Спорт
Франција дома загуби од Кина

Во подготвителен меч за претстојното светско првенство репрезентација на Франција во Сен-Пјер е поразена од Кина со 0:1
„Триколрите“ на мечот настапиле со најсилниот состав, додека Кинезите кои нема да настапат на Светското првенство во Јужа Африка биле ослабени за неколкумина стандардни репрезентативци. Иако во текот на натпреварот француските играчи ја имале целосната доминација, не успеале да постигнат погодок. Од друга страна, Кина со единствениот напад во 68, минута преку Денг Жуо Ксианг од слободен удар успеала да дојде до победата „Никогаш не е интересно да се загуби, па макар и на пријателски меч. Кина имаше еден ут на натпреварот и постигна погодок а ние ги промашувавме нашите шанси од сите моќни позиции“, изјавил францускиот селектор Рејмонд Доменеш кој по светското првенство ќе ја предаде функцијата на Лорен Блан.Инаку овој меч за Доменеш беше 76-от на кормилото на репрезентацијата со што го надмина Мишел Идалго кој со 75 натпревари досега беше тренер кој најдолго се задржал на тренерската клупа на Франција. Доменеш на оваа позиција е од 2004 г. и во последно време не е омилен меѓу навивачите, но тој е единствениот кој успеал Франција да ја одведе трипати по ред на големи натпреврувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Голема победа на Данска во Атина, Косово ја изненади Шведска, Хрватска лесно ја реши Црна Гора

Данска, Швајцарија, Косово и Хрватска забележаа победи во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Косово, велерва го направи најголемото изнеандување, лесно ја победи Шведска со 2:0.
Избраниците на Франк Фода го решија победникот во првото полувреме со головите на Рексбечај и Муричи.
Во вториот натпревар од оваа група, Швајцарија рутински ја победи Словенија – 3:0.
За првиот гол, Елведи го искористи киксот на Дркушиќ и го совлада Облак. Емболо го зголеми резултатот на 2:0, а Ндоје го заврши одличното прво полувреме.
Хрватите рутински славеа во соседското дерби пред околу 20.000 луѓе на „Максимир“ и го одржаа својот максимален учинок по четири натпревари.
Стрелци за домашниот тим беа Кристијан Јакиќ во 35-та минута, Андреј Крамариќ во 51-та минута, автогол си постигна Едвин Кучо во 86-та минута, а Иван Перишиќ погоди во втората минута од судиското продолжение.
Во оваа група Фарските Острови победија во Гибралтар со 1:0.
Данска забележа голема победа во Атина над Грција (3:0). Грците не беа на висина на задачата. Не упатија ниту еден удар кон голот во текот на сите 90 минути. Тоа им ја олесни работата на Данците, кои обезбедија важни бодови со головите на Дамсгард во 32-та минута и Кристенсен во 62-та минута. Пјер Емил Хајберг асистираше за двата гола.
Конечните 3:0 беа дело на Расмус Хајлунд во 81-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Лудница во Дебрецен – Девет гола и победа на Италија над Израел во 91-та минита

Италија го победи Израел со 5:4 (1:1) во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, во Група И.
По нерешениот резултат во првото полувреме, Италијанците губеа со 2:1 до 52-та минута, на крајот од натпреварот беа на работ на нерешен резултат, а потоа направија пресврт и успеаја да ги освојат бодовите во Дебрецен со гол во 91-та минута.
Италијанците не започнаа добро од 16-та минута, Локатели му донесе водство на Израел со автогол. На самиот крај од полувремето, Моисе Кен израмни на 1:1 во 40-та минута, а Израел поведе во 52-та минута, стрелец беше Дор Перек.
Само две минути подоцна, во 54-та минута, Кен повторно израмни, а во 59-та минута, Политано и донесе водство на Италија. Во 81-та минута, Распадори го зголеми резултатот на 4:2 и се чибеше дека тоа ќе биде конечниот резултат.
Нодрамата кулминираше. Италијанците го почестија Израел со уште еден автогол, со што го намалија резултатот на 4:3, а овој пат, Бастони ја затресе сопствената мрежа во 87-та минута.
Во 90-та минута, Перец постигна гол за 4:4, а кога се чинеше дека нерешениот резултат е конечен, Италијанците стигнаа до 5:4 во првата минута од судиското продолжение, а стрелец беше Тонали.
Двата тима освоија по девет бода, но Италија има натпревар помалку одигран и се израмнети на второто место во групата.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Џикиќ од Грузија доби Орден на честа

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Џикиќ, откако со Грузија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство го доби Орденот на честа по предлог на премиерот и претседателот на Парламентот на Грузија.
Селекторот и играчите се наградени со 1.000.000 евра.
Премиерот на Грузија, Иракли Кобахидзе, објави дека владата ќе издвои три милиони лари (околу еден милион евра) за моменталниот резултат, а истата сума ќе биде обезбедена за секој следен чекор на првенството.
„Бидејќи испишавме историја, сакаме да ја одбележиме на вистински начин. Владата ќе ја награди репрезентацијата и за сегашниот и за секој следен успех на Европското првенство“, рече Кобахидзе на состанокот на владата.
За потсетување, Грузија ја победи Франција со 80:70 во осминафиналето, а ќе игра против Финска во четвртфиналето. Натпреварот е закажан за 10 септември, со почеток во 16 часот.