Спорт
Само вторпат 1:1 на отворање на мундијалот
Само вторпат во историјата на Светските фудбалски првенства почетниот натпревар заврши 1:1, а најчесто завршувале со резултат 0:0 или 1:0
Првпат со резултат 1:1 одиграле Германија и Швајцарија во 1938 г. а во повторениот натпревар победила Швајцарија со 4:2.Куриозитет е Светското првенство во Италија во 1934 г. кога сите осум меча од првиот круг се играни во осум различни градови со почеток во исто време, додека во Чиле 1962 г. првите четири меча од секоја група по една започнале во исто време. СП 2010: Јужна Африка – Мексико 1:1СП 2006: Германија – Костарика 4:2СП 2002: Франција – Сенегал 0:1СП 1998: Бразил – Шкотска 2:1СП 1994: Германија – Боливија 1:0СП 1990: Аргентина – Камерун 1:0СП 1986: Италија – Бугарија 1:0СП 1982: Аргентина – Белгија 0:1СП 1978: З. Германија – Полска 0:0СП 1974: Бразил – Југославија 0:0СП 1970: Мексико – Советскиот Сојуз 0:0СП1966: Англија – Уругвај 0:0СП 1962: четири натпревари во исто времеСП 1958: Шведска – Мексико 3:0СП 1954: Уругвај – Чехословачка 2:0СП 1950: Бразил – Мексико 4:0СП 1938: Германија – Швајцарија 1:1СП 1934: Сите натпревари во исто времеСП 1930: Франција – Мексико 4:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јанакопулос побара играчите и тренерот Атаман да поднесат оставки
Претседателот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, „лут како рис“ им испрати порака на своите играчи и тренери по поразот на „зелените“ од Арис во грчкото првенство.
Тимот на Ергин Атаман загуби во Солун со 102:95 по едно продолжение.
Во исто време, турскиот стратег беше исклучен поради бурни протести кон судиите, со што се комплетираше лошиот ден на неговиот тим.
Лут од конечниот резултта, Јанакопулос со критики се огласи на социјалните мрежи.
Им порача на играчите и тренерите да го напуштат клубот.
„Главниот тренер, помошниците тренери, сите вие! Сите. Немате поим каде играте, нели? Ова е Панатинаикос. Се надевам дека кога ќе се вратите во Атина, ако имате храброст да се вратите во Атина, сите ќе поднесете оставка“, рече Јанакопулос и додаде:
Срам да ви е! Проклети да сте! И не сакам ништо да чујам, ниту за Пицилкас, ниту за криминални организации, за ништо. Не можете да изгубите од Арис со буџет од 40 милиони. Срамно! Почнете да играте кошарка. Сфатете каде сте!“, порача ексцентричниот Јанакопулос.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Сити водеше 2:0 и не победи во Лондон
Фудбалерите на Тотенхем и Манчестер Сити ремизираа 2:2 во Лондон во 24-то коло од Премиер лигата.
Сити, доминираше, стекна предност од два гола, но не успеа да победи.
Гостите влегоа одлично во натпреварот, поведоа во 11-та минута со голот на Рајан Шерки.
Шерки можеше да постигне уште еден гол во 24-та минута, но Гуљелмо Викарио го одбрани неговиот удар.
Немаше промена во резултатот се до финишот на првото полувреме, во 44-та минута, Антоан Семењо го дуплираше водството на Сити.
Второто полувреме тргна во поинаква насока, прво во 53-таа минута, Марк Гуехи си постигна автогол и Тотенхем ја намали разликата, а во 70-та минута, Доминик Соланке ја затресе мрежата на Сити по асистенција на Конор Галагер за 2:2.
Сити остана на второто место во Премиер лигата со 47 бода, шест помалку од Арсенал кој е прв на табелата.
Од друга страна, Тотенхем е на 14-та позиција со 29 бода.
Во продолжението од сезоната, Тотенхем го очекува дуел со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, додека Сити гостува кај Ливерпул.
Foto/ EPA
Спорт
Германија немаше шанси – Данска е Европски првак
Ракометартите на Данска, на домашен терен го освоија златниот медал на 17-то Европско првенство. За Данска ова е втора титула на континеталните натпреварувања, прва по 2014 година. Данците, исто така, потврдија дека се најмоќната ракометна нација, во овој момент тие се актуелни европски, светски олимписки шампиони.
Данска, во финалето на ЕП, во Хрнинг, ја победија Германија со 34:27.
Во текот на првото полувреме, како што се очекуваше, се водеше немилосрдна борба, се играше гол за гол, а потоа Данска се одлепи на 12:9, на што Германците ексрепсно возвратија, благодарени на брилијантниот голман Волф. Првио дел заврши со предност на Данска од два гола.
Во продолжението од натпреварот, голманите Волф и Мелер, блескаа ги оставија играчите пет минути без постигнат гола.
Данска прва се разбуди и на нешто повеќе од десет минути пред крајот избега на 26:22. Германија се обиде, но по 53-та минута целосно паднаа во играта.
Најефикасни во тимот на Данска беа Симон Питлик со осум, Јохан Хансен со седум, Матијас Гидсел со шест, Томас Арнолдесн со четири гола. Кевин Мелер имаше 11 одбрани. За Германија, Андреа Волф имаше 14 одбрани, а Марко Гргиќ, Јури Кнор и Јоханес Гола постигнаа по пет гола.
Во борбата за бронзениот медал, Хрватска ги контролираше настаните на паркетот против Исланд, на самиот крај се коцкаше, му дозволи на Исланд да стигне од 23:29 до 32:33, но на крајот стигна до заслужената победа.
Foto/ EPA

