Спорт
СП Италија 1990
Светското првенство во фудбал во Италија 1990 година имаше повторено финале од претхофдното во Мексико. Се сретнаа Западна Германија и Аргентина, но овојпат европскиот тим го понесе трофејот со 1:0
За прв пат на ова натпреварување се пласираа Костарика, Република Ирска и Обединетите Арапски Емирати. Репрезентацијата на САД повторно учествуваше на мундијалот по четириесетгодишна пауза. Репрезентацијата на Мексико е дисквалификувана затоа што на претходното младинско натпреварување прати забележително постар и искусен играч. Чиле беше дисквалификувана, исто така, затоа што голманот Роберто Рохас глумеше повреда која наводно ја добил од фрлен запален факел во текот на мечот со Бразил. ФиналеФиналето меѓу Западна Германија и Аргентина е оценето како најциничното и најнеквалитетно финале на сите светски првенства. Во 65. минута се случи преседан, кога на Педро Монзон му беше доделен црвен картон и мораше да го напупшти теренот.Аргентина, ослабена за еден иргач не напаѓаше и играта протече со доминација на Западна Германија. Во завршните моменти Аргентина остана со девет играли откако Густаво Дезоти го доби вториот црвен картон по фаулот над Јирген Колер. Натпреварот заврши 1:0 во корист на Западна Германија, а Аргентина е првата репрезентација што во финалето не постигната гол. Мундијалот се одржа во дванаесет градови низ Италија: Бари, Болоња, Каљари, Фиренца, Џенова, милано, Неапол, Палермо, Торино, Рим, Удине и Верона. Во репрезентацијата на Југославија, учествува и македонскиот репрезентативец Дарко Панчев, кој успеа да постигне дури два гола на мундијалот.Маскота
Чао, цртана фигура на играч со глава – фудбалска топка и тело во 3 бои. Името е познат италијански поздрав.Занимливости- Во трката за избор на домаќин, главнни фаворити беа Италија и СССР. Италија доби повеќе гласови.- Од сите до тогаш одржани првенств, на ова беа постигнати најмалку голови по меч. Вкупно 115 или 2,21 гол по натпревар. Вкупното време на игра изнесуваше 4.920 минути, што значи еден гол на 42,7 минути или 2,1 гол на 90 минути. – Репрезентацијата на Република Ирска дојде до четвртфинале иако до тогаш даде само два гола. Ниеденнатпревар недобија во регуларното време од 90 минути. Играа или продолженија или на пенали. Во четвртфиналето изгубија од Италија. – Иако Англија изгуби во полуфиналето, а изгуби и на натпреварот за трето место, дома беше пречекана како херој, затоа што ова и беше најдобро првенство по 1966 година кога како домаќин заврши со победа. -Финалето е отворено со концерт на трите тенори – Пласидо Доминго, Лучано Павароти и Хозе Карерас. – Светското првенство Италија 90 се спомнува во германскиот филм Збогум Ленине!Прв пат-За прв пат двата полуфинални меча се одлучуваа на пенали: Италија – Аргентина 1:1; (3:4) и Западна Германија – Англија 1:1; (4:3)-Прв и единствен пат централноамериканска екипа Костарија, победи две европски, Шкотска и Шведска. -Прв пат на Светско првенство имаше официјална песна Un’estate italiana,компонирана од Џорџо Мородер.-Прв пат една екипа Западна Германија, три пати со ред играше во финале (1982 и 1986)Педро Монзон е првиот играч што во финалето добил црвен картон и мораше да го напушти теренот.
Последен пат-На ова првенство за последен пат на голманот му е дозволено да ја земи топката со раце кога соиграчите директно му ја упатуваа и да ја упати на друг. Од 1994 година тој може да ја прифати топката со раце, но да ја упати на друг со кој било дел од телото освен рака. -Последен пат екипите на Западна Германија, СФРЈ, ЦССР и Чехословачка настапуваа како единство. Набрзо потоа завршена е унификацијата на Западна и Источна Германија, како една држава. СФРЈ се распадна на шест самостојни држави (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија). Чехословачка во 1993 година се подели на Чешка и Словачка. СССР се подели на Русија и 14 помали држави.-Последен пат судиите носеа едноставни црни дресови. Во 1994 година им е дозволена до бираат боја на дресот. -Последен пат на ова првенство играчите носеа дресови само со броеви. Во 1994 година прв пат на дресовите имеше и презимиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Макаби ја преживеа тројката на Димитријевиќ
Макаби во трилер-меч по едно продолжение го победи Баерн со 111:106. Мечот во регуларниот дел заврши 99:99.
