Спорт
Јунајтед влегува во битка за Силва
Менаџерот на Манчестер јунајтед Фергусон е подготвен да даде голема понуда за играчот од средина на Валенсија за кој е заитнересиран и мадридски Реал, пишува Sport.co.uk
Халфот на Валенсија, Давид Силва за кого неговито досегашен клуб бара најмалку 30 милиони евра, најави дека е подготвен да ја смени клупската средина. Претставниците на Реал Мадрид веќе влегоа во преговори со раководстовото на Валенсија и според шпанскиот печат неговиот трансфер во редовите на „кралевите“ е веќе готова работа. Спроед шпанскиот спортски весник Marca, договорот меѓу Реал, Силва и Валенсија ќе биде објавен во текот на седмицата. Меѓутоа, како што пренсува во вторник британскиот портал, сер Алекс Фергусон не се откажува од идејата 24-годишниот Силва да го доведе на „Олд Трафорд“, кого го имаше како желба уште минатата година. Сепак, се цитира неговата изјава дека тој не е подготвен за Силва да плати баснословна сума, но дека ќе стори се за да го доведе шпанскиот репрезентативец во редовите на Манчестер јунајтед. Букмејкерите на Skybet веќе направија коефициенти за тоа каде ќе замине Давид Силва. Така, за негов премин во Реал, коефициентот е 1,44, за Манчестер јунајтед – 3,5, за Чезли и Манчестер сити 11 а за Барселона – 17.Силва за Валенсија настапува од 2004 г., а сезонава во 30 меча постигна само осум погодоци, најмногу заради тоа што го мачеше серијата повреди. Со репрезентацијата на Шпанија стана европски шампион во 2008 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нигерија „бронзена“ на Африканскиот куп
Нигерија го освои третото место на Купот на Африканските нации. Во „малото финале“, Нигерија победи по изведувањето пенали со 4:2, откако по 90 минути игра немаше голови. Според правилата, во натпреварот за третото место не се играат продолженија, туку веднаш се изведуваат пенали.
Во првата серија, нигерискиот голман Стенли Нвабали се прослави. Нвабали е 29-годишниот голман кој игра за јужноафриканскиот Чипа Јунајтед.
Тој го одбрани ударот на Мохамед Салах, а потоа блесна и во втората серија, кога беше поуспешен и од Омар Мармуш.
Адемола Лукман го погоди решавачкиот пенал.
Утре домаќините Мароко и Сенегал ќе се борат за титулата.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Винисиус и Белингем го почувствуваа гневот на навивачите
Навивачите на Реал го кажаа своето – ги исвиркаа играчите на „Кралевски клуб“.
Играчите на Алваро Арбелоа беа пречекани со жестоки свиреши, во моментот кога излегоа на загревање пред мечот со Леванте.
Во моментот кога Винисиус првпат ја прими топката, следеа оркестрирани свирежи, а навивачите реагираа на ист начин кога топката беше кај Белингем.
И не застанаа тука. Тие сакаа да им дадат до знаење на двете ѕвезди што мислат за нив.
Секој пат кога Англичанецот и Бразилецот ќе ја земеа топката, навивачите ги честеа со навреди и свирежи.
Не беше поштеден ниту Федерико Валверде, кој неодамна побара од Арбелоа да го премести на друга позиција во тимот, што дополнително ја наруши атмосферата во соблекувалната.
🚨🇧🇷| Vinicius Jr getting booed by Real Madrid fans every time he touches the ball!
— AllThingsBrazil™ (@SelecaoTalk) January 17, 2026
За сите што внимателно ги следеа настаните во Реал во претходните недели, ова беше очекуваната реакција на навивачите кои ги етикетираа овие двајца играчи како главни саботери на поранешниот тренер Чаби Алонсо.
Оттука и гневот, бидејќи публиката на Реал не простува такво однесување на членовите на првиот тим на славниот клуб, кое, како што тие го гледаат, се граничи со предавство на сите вредности на клубот.
„Винисиус го победи Алонсо, но не и на Бернабеу“, гласи еден од насловите во мадридските медиуми во кои се опишани настаните од натпреварот.
Real Madrid fans at Santiago Bernabeu at half-time.
Madness. 🤯
— TC (@totalcristiano) January 17, 2026
Патем, ова беше првиот натпревар на Мадрид по срамната елиминација од Купот од второлигашот Албасете, а прв пред своите навивачи по поразот од Барселона во финалето на Суперкупот и замената на Алонсо.
Пред тоа, за време на натпреварот, и пред играчите да одат во соблекувалната кога резултатот беше 0:0, навивачите постојано им свиркаа на играчите, не штедејќи ниту едно име.
Спорт
(Видео) Ливерпул повторно разочара на „Енфилд“, Челзи ја прекина лошата низа
Фудбалерите на Ливерпул не успеаја да го победата „фенерџијата“ Барнли. На „Енфилд“ натпреварот заврши 1.1.
„Црвените“ четврти пат по ред одиграа нерешено во првенството. Интересно, прв пат во историјата, Ливерпул не успеа да победи на домашен терен ниту еден од тимовите што изборија пласман во Премиер лигата.
Избраниците на Арне Слот имаа сè во свои раце, и покрај промашениот пенал на Доминик Собослај во 32-та минута. Само 10 минути подоцна, Флоријан Вирц го искористи додавањето на Кертис Џонс.
Барнли заигра подобро во продолжението и во 65-та минута Маркус Едвардсј ја погоди малата мрежа на Алисон Бекер.
Домашните нападнаа во финишот, Коди Гакпо, Уго Екитике имаа шанси, но Мартин Дубравка беше на висина на задачата.
Ливерпул е четврти на табелата со 36 бода, додека Барнли е 19-ти со 14 бода и чека на победа речиси три месеци.
Во истиот термин Челзи беше подобар од Брентфорд на домашен терен – 2:0.
Ова беше првиот натпревар на Лиам Розениор како менаџер на „сините“ во Премиер лигата. Пред тоа, го победија Чарлтон во ФА Купот, додека загубија од Арсенал во Лига Купот.
Брентфорд играа добро на „Стемфорд Бриџ“, имаа свои шанси, кои не ги искористија, за разлика од домаќините.
Во 26-та минута, Жоао Педро ја искористи слабата реакција на одбраната на гостите, а Кол Палмер го постигна конечниот резултат од пенал во 76-та минута.
Челзи славеше во првенството по пет натпревари без победа и го прескокна Брентфорд. Има 34 бода, еден повеќе од денешниот ривал.
Резултати:
Лидс – Фулам 1:0 (0:0)
(Нмеча 90+1)
Сандерленд – Кристал Палас 2:1 (1:1)
(Ле Фе 33, Броби 71 – Пино 30)
Тотенхем – Вест Хем 1:2 (0:1)
(Ромеро 63 – Самервил 15, Вилсон 90+3)

