Спорт
Челзи се подготвува за рекорден трансфер

Лондонскиот клуб во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович се подготвува за рекорден трансфер во Британија а цел е напаѓачот на Ливерпул, Торес
Како што пишува во сабота Daily Mail, Челзи за шпанскиот напаѓач на „редсите“ Фернандо Торес е подготвен да плати 70 милиои фунти. Минатиот четврток од Ливерпул си замина шпанскиот тренер Рафаел Бенитез, а клубот кој ја мина една од најлошите созени во својата историја всушност објави аукција за централниот напаѓач.Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович рекол дека смета оти неизвесноста која владее во Ливерпул откако замина Бенитез, ќе му ја олесни рабтоата да дојде до одличниот напаѓач. Челзи е подготвени да влезе во жестока битка со Манчестер сити, за Торес, и веруваат дека со истакната цена може да придонесат сопствениците на Ливерпул, Том Хикс и Џорџ Џилет да донесат одлука да го ослободат 26-годишниот шпански репрезентативец. Инаку, понудените 70 милиони фунти се трипати повеќе од сумата од 21 милион за која Ливерпул во 2007 г. го купи Торес од Атлетико Мадрид.Торес пред една година потпиша нов четиригодишен договор со Ливерпул, според кој заработува 110 илјади фунти седмично. Самиот Торес изјави дека одлуката каде ќе ја продолжи кариерата ќе ја донесе по завршувањето на Светскот првенство каде неговата репрезентација е еден од фаворитите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Доминација на ПСЖ го испрати Брест со седум гола

Фудбалерите на Пари Сен Жермен убедливо го совладаа Брест со 7)0 во реваншот од баражот за Лигата на шампионите и со вкупен резултат 10:0 се пласира во следната фаза.
Баерн Минхен и Сити двапати успеаја да слават со идентични резултати во нокаут фазата, а сега им се приклучи и тимот од француската престолнина.
Победите од 8-0 (остварени во групната фаза) и понатаму остануваат сопственост на Реал Мадрид и Ливерпул.
Иако се очекуваше дека избраниците на Луис Енрике ќе имаат порелаксиран пристап против своите ривали од Лига 1 по победата од 3:0 на гости во првиот натпревар, тие го прикажаа спротивното.
ПСЖ напаѓаше немилосрдно, а она што можеби најмногу ќе му се допадне на шпанскиот стручњак е тоа што сите седум гола ги постигнаа различни играчи.
Баркола го постигна првиот гол, а потоа несакајќи му асистираше на Кварацхелија за единствените два гола во првите 45 минути. Витиња, Дуе, Мендес, Рамос и 18-годишната резерва Мајулу постигнаа по гол во вториот дел.
ПСЖ во следното коло ќе игра против Ливерпул или Барселона.
Пред тоа ќе се свртат кон обврските во домашното првенство, каде викендов ги очекува дербито против Олимпик Лион.
Спорт
(Видео) Реал го растури Сити, хет-трик на Мбапе

Реал Мадрид го елиминира Манчестер сити од Лигата на шампионите. Во реванпот од плејофот Реал го победи Сити со 3.1 и со вкупни 6:3 се пласира во осминафиналето.
Килијан Мбапе го постигна својот прв хет-трик во дресот на Реал во Лигата на шампионите. Францускиот репрезентативец си поигруваше со порозната одбрана на Манчестер сити.
Првиот гол го постигна во четвртата минута, кога Асенсио испрати долга топка, која патуваше речиси 60 метри, Рубен Дијаш лошо реагираше, а Мбапе го лобуваше Едерсон.
Во 33.минута ја измеша одбраната на Сити и зголеми на 2:0, а третиот гол го постигна во 61.минута по соло акција кога ја погоди „малата мрежа“.
Сити почесниот гол го постигна во судиското надополнување, Мармуш од слободен удар ја погоди гредата, а одбиената топка Нико Гонзалес ја спроведе во голот.
Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола изненади со составот и тактиката, на клупата ги остави Халанд и Де Брујне. Се реши за исклучително висок пресинг, му остави многу празен простор на тим кој во своите редови има тројца исклучително брзи напаѓачи.
Спорт
(Видео) Ливерпул се спаси од пораз во Бирмингем, Нуњез промаши празен гол

Астон Вила и Ливерпул ремизираа 2:2 во натпревар од 29. коло на Премиер лигата. Овој натпревар се одигра предвреме поради обрските на Ливерпул во финалето на Лига купот кое ќе се одигра на 15.март.
Ливерпул влезе во мечот по турбулентниот крај на градското дерби против Евертон кога ја испушти победата во 98.минута и неубедливата партија во победата над Вулвехемптон во саботата.
Тимот на Арне Слот, во Бирмингем потврди дека не е форма во каква што беше пред еден месец.
Гостите подобро го отворија мечот, беа доминантни и поведоа преку Мохамед Салах, по големата грешка на Андрес Гарсија, но освен тоа не видовме многу од нив во првите 45 минути.
Астон Вила играше лошо и премногу резервирано се до 38.минута, кога по еден карамбол пред голот на Алисон Тилеманс постигна гол за 1:1. Во самиот финиш на првиот дел целосен шок за Ливерпул, Воткинс погоди за 2:1.
Во вториот дел видовме неколку добри шанси на двете страни и само еден гол. Голот на Александар-Арнолд на асистенција на Салах за 2:2 во 61. минута.
Вистински трагичар за Ливерпул е резервистот Дарвин Нуњез, промаши полн, празен гол, а имаше и уште неколку крајно лоши потези.
На крајот резултат кој му одговара на Арсенал кој ќе има можност да ја намали разликата во однос на водечкиот Ливерпул на пет бода.
Ливерпул останува прв со 61 бод, додека Вила е деветта со 39. Ливерпул во следното коло ќе патува кај Сити, додека Вила ќе му гостува на Челзи.