Спорт
ФИФА откри измама на Северна Кореј
Меѓунородната фудбалска федерација во четврток објави дека открила намера на репрезентацијата на Северна Кореја во спиисокот со 23 фудбалери да стави само двајца голмани, спротивно на правилата секоја репрезентација да пријави по три голмана
ФИФА соопшти дека се уверила дека на списокот на репрезентацијата на Северна Кореја всушност има 21 фудбалер кои играат во поле, а на играчот кој е наведен номинално како трет голман нема да му биде дозволен на ниеден меч да настапи како играч освен ако не биде на голот. Севернокорејскиот селектор Ким Јонг-хун како трет голман го пријавил напаѓачот Ким Мјонг-вон надевајќи се дека ќе ги засили напаѓачките можности на својата репрезентација. Но контролата на ФИФА ја открила измамата, по што испрати допис до севернокорејскиот сојуз дека наведениот играч на мундијалот ќе може да настапува само како голман. Покрај тоа во соопштението се наведува дека Северна Кореја нема да има право на замена на играч, бидејќи во вторник истече рокот за пријавување на конечниот список со играчи кои ќе настапат на Светското првенство во Јужна Африка. „Списоците на репрезентациите се поднесени до ФИФА на 1-ви јуни и се конечни па не може повеќе да се менуваат. На нив не смее да има повеќе од 23 играчи од кои тројца мора да бидат голмани. Исклучок може да се направи само во случај на потешка повреда на играч кој тогаш може да биде заменет најдоцна 24 часа пред првиот меч на секоја репрезентација учесничка. Ким Мјонг-вон нема да смее да настапи како играч во поле бидејќи е пријавен како голман“, стои во соопштението кое доцна попладнево го лиферуваше ФИФА.Сличен е случајот со италијанската репрезентација а селекторот Марчело Липи најавува дека конечната одлука ќе ја донесе до крајот на седмицата. Во Јужна Америка со експдицијата ќе патува и Андреа Косу. Тој би требало да биде алтернатива во состваот за Мауро Каморанези кој се уште не е опоравен од повредата на коленото. Инаку Италија го игра првиот натпревар на 14-ти јуни против Парагвај во Кејптаун.Северна Кореја настапува во групата Г со Бразил, Брегот на Слоновата Коска и со Португалија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

