Спорт
Франција и Уругвај недостојно за меч на шампиони
Натпреварот на поранешните носители на три светски титули ќе остане запаметен само по исклучувањето на Уругваецот Лодеиро
На десет минути пред крајот Франција доби предност по непромислениот старт на 21-годишниот Лодеиро кој влезе во игра во 62. минута и успеа набрзина да заработи два жолти картона, по што стана првиот играч на Светското првенство 2010 кој предвреме го заврши натпреварот. Во вториот меч од денеска почнатото светско првенство во фудбал по воведниот натпревар меѓу Јужна Африка и Мексико кој и покрај нерешениот резултат 1:1 донесе борбен натпревар, во Кејптаун Франција и Уругвај одиграа натпревар чие особено прво полувреме брзо ќе биде заборавено. Според она што го видовме вечерва во Кејптаун, се чини дека и двајцата селектора беа импресионирани од противникот и трите бода сакаат да ги бараат против Мексико и Јужна Африка кои претходно ремизираа 1:1.Но, бодовната изедначеност по првото коло во Групата А, најавува претпазливи мечеви во второто коло и најверојатно драматични мечеви во последното кога ќе се решаваат патниците за следната фаза од шампионат. Францускиот селектор Рејмон Доменик се обиде со внесувањето на Малуда и претходно на ветеранот Тиери Анри да го изненади Табарез, но не успеа тоа да го стори дури и со внесувањето на уште еден напаѓач Жињак во моментот кога Уругвај остана со играч помалку. Така продолжува традицијата Франција, колку и да има добар тим, првите мечеви во групите да ги игра тешко, откако со подарениот гол со рака на Анри во баражот против Ирска се квалификуваа за Јужна Африка.Првиот возбудлив момент се случи во 7. минута кога Франк Рибери одлично го послучи соиграчот од четата на „триколорите“ Гову кој од неколку метри само млако шутираше покрај голот Уругвајците во првиот дел се обидува да наметнат игра со прескокнување на центарот на теренот, но тоа не донесе резултат. Уругвајците дури во 16. минута преку Диего Форлан се закануваат, но неговиот удар од работ на шеснаесетникот го одбрани францускиот голман Лори.По две минути Французите возвраќаат преку Гонкуф шутира прецизно но уругвајскиот голман Муслера одлично брани. По ова ритамот на играта сосема опадна што придонесе за блед впечаток а публиката не може да издвои ниеден особен момент или индивидуален потег. Вториот дел почна без измени и по еден час игра можеше да се констатира дека продолжува неатрактивната игра од првиот дел. Во првите 15. минути одвај се забележаа по два удари од далечина на двете страни кои не успеаја да ги заграт голманите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ливерпул за 70 милиони евра го договори трансферот на Жаке
Талентираниот дефанзивец на Рен, 20-годишниот Жереми Жаке, ќе го носи црвениот дрес на Ливерпул од следната сезона.
Како што објавија англиските и француските медиуми, двата клуба го договориле трансферот на младиот француски репрезентативец. Договорот е дека Жаке ќе игра за Рен до крајот на сезоната, а на лето ќе се пресели во Ливерпул.
Како што објави Би-Би-Си, англискиот клуб ќе плати 60 милиони фунти (околу 69,30 милиони евра) обештетување, од кои 55 милиони фунти се фиксни плус уште пет милиони бонуси.
Шампионот на Англија сака да ја зајакне конкуренцијата на позицијата стопер. Минатото лето го доведе 19-годишниот Џовани Леони од Парма, но талентираниот Италијанец доживеа сериозна повреда на 23 септември на своето деби против Саутемптон во Лига Купот.
Исто така, договорот на францускиот дефанзивец Ибрахима Конате истекува на крајот од оваа сезона.
Жереми Жаке има 20 години (роден е на 13 јули 2005 година во предградието на Париз), помина низ академијата на Рен и дебитираше за првиот тим во јануари 2024 година. Некое време беше во Клермон.
Оваа сезона одигра 18 натпревари за Рен и го привлече вниманието на најсилните европски клубови со своите добри настапи.
Тој е член на младата француска репрезентација, а Ливерпул го гледа како долгорочна инвестиција.
Foto/ staderennais.com
Спорт
Мерино мора да биде оериран, го чека долга пауза
Фудбалерот на Арсенал, Микел Мерино, ќе биде подложен на операција поради повреда на коската во стапалото на десната нога, објави клубот.
Шпанскиот репрезентативец има 33 настапи за Арсенал во сите натпреварувања оваа сезона, постигна шест гола.
Мерино е важен дел од ротацијата на тренерот на „топџиите“, Микел Артета, кој го користеше во средниот ред, но и како лажна деветка. Арсенал во своето соопштение објави дека 29-годишникот ќе биде надвор од теренот подолго време, иако не ја откри точната дијагноза.
Некои извори тврдат дека Арсенал, по повредата на Мерино, би можел да излезе на пазарот, но нема многу време – зимскиот преоден рок се затвора во вечерва во 19:00 часот.
Кога станува збор за опциите за средниот ред, Арсенал ги има на располагање Мартин Одегард, Деклан Рајс, Кристијан Норгард, Мартин Зубименди, Еберечи Езе и Каи Хаверц.
Мајлс Луис-Скели, кој го поминува поголемиот дел од своето време на позицијата лев бек, може да игра и во средината на теренот.
Арсенал е лидер во Премиер лигата со 53 бода од 24 натпревари, додека второпласираниот Манчестер Сити освои шест бода помалку.
Foto/ depositphotos
Спорт
Јанакопулос побара играчите и тренерот Атаман да поднесат оставки
Претседателот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, „лут како рис“ им испрати порака на своите играчи и тренери по поразот на „зелените“ од Арис во грчкото првенство.
Тимот на Ергин Атаман загуби во Солун со 102:95 по едно продолжение.
Во исто време, турскиот стратег беше исклучен поради бурни протести кон судиите, со што се комплетираше лошиот ден на неговиот тим.
Лут од конечниот резултта, Јанакопулос со критики се огласи на социјалните мрежи.
Им порача на играчите и тренерите да го напуштат клубот.
„Главниот тренер, помошниците тренери, сите вие! Сите. Немате поим каде играте, нели? Ова е Панатинаикос. Се надевам дека кога ќе се вратите во Атина, ако имате храброст да се вратите во Атина, сите ќе поднесете оставка“, рече Јанакопулос и додаде:
Срам да ви е! Проклети да сте! И не сакам ништо да чујам, ниту за Пицилкас, ниту за криминални организации, за ништо. Не можете да изгубите од Арис со буџет од 40 милиони. Срамно! Почнете да играте кошарка. Сфатете каде сте!“, порача ексцентричниот Јанакопулос.
Foto/ EPA

