“, дополнил Занети.Според капитенот на Интер, целата екипа е посветена на натпреварот против Баерн. „Со тренерот добро ја проучивме играта на Баерн, особено нивните најсилни адути. Дали ќе влијае отсуството на Рибери? Кај нас исто така нема да биде Тиаго Мота. И двајцата играчи значат многу за своите екипи“, додава Занети. Холандскиот репрезентативец од средниот ред, Весли Снајдер, кој минатата година дојде во редовите на „нероаѕурите“ од Реал Мадрид, признава дека не се надевал дека толку брзо ќе се врати во Мадрид „Во текот на сезоната, Интер одигра брилијантно, а јас сум задоволен што сум дека од овој клуб. Ова ќе биде многу интересно финале. Никој не знае однапред кој ќе биде победникот“, изјавил Снајдер. Аргентинскиот репрезентативец Естебан Камбијасо исто така смета дека шансите за победа се еднакви за двата клуба.„Ние ги победивме Челзи, ЦСКА и Барселона, и ни остана да го направиме последниот чекор. Шансите се 50 спрема 50 отсто, но ние како и Баерн, би сакале тие да станат стопроцентни. Квалитетот на екипите е изедначен, на самиот врв сме, освоивме две титули и ја посакуваме и третата“, изјавил Камбијасо на прес-конференцијата во пресрет на утрешното големо финале на „Сантјаго Бернабеау“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Жоржињо останува во Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Жоржињо го продолжи договорот со клубот.
Арсенал не прецизираше детали од договорот, се работи за краткорочен договор, а британските медиуми објавија дека договорот е продолжен за уште една сезона.
32-годишниот италијански играч за врска се пресели од Челзи во Арсенал минатиот јануари и стана важен играч во тимот на Микел Артета.
Оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, а единствениот гол го постигна против Ленс во Лигата на шампионите.
Спорт
Ливерпул ја одредил цената за Дарвин
Дарвин Нуњез неодамна ги шокираше навивачите на Ливерпул со тоа што на Инстаграм ги избриша сите свои фотографии во дресот на клубот. За многумина Ургваецот со овој потег го најавил своето заминување од „Енфилд“.
Шпанските медиуми тврдат дека Нуњез ќе го апушти клубот во летниот преоден рок. Овие извори не ја исклучуваат можноста тој да ја засили Барселона. Наводно и ЛИверпул веќе ја одредил цената за напаѓачот.
Нуњез пристигна во Ливерпул во сезоната 2022/23, за клупски рекорд од 85 милиони евра. Со бонусите трансферот може да дојде и до 100 милиони евра. Уругваецот потпиша договор до летото 2028 година.
Сумата за која Ливерпул би бил подготвен да се откаже од Нуњез е 85 милиони евра.
Барселона во моментов ги нема тие пари, но би можела да ги заработи со прдожбата на неколку играчи во преодениот рок.
Спорт
Феникс Санс го отпушти Франк Вогел
Феникс Санс го отпуштија тренерот Френк Вогел, 11 дена откако беа поразени во првото коло од плеј-офот од Минесота.
„По внимателен преглед на сезоната, заклучивме дека ни треба поинаков тренер за нашиот тим. Ја цениме напорната работа и посветеноста на Френк“, рече генералниот директор на Санс, Џејмс Џонс.
Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плејофот, бидејќи тие беа поразени од Минесота со 4:0.
Феникс забележа 49 победи во регуларниот дел од сезоната, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плејофот.
Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лејкерс, Орландо и Индијана.
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер, како што тврди ЕСПН е најсеризен кандидат за нов тренер на франшизата од Аризона.