Натпреварот полн со пресврти, на крајот беше решен во последните девет секунди. Приводство на Макаби 98:95, Ненад Димитирјевиќ погоди тројка под фаул, го реализира и дополнителното слободно фрлање. На две секунди до крајот Брисет беше фаулран, но погоди само едно слободно фрлање.
Потоа во дополнителните пет минути, играчите на Макаби имаа повеќе сила и концетрација и ја забележаа третата победа по ред.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл, 15 поени и 10 асистенции. Блескаше кај Баерн, Андреас Обст со 33 поени (постигна осум тројки од 13 обиди). Кај Макаби се истакнаа Роман Соркин со 21 и Тамир Блат со 20 поени.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Арсенал кај Брентфорд остави два бода
Последниот натпревар од 26-то коло од Премиер лигата на стадионот „Брентфорд Комунити“, меѓу домашниот тим и лидерот Арсенал заврши со 1:1 (0:0).
Арсенал, во Брентфорд имаше расположен ривал, кој потврди дека е во врвна форма.
Првото полувреме помина во тактичко надмудрување од страна на двајца менаџери, Кит Ендрус (Брентфорд) и Микел Артета (Арсенал). Без многу возбудувања пред двата гола.
Брентфорд ја имаше единствената вистинска шанса. Матијас Јенсен центрираше, а, Игор Тиаго со глава упати удар со глава, но голманот на „Топџиите“, Давид Раја, реагираше брилијантно и спречи водство на „пчелите“.
Лидерот во Премиер лигата не упати ниту еден удар во голот на Брентфорд во првото полувреме, а успеа да ја материјализира првата вистинска шанса во 61-та минута:
Пјеро Инкапие совршено центрираше од левата страна, а Нони Мадуеке скокна уште подобро и го совлада Ирецот Келехер.
Тој гол не ги обесхрабри домашните фудбалери. Напротив, тие тргнаа уште порешително кон голот на Арсенал и создадоа неколку опасни ситуации преку Кин Луис Потер и Игор Тијаго. Изедначија десет минути подцна.
По еден удар од далечина, Ван ден Берг ја упати топката со глава, а Луис Потер на ист начин го доби дуелот со Мартин Едегор и ја смести топката зад грбот на Раја.
Домашните фудбалери имаа одлична можност за целосен пресврт во 87-та минута. Игор Тијаго првично го надигра Москера, но кога требаше да шутира, младиот Шпанец се искупи со фантастична интервенција и ја елиминираше опасноста.
Бразилецот имаше уште една шанса во 90+2 минута, а потоа неговиот сонародник Габриел Мартинели на спротивната страна од теренот не успеа да му донесе победа на Арсенал.
Беше сам пред Келехер, но не постигна гол.
„Топџиите“, се први на табелата со 57 бода, четири повеќе од Манчестер Сити. Брентфорд е на одлично седмо место со 40 бода.
Спорт
(Видео) Атлетико за полувреме ја прегази Барселона
Со историско прво полувреме, Атлетико Мадрид ја декласира Барселона со 4:0, во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот.
Сè започна со „мртвата шанса“ на Симеоне во третата минута, кога Џоан Гарсија излезе како победник. Три минути подцна Ерик Гарсија со автогол го најави потопот на Барселона. Антоан Гризман, по една течна акција го зголеми резултатот во 14-тата минута.
Хулијан Алварез, потоа ја презеде палката од Гризман, му асистираше на новодојдениот Адемола Лукман во 33-та минута.
Аргентинецот стави крај на совршениот период на Атлетико Мадрид во втората минута од судиското продолжение. Нигериецот овој пат му возврати со аситенција.
Алварез го прекина постот, ова беше негов прв гол од 9 декември минатата година.
Во првиот дел Атлетико имаше уште три големи шанси, но не успеаја да реализираат Гризман, Алварез и Лукман.
Единствените две шанси за Барселона ги промаши Фермин Лопез, во првото полувреме. Погоди пречка на 3:0, а имаше и „еден на еден“ ситуација со Мусо при истиот резултат.
В вториот дел, Атлетико трпеливо ги чекаше шансите, а Барселона залудно се обидуваше да создаде шанса за гол. Каталонците постигнаа гол во 53-та минута, кој по седум минути ВАР го поништи.
Барселона мечот го заврши со играч помалку, во 84-та минута Ерик Гарсија доби црвен карто. Дефанзивецот како последен човек во одбраната го фаулираше Баена.
Foto/ EPA

