Спорт
И Дрогба отпаѓа од мундијалот?!
Француската телевизија Canal+ пренесе во петок попладне дека најдобриот играч на Брегот на слоновата коска и напаѓач на лондонски Челзи отпаѓа од конкуренцијата по скршеницата на лактот на десната рака на натпреварот против Јапонија
Како што пренесовме Дидие Дрогба беше повреден од невнимателен старт на јапонскиот бек Маркус Тулио Танака на средината од теренот уште во 15. минута од подготвителниот натпревар кој „слоновите“ го добија се 2:0. Тулио со виоко крената нога со коленото го удри Дрогба кога овој примајќи ја топката ја пушти пред себе. Најверојатно кај Тулио станува збор за резигнација,бидејќи само малку претходно си постигна автогол со кој противниците поведоа.Интересно е што минатиот видкен на подготвителниот меч против Англија, Јапонија поведе со голот на Тулио, а откако Џерард промаши пенал, во завршницата од мечот Јапонците си постигнаа два автогола од кои едниот го постигна тикму Тулио. „Дрогба самиот рече дека нема да може да игра на Светското првенство. На неговото лице се гледаше колку тешко му падна оваа повреда. Секако и нам ова ни падна многу тешко затоа што тој е многу важен играч за нас.“, изјавил Коло Туре додаваќи дека сите во репрезентативната експедиција сепак се надеваат на чудсесно закрепнување на Дрогба. Шведскиот тренер на БСК, Свен Горан Ерискон нагласи дека се уште не го отпишал Дрогба и дека не му префрла ништо на Тулио.„Не сме сигурни уште каква е тежината на повредата. Се уште се надеваме на негов настап на Светското првенство. Тулио, неговиот старт не беше злонамерен или глуп, немаше намера да го повреди Дрогба. Фудбалот е игра со контакти“, изјави Ериксон. И самиот Тулио кој е роден во Бразил се брани дека немал никва лоша намера. „Господ и сите гледачи на стадионот се сведоци дека тоа беше нормален старт. Се надевам дека Дрогба навреме ќе се опорави за настап на шампионатот“, изјавил јапонскиот бек. Дрогба минатата сезона беше прв стрелец во англиското првенство со 29 голови од 32 натпревара за Челзи а за репрезентацијата има постигнато 45 голови на 70 натпревари. Ериксон се откажа од напаѓачот Бакари Коне, како и Емерсе Фае и Жил Јапи Јапо од средната линија. Претходно тој ги изостави Абдулаје Меите од Вест бромвич албион и Канга Акале од Ленс.Сепак напаѓачкиот ред му е за респект. Во него покрај Дрогба и Саломон Калу од Челзи, од Портсмаут е Аруња Диндан, Абдул Кеита, Сеиду Думбиа и Гервињо од Лил. Во составот се и Емануел Ебуе од Арсенал, како и браќата Јаја и Коло Туре.Брегот на слоновата коска очекува да го мине натрпеварувањето по групи каде во групата Г ќе се сретне со Бразил, Португалија и Северна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

