Спорт
Мојата работа со Интер е завршена, сега сакам со Реал
„Мојата работа овде е завршена. Лигата на шампионите сакам да ја освојам со три различни клуба“, изјави по натпреварот во Мадрид Мурињо
Мурињо на Интер му ја донесе европската шампионска титула по цели 45 години, а без какво и да е двоумење признава дека сака истото да го направи и со мадридски Реал кој иако е најтрофеен клуб во најпрестижното фудбалско натпреварување со девет титули подолги години не може да е избори за финалето.Мурињо само го потврди она што речиси беше сигурно, дека за големи пари ќе го напушти Интер и ќе го преземе Реал/„Не останува предолго во клубовите бидејќи сакам нови предизвици“, ги објаснува Мурињо своите мотиви за напуштањето на миланскиот клуб, што може да се сфати и поинаку. Мурињо има сега алиби за ваквиот изговор, бидејќи со синоќешната победа над Баерн со 2:0, токму на игралиштето на мадридски Реал, се израмни со колегите Ернст Хапел кој има освоено две титули во Лигата на шампионите со два клуба со Феенорд во 1970 и со Хамбрургер ХСВ во 1983 г и со Отмар Хицфелд со Борусија Дортмунд во 1997 г. и со Баерн во 2001 г. Мурињо со Порто беше победник во 2004 г. и сега во 2010 г. со Интер, но пет години тоа не му поаѓаше од рака со скапиот Челзи..„Чувствувам голема тага при моето евентуално заминување. Направи што можев, мојата работа е завршена, Се запишав во клупската историја, а ниту Интер нема да биде клуб како што беше претходно. Не сакам многу да зборува, бидејќи сигурно ќе се расплакам и ќе ја сменам одлуката. Како што сега стојат работите, поблиску сум до заминување, отколку од останување. Мурињо пред новинарите му се заблагодарил на претседателот на Интер, Масимо Морати, велејќи дека и за двајцата бил тоа голем ризик зашто и неговиот претходник Роберто Манчини го освои скудетото, а него кого по сопствено признание го мразат новинарите ќе го „закопале“.„Освоив со Интер се’ што можев и доколку мојата одлука биде онаква каква што мислам дека ќе биде а не е се’ уште сигурно сто отсто, морам дека ќе морам да најдам нова мотивација. Во тесниот круг сум од тренери кои ја освојувале титулата во Лигата на шампионите со два различни клуба, а сакам да станам првиот кој тоа ќе го стори со три клуба“, изјави Мурињо оправдувајќи ги причините за неговата одлука најверојатно да го преземе тимот на во Реал.„Сакам да ризикувам. Ако дојдам во Шпанија, ќе играм против супер тим каков тоа е Барселона, а ќе ми биде голем предизвик и да ја освојам Лигата на шампионите со Реал“, изјави по натпреварот Мурињо
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Двократен светски шампион загина во страшна несреќа
Трагична вест од Франција го потресе светото на екстремните спортови. Пјер Волник (37), еден од најдобрите „wingsuit“ спортисти на денешницата, почина за време на скок од Мон Блан, највисокиот врв на Алпите.
Според достапните информации, падобранот на Волник не се отворил за време на летот, поради што тој удрил на земјата со голема брзина во областа Бозон. Итните служби брзо пристигнале на местото на несреќата, но само можеле да ка констатираат смртта.
Волник беше двократен светски шампион во „wingsuit“, ги освои титулите во 2022 и 2024 година, а оваа сезона се сметаше за главен фаворит за новата светска круна. Тој се смета за еден од најталентираните и најискусните натпреварувачи во овој исклучително опасен спорт.
Pierre Wolnik (37) – 🇫🇷 skoczek spadochronowy, dwukrotny mistrz świata w locie swobodnym. Mężczyzna zginął w masywie Mont Blanc, kiedy to po skoku z helikoptera w kombinezonie wingsuit nie otworzył się jego spadochron. pic.twitter.com/UjR389URNO
— Kto umarł? (@KtoUmarl) February 10, 2026
Од него се прости и претседателот на Француската федерација за падобранство, Ив-Мари Гијо, кој го опиша како врвен спортист, исклучителен професионалец и личност „која секогаш зрачеше со позитивна енергија“.
Истрагата за причините за несреќата е во тек, а смртта на Пјер Волник остави длабок белег во заедницата на екстремни спортови ширум светот.
Спорт
Нестварен натпревар на Вембањама против ЛА Лејкерс
Виктор Вембањама одигра неверојатна прва четвртина против Лос Анџелес Лејкерс, а до полувремето веќе имаше 37 поени, а остатокот од натпреварот го помина претежно на клупата гледајќи ја убедливата победа на својот тим.
Сан Антонио Спарс ги победија Лејкерси, кои се растурени од повредите, со 136:108 во натпревар во кој водеа од првата до последната минута.
Во овој натпревар, Лејкерси беа без Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Остин Ривс, Деандре Ајтон и Маркус Смарт.
Логично е дека Вембањама доминираше во првата четвртина, во која постигна 25 поени за осум минути, односно три поени повеќе од комплетната стартна петорка на Лејкерс.
На полувремето имаше 37 поени и осум скока, а потоа доби шанса за подолг одмор. Тој одигра само 26 минути, а тоа му беше доволно за да постигне 40 поени и 12 скока.
Ооа беше шестиот натпревар на Французинот, кој постигна 40 или повеќе поени за Спарс. Во својата трета сезона, тој веќе ја престигна клупската легенда и еден од најдобрите крилни центри во НБА на сите времиња, Тим Данкан. Данкан помина 19 години со Спарс и освои пет титули со нив. Тој постигна 40 или повеќе поени пет пати во својата кариера, а одигра 1.236 натпревари повеќе од 22-годишниот Французин.
Лук Кенард и Дру Тим постигнаа по 14 поени за Лејкерс, а синот на Леброн Џејмс, Брони, добро ги искористи минутите. Тој постигна 12 поени и беше најдобриот асистент на Лејкерс со шест додавања за соиграчите.
Спорт
Де Зерби повеќе не е тренер на Марсеј
Италијанскиот стручњак, Роберто Де Зерби, одлучи да поднесе неотповиклива оставка над клупата на поранешниот европски шампион, Олимпик Марсеј.
Де Зерби седна со челниците на Марсеј и ги информираше за својата одлука, а според медиумите во Франција, немало никакви конфликти во тимот.
Италијанецот одлучи да го размрда тимот на овој начин по убедливиот пораз од Пари Сен Жермен. Марсеј, 5:0 во француското првенство.
Тимот од познатото француско пристаниште не успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите оваа година, а моментално се наоѓа на четвртото место во француското првенство, со 12 бода помалку од лидерот ПСЖ.
Де Зерби беше на клупата на Марсеј од 1 јули 2024 година.
Foto/ depositphotos

