Спорт
СП Шведска 1958

Бразил е шампионот на шестото Светско првенство што се одржа од 8 до 29 јуни во Шведска. Со висок резултат од 5:2 против Шведска, Бразил го заработи трофејот
Ова првенство ќе остане запамтено по Пеле кој настапи со 17 години, а неговата репрезентација го освои трофејот, како и по Жист Фонтен, кој постигна 13 гола, рекорд што падна дури во 1974 година во Германија. Прв пат СССР се квалификува на едно Светско првенство во фудбал, а исто така прв пат се случи сите четири земји на Обединетото кралство да се пласираат во завршницата: Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. По плејофот во Европа, Велс, аико заврши како втор во групата по Чехословачка, со жреб е извлечен да игра против Израел, кој не одиграл ни еден натпревар до тогаш. Турција, Индонезија и Судан се повлекле од натпреварите. По ова ФИФА воведе правило според кое тим што не играл ни еден натпревар во квалификациите да не може да игра на првенството. Форматот за победник продолжил од претходното првенство. Секоја екипа играла со секоја од групата, а ако натпреварот завршел и нерешено, се собирале поените. Во случај во плејофот да биде нерешен резултатот се одело на гол разлика за тимовите кои го делеле првото или второто место. Натпреварите почнале, а елиминационите правила не биле прецизирани, па организаторот морал да издава билтен на сред мундијал со објаснување на правилата. Во полуфиналниот меч, Германците ги бие баксуз. Им исклучиле играч (Ерих Јусковиак), а Фриц Валтер бил повреден, па останале со девет играчи на терен. Тогаш уште замена не била дозволена. Замни се дозволени дури во 1970 година, на Светското првенство во Мексико. Така Швајцарија влегува во финале. Со головите на Ваве, Диди и трите на Пеле, Бразил ја нокаутира Франција (5:2). Финалето се одиграло во градот Солна, пред 50.000 гледачи. Швеѓаните повеле во четвртата минута, но Бразилците на полувреме заминуваат од теренот со водство од 2:1. Крајниот резултат од 5:2 му го донесе трофејот на Бразил, прв во низа. Златната копачка му е доделена на Жист Фонтен од Франција, кој постигнал 13 голови, а за најдобар играч е прогласен Пеле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трагичната судбина на Диого Жота: Докторот му рекол да не патува со авион

„Диого Жота патувал со автомобил со својот брат бидејќи му било советувано да не користи авион по операцијата на белите дробови што ја имал“, објавија медиумите во Португалија и Англија.
„Диого и неговиот брат Андре планирале да отпловат за Англија, па поради тоа се упатиле кон Стандандер, а потоа, откако преноќиле, се упатиле кон Бенавенте, каде што требало да се качат на траект за Англија“, објави CNN.
Жота претрпел тешка повреда на ребрата во текот на сезоната и ја искористил паузата помеѓу двете првенства не само за одмор и венчавка, туку и за рутинска операција на белодробно крило кое било малку оштетено од ударот.
Затоа, според португалските медиуми, му било советувано да не користи воздушен транспорт поради разликата во притисокот и можните компликации.
Диого и Андре поради тоа тргнале на пат со автомобил, а набргу потоа се случила трагична несреќа во која двајцата ги загубиле животите.
Гума експлодирала на нивниот автомобил додека престигнувале на патот, ја изгубиле контролата врз возилото кое се превртело и се запалило.
Спортскиот свет се уште е во шок по трагичната вест од Шпанија.
Фото/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Иванишевиќ шокиран од состојбата на Циципас: „Не сум видел понеподготвен играч“

Патувањето на страдањето на Циципас продолжи со неговата елиминација во првото коло на Вимблдон.
Во интервју за „Спортклуб“ во Лондон, Иванишевиќ проговори за соработката со Гркот, за доблестите и недостатоците во играта на неговиот ученик, кој, како што вели, итно треба да реши одредени проблеми што ги има надвор од теренот.
„Едноставно е и не е едноставно. Разговарав со него многу пати. Ако успее да реши некои работи надвор од тенисот, ќе има шанса и ќе се врати таму каде што му е местото, бидејќи е премногу добар играч за да биде надвор од првите десет. Ако не успее тоа, нема шанси. Моја одговорност е да му поправам некои технички детали на теренот, тоа е најлесниот дел, но тој мора самиот да го реши второто. Ако успее, искрено сакам да успее, без разлика дали сум таму или не“, рече Иванишевиќ.
Во првото коло, Циципас загуби од Валентин Ројер, на кого му се предаде по два сета.
„Тој има желба, но не прави ништо. Сè е „ќе биде, ќе биде“, но не гледам никаков напредок. Ако сака да успее, мора да го реши проблемот со грбот. Бев шокиран, никогаш во животот не сум видел играч физички понеподготвен. Јас, со моето колено, сум барем три пати поподготвен од него. Не знам што правеше цела година, но ова е многу лошо“, додаде Горан.
Спорт
Шпански тинејџер е најскапиот играч во историјата на Комо

Шпанскиот крилен играч Хесус Родригез потпиша за Комо до 2030 година во трансфер вреден 22 милиони евра. Родригез стана најскапиот играч во историјата на клубот.
Рекордот што претходно го држеше Мартин Батурина брзо беше срушен. Пред една недела Батурина дојде во Комо од Динамо Загреб за 18 милиони евра.
Хесус Родригез ќе наполни 20 години во ноември, а минатата сезона постигна пет гола на 44 натпревари за Бетис.
Момчето родено во Севилја често се споредува со легендата на клубот, познатиот Хоакин, во однос на неговиот стил на игра.
Foto/ EPA