Спорт
Паника во Аргентина, Меси се повреди

Во редовите на аргентинската репрезентација владее вистинска паника, откако во петок Меси го напуштил тренингот жалејќи се на болки во коленото
Сепак првите прогнози по првите лекарски прегледи навестуваат дека не станува збор за потешка повреда.Најдобриот фудбалер според УЕФА, Лионел Меси, на вчерашниот тренинг имал жесток судар со Хавиер Аскерано. Несакајќи да ризикува ништо, Меси веднаш поткривнувајќи го напуштил тренингот. Лекарите на аргентинската репрезентација веднаш излегоа со оптимистички информации кои го смирија и тренерот Диего Марадона.„Меси се чувствува добро. Доби незгоден удар во коленото, но не е скршено ништо. Стравот е претеран, но сите се вознемиривме“, изјави во сабота Марадона.На аргентиснката репрезентација викендов треба да и се приклучи Хуан Себастијан Верон од Естудиантес и Серџо Агуеро од Ателтико Мадрид, а пота и тројцата кој во сабота навечер го играат финалето во Лигата на шампионите, Валтер Самуел и Диего Миито од Интер и Мартин Демикелис од Баерн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мбапе гласа за Дембеле: Јас лично би му ја врачи Златната топка

Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златаната топка, ќе биде доделена на 22 септември, во Париз.
За истата има неколку кандидати, а меѓу нив најмногу се издвојуваат Усман Дембеле и Ламин Јамал.
Дембеле имаше одлична сезона со ПСЖ каде што ги освоија сите домашни трофеи, како и престижниот трофеј од Лигата на шампионите. Покрај овие двајца, се споменуваат и имиња како Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе.
„Усман ја заслужува (Златната топка), го поддржував од самиот почеток. Ако ме прашаше, јас лично би му ја однел дома“, изјави тој Мбапе за „Телефут“.
Спорт
ФИБА ги објави термините за четвртфиналните пресметки

ФИБА ги објави четвртфиналните натпревари на Евробаскетот, натпреварите ќе се играат во вторник и среда.
За разлика од натпреварите од осминафиналето, кои се играа во 11:15, 14:15, 17:30 и 20:45 часот, четвртфиналните мечеви ќе се играат во различни термини.
Ќе се игра од 16:00 до 20:00 часот, по македонско време.
Во вторник, Турците, предводени од Алперен Шенгун, и Полјаците, кои ја елиминираа селекцијата на БиХ, ќе бидат првите што ќе излезат на теренот.
А во ударниот термин од првиот ден, ќе играат Литванците, кои го елиминираа домаќинот Латвија, и Грците, кои славеа над Израел на крилата на Јанис Адетокумбо.
Во среда, првиот дуел е судир меѓу неочекуваните четвртфиналисти, Финците и Грузијците, двете најголеми изненадувања на турнирот кои ги елиминираа фаворизираните Србија и Франција.
Последниот натпревар од четвртфиналето ќе го играат светските шампиони, Германците и Словенците, кои сите надежи ги полагаат на неверојатниот Лука Дончиќ.
Foto/ EPA
Спорт
Алкараз ја започна 37-та недела на врвот, Ѓоковиќ „скокна“ три места

Карлос Алкараз го освои Ју-ес опен и по една година се врати на челната позиција на АТП листата. На најновата листа има неколку промени во Топ 10, Новак Ѓоковиќ скокна три позиции и сега е на четвртото место.
Алкараз ја започна 37-та недела од својата кариера како водечки играч во светот, а до тој статус стигна преку едно од најсложените ждрепки на турнирот.
Неговиот пат до пехарот беше речиси беспрекорен – тој загуби само три брејка во текот на целиот турнир, подвиг што само Пит Сампрас успеа да го достигне во модерната ера.
Со овој триумф, Алкарас дојде до 11.540 поени, со што јасно ја потврди својата лидерска позиција.
На второто место е Италијанецот Јаник Синер со 10.780 поени, додека Александар Зверев остана на третото место со 5.930.
Новак Ѓоковиќ направи значаен скок и сега е четврти со 4.830 поени – тој се искачи за три места во споредба со претходниот пласман.
Тејлор Фриц (4.675), Бен Шелтон (4.280), Џек Дрејпер (3.690), Алекс де Мајнор (3.545), Лоренцо Мусети (3.505) и Карен Хачанов (3.280) ја комплетираат десетката најдобри тенисери во светот.
Foto/ EPA