Спорт
СП Кореа/Јапонија 2002
Светското првенство во фудбал во 2002 година се одржа во Јапонија и Јужна Кореа од 31 мај до 30 јуни, а Бразил по петти пат стана шампион победувајќи ја репрезентацијата на Германија со 2:0
Репрезентацијата на Турција го освои третото место со победата на еден од домаќините, Јужна Кореа со 3:2. Јапонија и Јужна Кореа се изборија да бидат домаќини, победувајќи го Мексико. Во квалификациите на ова светско првентсто учествуваа 199 земји, од кои само 32 репрезентации успеаја да учествуваат на завршниот турнир. Од сите репрезентации кои се квалификуваа, Јапонија и Јужна Кореа беа автоматски квалификувани како домаќини, додека Франција се пласираше како првак од претходното првенство во 1998 година, што претставуваше последен пат шампионот директно да се квалификува за следното првенство . ПО прв пат на овој мундијал учествуваше репрезентацијата на Сенегал, Словенија, Кина и Еквадор, Во завршницата учествуваа 13 екипи од УЕФА (Европа, пет од ЦЕФ (Африка, четири од КОНМЕБОЛ (Јужна Америка), четири од АФЦ (Азија) и три од Северна Америка и Кариби. За преостанатите две места се бореа Азија против Северна Америка и Јужна Америка против Океанија. Натпреварите се играа на 20 стадиони, по десет во Јужна Кореа и Јапонија, а најголемиот стадион во Јокохама, Јапонија собираше 80.000 луѓе. Повеќето беа изградени з апотребите на Светското првенство.
ИграУште на почетокот на првенството се случи најголемото изненадување. Бранителот на титулата, Франција, без повредениот Зинедин Зидан, беше поразена во првиот натпревар со Сенегал, земја што прв пат учествуваше на мундијалите со 1:0. Јужна Кореа со победата над Шпанија во четвртфиналето по изведени пенали, е првата азиска земја која стигнала до полуфинале. Двата натпревари во полуфиналето завршија со резултат 1:0. Во првата, голот на Балак беше доволен Германија да ја совлада репрезентацијата на јужна Кореа. Балак доби жолт картон на натпреварот, па немаше право да игра во финалето. Роналдо го постигна својот шести гол на турнирот, за победа на Бразил над Турција.
Финалето, одржано во Јокохама, Јапонија двата гола на Роналдо ја осигураа победата на Бразил против Германија. Роналдо погоди два пати во второто полувреме што му ја осигура и наградата Златна копачка. Ова беше петти шампионат за Бразил што ја зацврсти позицијата на оваа репрезентација како најтрофејна. Капитенот Кафу, кој е единствениот играч што учествувал на три последователни првенства го прими пехарот.
Проблеми со влезницитеПрвиот број влезници за Светското првенство во Јапонија и Јужна кореа беше распродаден многу брзо, по што двете земји вратија дел од влезниците наменеети за останатите земји уште во април. Но, сепак на првите два меча на отворањето на првенството се забележуваа значителен број празни седишта., по што се дозна дека Светското биро за продажба на влезници не ги продало сите и се уште ги има кај себе. Откако ФИФА побара сите да бидат пуштени во продажба, таа се одвиваше по телефон и преку интернет. НаградиЗлатната копачка му припадна на Роналдо од Бразил со постигнати осум гола. Златната топка за најдобар играч и наградата Јашин за голмани му припаднаа на Германецот Оливер Кан. Белгија беше прогласена за фер-плеј играч, а најзабавна екипа беше репрезентацијата на Јужна Кореја. Најдобар млад играч е Лендон Донован од САД.
МаскотиАто, Каз и Ник (Сферикс) – Портокалови, виолетови и сини (соодветно) футуристички, компјутерски-создадени суштества. Членови се на тимот „Atmoball“ (измислен спорт сличен на фудбал), Ато е тренер додека Каз и Ник се играчи. Трите индивидуални имиња се избрани според предлози на корисници на интернет и купувачи во Мекдоналдс во земјите домаќини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јунајтед стави 11 играчи на трансфер листата
Манчестер Јунајтед игра уште една лоша. Поради тоа Сер Џим Ретклиф и останатите челници на „црвените ѓаволи“ донеле радикална одлука, во летниот преоден рок на продажба ќе биде половина од тимот.
Шестото место, 53 бодови и 24 бодови зад лидерот Арсенал по 33 одиграни натпревари сигурно никого не задоволува на „Олд Трафорд“.
Покрај тоа, клубот го загуби финалето на Лига купот и заврши на четвртото место во групата на Лигата на шампионите во конкуренција на Баерн, Копенхаген и Галатасарај.
Пред неколку дена Манчестер Јунајтед на „мускули“, по изведувањето пенали го елиминираше Ковентри во полуфиналето на ФА Купот. За трофејот ќе игра против Манчестер Сити на 25 мај на Вембли.
Поради тоа во клубот донеле радикална одлука. 11 играчи ќе бидат ставени на трансфер листата и ќе можат да го напуштат клубот во летниот преоден рок.
На списокот има Во него има неколку звучни имиња:
Арон Ван-Бисака
Виктор Линделоф
Хари Мегваер
Рафаел Варан
Касемиро
Кристијан Ериксен
Антони
Дони Ван де Бек
Џејдон Санчо
Ентони Марсијал
Маркус Рашфорд
Спорт
Судењето на Манчестер Сити ќе започне во „блиска иднина“
Првиот човек на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека „во блиска иднина ќе се одржи рочиште за случајот со Манчестер Сити по сите 115 точки“.
Бен Рамсби, истражувачки новинар на англиски Телеграф, ја објави веста на својот профил на мрежата „Х“.
Со коментар дека „ова е најблиску до кое Мастерс дошол да спомне конкретен датум“.
Некои информации кои се појавија во јавноста на крајот на минатата година укажуваа дека судењето би можело да започне есента 2024 година.
Сити е обвинет по 115 точки од обвинението за повеќекратни финансиски прекршоци. Истрагата започна уште во 2018 година и продолжи до почетокот на 2023 година, а беа проверени и одлуките и работењето на клубот од сезоната 2009/10.
Што значи тоа „во блиска иднина“ останува да видиме. Судењето веќе е одложено поради откривање на нови докази и сведоци подготвени да сведочат.
Спорт
Ибрахимовиќ му препорача тренер на Милан
Златан Ибрахимовиќ (42) од оваа сезона е советник за спортски прашања во фудбалскиот клуб Милан. Легендарниот шведски центарфор учествува во обликувањето на спортската политика на клубот, а наскоро „росонерите“ ќе треба да одберат нов тренер. Стефано Пиоли го напушта клубот на крајот на сезоната по пет години и едно освоено Скудето.
Италијанските медиуми пишуваат дека Златан лобира функцијата да ја преземе Марк ван Бомел (47). Поранешниот холандски играч за врска го предводи белгиски Антверпен.
Ибрахимовиќ и Ван Бомел играа заедно за Милан од јануари 2011 до јуни 2022 година. Наводно клубот веќе стапил во контакт со тренерот.
Ван Бомел во кариерата самостојно ги водеше ПСВ и Волфсбург, а работеше и како асистент во репрезентациите на Австралија и Саудиска Арабија. Во својата кариера настапуваше за Фортуна Ситард, ПСВ, Барселона, Баерн и Милан, а кариера ја заврши пред 11 години како играч на ПСВ Ајндховен.
Раководството на Милан размислува уште неколку кандидати. Според „Газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги. Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома.
Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Волвс, додека најпознат е по менаџирањето на Шпанија, Реал Мадрид и Севилја.