Спорт
Холандија го објави конечниот список за СП 2010
Холандскиот селектор Берт ван Марвијк во четврток го објави списокот со 23 имиња на кои ќе смета за натпреварите на мундијалот во Јужна Африка
Од поширокиот список отпаднаа Вурнон Анита од Ајакс, Рон Влаар од Фаенорд, Орландо Енгелар од ПСВ Ајндховен, Џермејн Ленс и Давид Мендез де Силва од АЗ Алкмар, Отман Бакал, Воут Брама од Твенте. Претходно на поширокиот список од 30 фудбалери кои на СП во Јужна Африка ќе ги бранат боите на Холандија, беше најголемото изненадување изоставувањето на Руд ван Нистерлој од германскиот буднеслигаш ХСВ.Холанѓаните настапуваат во групата Е со Данска, Јапонија и Камерун. Тие во средата навечер во подготвителен натрпевар го совладаа Мексико со 2:1.Во Јужна Африка за „лалињата“ ќе настапат голманите: Маартен Стекеленбург од Ајакс, Сандер Бошкер од Твенте и Михел Ворм од Утрехт;Во одбраната се: Калид Буларуж од германски Штудгард, Едсон Браанфеид од шкотски Селтик, Џовани ван Бронхорст од Фаенорд, Џон Хејтинга од англиски Евертон, Јорис Матијансен од германски Хамбург, Андре Оијер од ПСВ Ајндховен и Грегори ван дер Виел од Ајакс.Во средниот ред ќе конкурираат Ибрахим Афелаи од ПСВ Ајндховен, Марк ван Бомел од минхенски Баерн, Најџел де Јонг од англиски Манчестер сити, Стијн Шаарс од АЗ Алкмар, Весли Снајдер од милански Интер, Рафаел ван дер Варт од Реал Мадрид и Деми де Зеув од Ајакс.Напаѓачите на Холандија кои секогаш имале забележетилени успеси на светските и европските првенства ван Марвијк ги избра во Рајан Бабел и Дирк Кајт од англискиот премиерлигаш Ливерпул, Елхеро Елиа од ХСВ Хамбург, Клаас Јан Хунтелар од италијански Милан, Робин ван Перси од лондонски Арсенал и Арјен Робен од Баерн Минхен.Холандија досега има двапати играно во финале од светско првенство и двапати беше поразена од домашните екипи, прво во Германија 1974 г. во Минхен со 2:1 и на следното 1978 г. во Буенос Аирес од Аргентина со 3:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

