Спорт
Чилеанците и со повредениот Суазо на СП
Селекторот на чилеанската фудбалска репрезентација го објави списокот на 23-та играчи меѓу кои е и најдобриот стрелец во квалификациите Умберто Суазо
Селекторот Марсело Биелса има многу доверба во Умберто Суазо кој беше најдобриот стрелец во јужноамериканските квалификации со 10 постигнати голови. Тој има повреда на коленото и сигурно е дека ќе го пропушти барем првиот натпревар на светскот првенство со Хондурас на 16-ти, но според лекарскиот тим не е сигурен ниту неговиот настап и во второто коло против Швајцарија во групата Х на 21-ви јуни.Суазо се повреди при постигнувањето на првиот гол во победата на Чиле над Израел со 3:0 во неделата. Според првите прогнози овој квалитетен голгетер ќе мора да паузира меѓу две и три седмици. Се претпоставува дека Суазо ќе биде подготвен за последното коло од групата за мечот со Шпанија на 25-ти јуни кој може да биде и решавачки за натамошен пласман на мундијалот Голмани за Чиле ќе бдиат Калудио Браво од Реал Социедад, Мигуел Пинто од Универзидат де Чиле и Луис Марин од Унион Еспањол.Во одбраната ќе се Пабло Контрерас од ПАОК, Исмаел Фуентес и Валдо Понсе од Универзидад Католика, Маурисио Исла од Удинезе, Гонзало Хара од Вест бромвич албион, Гари Медел од Бока Јуниорс и Артуро Видал од Бајер. На средината се Родриго Тело од Бешикташ, Гонзало Фиеро од Фламенго, Карлос Кармона од Реџина, Марко Естрада од Универзидад де Чиле, Родриго Милар од Коло Коло, Матиас Фернандез од Спортинг Лисабон и Хорхе Валдивиа од Ал Аин.Напаѓачи на Чиле за СП ќе бидат Марк Гонзалес од ЦСКА Москва, Естебан Паредес од Коло Коло, Хуан Босежур од Америка, Фабиан Орелана од Ксерес, Алексис Санчес од Удинезе и Умберто Суазо од Реал Сарагоса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Атлетико против Еспањол ја прекина лошата низа во првенството
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Еспањол со 4:2 во натпреварот од 25-то коло на Ла Лига. „Јорганџиите“, вечерва ја прекинаа лошата низа од три натпревари без триумф и без постигнат гол во Примера. Исто така, Атлетико прв пат по 2022 година успеа да го победи Еспањол.
Гостите од Каталонија поведоа во пестата минута преку Жофре, но беа надиграни и поразени од фаворизираниот тим на Диего Симеоне. Атлетико по голот на Еспањол ја презеде иницијативата, силно притисна и изедначи преку Серлот во 21-та минута.
Пресвртот, Атлетико го комплетираше во 49-та минута со голот на Џулијано Симеоне. Девет минути подцна, Адемола Лукман, на асистенција на поранешниот соиграч од Аталанта, Руџери го постигна третиот гол.
Александар Серлот, им ја одзеде надежта на гостите дека можат да избегнат пораз со втроиот гол во 72-рата минута.
Норвежанецот можеше да постигне хет-трик, но во акција која „мирисаше“ на уште еден негов гол, ја погоди стативата.
До крајот на мечот, Еспањол, преку Еду Еспозито постигна уште еден гол.
Атлетико се трети на табелата, заедно со Виљареал има 48 поени, Еспањол остана на шестото место со 35 поени, но екипата од Барселона на последните пет натпрвари освои само еден бод.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) О’Рајли го врати Манчестер Сити во шампионската трка
Манчестер Сити го искористи киксот на Арсенал против Вулверхемптон и со победата над Њукасл (2:1) се доближи на два бода од лидерот.
Нико О’Рајли беше херој на победата за тимот на Пеп Гвардиола. Тој постигна два гола, во 16-та у 27-та минута и беше блиску до хет-трик во првото полувреме. Луис Хол во 22-та минута беше стрелец за Њукасл.
Сити освои три бода иако најдобриот стрелец Ерлинг Холанд не успеа да постигне гол.
По канонадата во Баку, Њукасл покажа заби на „Етихад“, но тоа не беше доволно ниту за бод. Во последните моменти од првото полувреме, голот на Брн беше поништен за 2:2 поради офсајд.
Foto/ EPA
Спорт
ПАО во „вечното дерби“ го освои Купот на Грција
Кошаркарите на Панатинаикос се освојувачи на Купот на Грција втора година по ред, откако го победија Олимпијакос со 79:68 во финалето на турнирот што се одржа во Хераклион.
Панатинаикос имаше двоцифрена предност во раната фаза од натпреварот поради проблемите што Олимпијакос ги имаше во нападот. Не можеа црвено-белите никако да најдат решение за подвижната одбрана на ПАО.
Единствениот расположен кошаркар на тимот од Пиреја беше крилниот центар Саша Везенков. Најкорисниот играч на Евролигата за сезоната 2022-23 постигна 12 од 17-те поени на својот тим во првата четвртина.
Во вториот дел ПАО одигра неверојатна одбрана, му дозволија на противникот само 12 поени, а постигнаа 28.
Олимпијакос се обиде во вториот дел но не успеа да се доближи. Дополнителен проблем за Олимпијакос е повредата на Везенков, во третиот период.
Тој го заврши натпреварот со 16 поени, а причина за повредата на грбот беше офанзивен фаул направен врз него од страна на бекот на ПАО, Кендрик Нан, во борба под кошот.
Новото засилување на ПАО, актуелниот МВП Најџел Хејс-Дејвис даде клучен придонес во победата на „Зелените“.
Најновото засилување на Панатинаикос го заврши натпреварот со 15 поени и 6 скока.

