Спорт
Мундијалот почна според традицијата
Како што се прогнозираше, Светското фудбалско првенство започна со меч кој заврши без победник. Но, сепак, селекциите на Јужна Африка и Мексико и покрај 1:1 покажаа максимано залагање и возбудлив меч
Се чини сосема реален резултат за кој и двете репрезентации се бореа докрај да го изменат во своја полза, што го покажа и во последната минута од регуларниот дел од мечот, кога Мпела стрелаше во дирекот. Мексико изедначи по голема бирба во 78 минута, одбраната на Јужна Африка направи голема грешка при обид да постави офсјад замка, но топката дојде до Рафаел Маркез кој самоуверено го израмни резултатот. Дваесет минути пред крајот на мечот селекторот на Мексико во игра го внесува ветеранот Бланко, но веќе во следниот напад Јужна Африка преку Модисе кој излезе сам пред голманот Перез се чини ја пропушти можноста да го постигне и вториот гол и да го доближи домаќинот до конечен успех. Дош Сантош, секако е најдобриот играч на меч досега и единствен од заспаните Мексиканци по голот се обидува да го израмни резултатот. Во 60. минута со одличен шут од десна страна изнуди уште поубава интервенција од домашниот голман, кој ја изби топката во петти корнер за Мексико. Во 55. минута е постигната првиот гол на Светското фудбалско првенство, по одлично изведена контра на домаќините при што од длабочина беше исфрелен Тшалалаба кој од 15-ина метри откосо го совалда мескиканскиот голман Перез. Мексико ја имаше првата шанса уште во 2. минута од натпреварот, кога Дош Сантош од пет метри не успеа да ја уфрли во голот. Потоа, во 14. минута Гилермо Франко пропушти изледна можност за гол по корнерот што го изведе Дош Санто. Домаќините првапт се заканија во 22. минута преку Тцабабалал, а десет минути подоцна Мексико ја пропуишти најзрелата шанса во првиот дел. Повторно акцијата беше зиведен а меѓу Дош Сантош и Франко, но јужноафриканскиот голман Кхуна одлично брани.Првпат мрежата на штотуку започнатиот мундијал се затресе во 36. минута, и тоа беше онаа на домаќинот. Пак Дош Сантош стрелаше откосо а одбраната на домаќинот ја зиби топката во корнер, по кој Вела постигна гол кој беше поништен заради офсајд. Мексиканецот Франко во 40. минута пропушти полушанса, а Јужна Африка во последните пет минути од првото полувреме се тргна, и создаде две прилики и изведе три корнера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Комо среде Торино го нокаутира Јувентус
Јувентус, во 26-то коло во Серија А, доживеа тежок пораз од Комо (0:2). Ова е прв триумф на Комо, против Јувентус во Торино по 1951 година.
„Старата дама“ со овој пораз ја продлабочи кризата и под знак прашалник го става своето учество во Лигата на шампионите наредната сезона. Јувентус го запиша третиот пораз во низа, четврти на последните пет натпревари во сите натпреварувања. Од друга страна, Комо ја потврди одличната форма, тимот на Сеск Фабрегас, на последните пет гостувања има четири победи и едно реми.
Јувентус е во криза, игра лошо, па можеби поразот од Комо и не е големо изненздување. Со исклучок на шансата во која се најде Опенда, во раната фаза на натпреварот, играчите на лучано Спалети не направи ништо конретно пред голот на противникот. Дури во финишот се закани Копмајнерс, од слободен удар ја погоди стативата.
За разлика од Јуве, Комо делуваше сигурно, со јасен план и цел.
Војвода го постигна првиот гол во 11-та минита, а точка на натпреварот сави Шакере во 61-та минута, кога со гол ја заврши брилијантната котрна на својот тим.
По 26 рунди, Јувентус на петтото место има 46 поени, еден повеќе од шестопласираниот Комо.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакл во Сан Себестијан – Реал Сосиедад не успеа да го победи Овиедо
Еден од најдобрите натпревари оваа сезона во Шпанија се одигра во Сан Себастијан, Реал Сосиедад и Овиедо ремизираа 3:3.
По лошото и неинтересно прво полувреме, во кое немаше голови, во второто присутните на „Аноета“ сведочеа на спектакуларен меч.
„Фенерџијата“, поведе во 50-та минута преку Винас, две минути подоцна Уругваецот со својот втор гол ја зголеми предноста на својот тим.
Оскарсон ја врати надежта во Сосиедад со гол во 64-та минута, а потоа следеше неверојатен финиш. Во 87-та минута, Чалета-Цар израмни за домаќините, кои не застанаа тука.
Три минути подоцна Оскарсон го комплетираше пресвртот со својот втор гол.
Наместо победа и три бода, следуваше шок во 90+2 минута Ерик Бејли го постави конечниот резултат и му донесе бод на Овиедо.
Спорт
Клабо е супермен – Шест трки, шест златни медали
Шест трки, шест златни медали за Јоханес Хенсфотл Клабо на Зимските олимписки игри во Милано и Корина. Суперменот од Норвешка, победи во трката на 50 километри, го освои шестото злато, вкупно 11-то на Олимпиајдите, на кои има и едно сребро и бронза.
Трката на 50 километри, масовен старт, мина во целосна доминација на Норвежаните. Покрај Клабо, кој победи со време 2 часа, седум минути, седум секунд, медали освоија Мартин Нингет и Емил Иверсен.

Норвешката тројка од конкурентите се одвои по 15-от километар, тројцата беа еден до друг се до 46-от километар кога отпадна Ивенрсен. Клабо отпорот на постариот колега го скрши на 500 метри пред целта.
29-годишниот Клабо, со перфектниот настап на овие Олимписки игри, ја истакна кандидидатурата за најдобар спортис во светот во оваа година.
Норвешка ќе ги заврши Игрите како најуспешна нациија, во саботата го освои 18-от златен медал, има и по 11 средби и бронзи.

