Спорт
СП Италија 1934
Второто Светско првенство во фудбал се одржало во Италија од 27 мај до 10 јуни, на кое повторно победува домаќинот. Италија станува светски првак по победата над Чехословачка со 2:1, трета е Германија
Квалификации за второто Светско првенство играле 32 репрезентации од целиот свет, а шеснаесет учествувале на завршниот турнир.
Бранителот на титулата од Свтското првенство 1930, Уругвај одбила да учествува на вториот турнир во знак на протест затоа што повеќето европски репрезентации одбиле да патуваат за Уругвај на првото Светсо првенство. Никогаш потоа не се слчило бранителот на титулата да одбие да учествува на следниот мундијал.
Уште еден занимлив податок за Светското Италија 1934 е што домаќинот, Италија, играла квалификации, па ФИФА веднаш по ова првенство, а пред следното во Франција, одлучува домаќинот автоматски да се квалификува.
Само десет од 32 репрезентации кои играле квалификации не биле од Европа за турнирот во Италија, а во шеснаесетте квалификувани само четири не биле од Европа (Бразил Аргентина, САД и Египет).
Првенството се оджало на осуим стадиони низ Италија, во Болоња. Фиренца, Џенова, Милано, Рим, Трст и Торино.
Турнирот се играл по системот на купови. Во случај на нерешен резултат се играат продолжетоци, а ако и после нив резултатот е изедначен, натпреварот се преигрува. Така биле преиграни четвртфиналните натпревари меѓу Италија и Шпанија и Чехословачка и Швајцарија.
Финалето меѓу Италија и Чехословачка се одиграло на стадионот на Националната фашистичка партија. Во регуларното време резулататот бил изедначен 1:1, а по продолжетоците Италија дава уште еден гол за победа.
Италијанскиот водач, Бенито Мусолини го искористил мундијалот за промоција на национализмот и фашистичката партиија, а не чудио ни фактот што судиите суделе во корист на Италија. За такво судење, судијата Рене Мерсет добил и доживотна забрана за судење, поради фаворизиња на домаќинот во натпреварот против Шпанија.
За најдобар стрелец е прогласен Олдржих Неједли, која ја добива Златната копачка, а најдобар играч не е биран. Вкупно се постигнати 70 голови, а првенството на трибините го следеле 358.000 луѓе.
Репрезентацијата на Кралството Италија на домашен терен станува шампион, но квалитетот го покажува и со победите во 1936 година на Олимписките игри и со одбрана на титулата на следното Светско првенство во Франција 1938 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Семењо за минимален триумф на Сити во Лидс
Манчестер Сити ја продолжи потерата по лидерот Арсенал, откако го победи Лидс со 1:0 на гостински терен во 28-то коло од Премиер лигата. Сити ја забележа шестата последовна победа во Премиер лигата и шеста последовна во меѓусебните дуели.
Лидс беше поконкретен на почетокот и пропушти две одлични шанси преку Доминик Калверт-Луин и Бренден Аронсон, кој излезе сам пред Донарума но не успеа да го совлада.
Сити, до здив дојде по 30-та минута, а во последните 10 минути од првиот дел, „граѓаните“ извршија силен притисок врз противникот.
Инцијативата м донесе резултат буквално во последните секунди од првото полувреме. Антоан Семењо го искористи центаршутот на Рајан Аит-Нури и го постигна единствениот гол на натпреварот.
Во вториот дел, домаќинот повторно се закани, но реализацијата изостана, додека Сити можеше да го реши натпреварот преку Омар Мармуш и Марк Гуехи, но Карл Дарлоу го спаси својот тим од поубедлив пораз.
Победата го приближи Сити на два бода од Арсенал во трката за титулата во Премиер лигата, додека Лидс останува шест бода над зоната за испаѓање и бара континуитет за да обезбеди опстанок.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Кимих и Кејн ја срушија Борусија среде Дортмунд
Фудбалерите на Баерн Минхен ја победија Борусија во Дортмунд со 3:2 во „Дер Класикер“, кој се играше во рамките на 24-то коло од Бундеслигата. Баерн на врвот на табелата сега има 11 поени повеќе од „милионерите“.
Натпреварот започна добро за Борусија. Нико Шлотербак донесе водство по одличниот слободен удар на Даниел Свенсон во 26-та минута. Максимилијан Баер и Јан Куто исто така имаа шанси, во првиот дел. Баерн во првото полувреме, речиси да не направи ништо пред голот на Кобел.
Баварците израмнија преку Хари Кејн, кој ладнокрвно ја смести топката во мрежата по додавањето на Гнабри. Дортмунд потоа имаше шанса повторно да поведе, но пенал по фаулот на Шлотербак врз Станишиќ му овозможи на Кејн да го постигне својот 30-ти гол во сезоната и да го сруши својот личен рекорд од минатата сезона.
Домаќините веднаш одговорија со одличен волеј од Свенсон, но Кимих го имаше последниот збор, неговиот прецизен удар со левата нога му донесе победа на Баерн и ја прекина серијата од 16 натпревари без пораз на Дортмунд во Бундеслигата.
Со овој натпревар, продолжи неславната серија на тренерот Нико Ковач. Тој загуби девет и одигра два пати нерешено во пресметките со Баварците.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Јамал постигна три гола, Барселона го победи Виљареал
Ламин Jамал го постигна првиот хет-трик во кариерата. крилниот напаѓач ја предводеше Барселона до убедливата победа над Виљареал (4:1), во 26-то коло.
Младиот ас на Барселона денес влезе во историјата на Барселона, на 18 години, седум месеци и 15 дена постигна хет-трик. Меси со кого го споредуваат Јамал, имаше полни 19 години кога прв пат во кариерата постигна три гола на еден натпревад.
Јамал го отвори резултатот во 28-та минута,а девет минути подцна постигна убав гол со кој го зголеми водството на својот тим.
На стартото на вториот дел, Виљареал преку Пап Геј се врати во мечот, а дека ќе доживее пораз беше јасно кога во 73-та минута Ајосе Перез промаши празен гол. Хет-трикот го комплетираше во 69-та минута.
Во 91-та минута Левандовски го постави конечниот резултат.
Foto/ depositphotos

