Спорт
Светскиот првак елиминиран од Словачка
Во третото коло од Групата Ф, Словачка во Јоханесбург приреди големо изненадување елиминирајќи го актуелниот светски шампион Италија со 3:2
Головите за Словаците ги постигнаа Роберт Витек во 25 и 73. и Камил Копунек во 89. минута, додека за Италија стрелци беа Антонио ди Натале во 81 и Фабио Кваљарела во 90+2 минута.Бидејќи во вториот меч од групата кој се играше напоредно со овој во Јоханесбург, Парагвај и Нов Зеланд одигра без голови, Парагвај со пет и Словачка со четири бодови одат во осминафиналето, а елиминрани се Нов Зеланд со три и Италија со само два бода. Италијанците ја споделија судбината на Французите претходно и со само два мизерни бода иако веќе поранешни светски прваци си заминуваат на Апенините. Може да се претпостави каква лавина од протести ќе следи во Иралија. Италијанските тифози и познатите хулигани ќе ја бараат глави. Меѓутоа, јасно е дека неуспехот на репрерзентацијата го плаќа данокот на тоа што во најдобрите италијански клубови речиси целите први тимови се составени од странски скапоплатени играчи. Сите, а најверојатно и самите „аѕури“ по првите две нерешени средби очекуваа како и секогаш досега на големите фудбалски настани, со еден гол и една победа да се квалификуваат во осминафиналето. Меѓутоа, како што се покажа и во првите два меча, оваа италијанска селекција во ниту еден момент не може да го наметне на противникот својот стил на игра, да го диктира темпото и одвивањето на настаните на теренот. Станува збор за очигледен дефицит од врвни фудбалски мајстори во редовите на италијанската селекција. Ниту, пак, успеа спојот меѓу искусни итнернациоанлци и помлади иргачи кои требаше да му дадат импулс на тимот. Италијанците и попладнево се претставија во катастрофално издание. Беа тотално неорганизирани и како што играа, Словачка беше доминантна во текот на натпреварот и го имаше под контрола резултатот а и многу рано имаше можност да го отвори мечот. Имено во 6. минута Хамшик од 12-ина метри шутираше остро но само покрај голот. Италијанците играа без каков и да е систем и идеја ниту од далеку незагрозувајќи го голот на Словачка. Така во 25. откако пред својот шеснаесетник згреши Де Роси, Витек од втората шанса за неговата репрезентација ја турна Италија кон фудбалската бездна. Словаците до крајот на првиот дел ја направија и најопасната ситуација пред својот гол, кога веже Италијанците самите не можеа да го сторат тоа, кога во 41. минута Шкртел сакајќи со глава да ја исфрли топката таа мина малку над пречката од словачкиот гол. Но Кучка на самиот крај од првото плувареме со волеј од врвот на шеснаесетникот бие, за малку непрецизно. Италијанците како малку да се присобрале во соблекувалната меѓу двете полувремиња, па вториот дел го започнаа со две полушанси. Прво во 49. минута Јакинта од многу добра позиција многу лошо шутираше со глава, а седум мминути подоцна Ди Натале од десет метри откосо ја испушти најдобрата шанса за „аѕурите“ дотогаш. Шкртел во 67. минута на самата гол линија го блокираше шутот на Кваљарела. Словаците првпат се заканија во вториот дел во 72. минута кога Стох по една брз контроа ја шутна топката покрај италијанскиот гол.Но веќе во следната минута италијанската работа и дефинитивно тргна надоле. Денешниот словачки херој Витек во 73. минута по изведување на корнерот и проиграувањето од Хамшик во италијанскиот петерец го постигна својот втор гол и убедливо водство до 2:0. По осум минути надеж за Италијанците пружи Ди Натале кој од непсоредна близна намали на 1:2. Во меѓувреме италијанските фудбалери покажаа обид да се стигне до пресврт, но беа добро покриени а Словаците докрај го иронизираа мечот во финишот спроведувајќи го на дело стилот што досега беше познат како „италијански“ кога е потребно времето да тече. Покрај стриктното блокирање на противниците, Словаците воопшто не се срамеа да одглумат повреда по секој дуел со италијански фудбалер. И во таква игра во 89. минута Копунек истрчува до италијанскиот шеснаесетник и зголемува повторно на два гола разлика за Словаците. Италија до крајот успеа да намали преку Кваљарела во втората минута по истекот на регуларноио тек, а само неколку мига пред дефинитивниот крај на мечот, Пепе од непосредна близина не успеа да израмни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Сѐ се случи за миг“ – сестрата на Линдзи Вон зборуваше за нејзината состојба по страшниот пад на Олимписките игри
Линдзи Вон моментално е на лекарски прегледи по тешкиот пад што ѝ се случи утрово, потврди нејзината сестра Карин Килдо во изјава за „Ен-Би-Си“. Таа рече дека сцената била застрашувачка и многу тешка за гледање.
„Тоа дефинитивно беше последното што сакавме да го видиме. Сѐ се случи многу брзо и во такви моменти само се надеваш дека е добро“, рече Килдо.
Таа додаде дека станало уште пострашно кога забележале дека изнесуваат носила.
„Тоа никогаш не е добар знак. Но, како што вели онаа изрека за човекот во арената – таа се осмели, даде сѐ од себе и одеше до крај. Тешко е да се гледа, но најважно е таа да биде добро“, изјави таа.
Сестрата на познатата американска скијачка потврди дека во моментов не знаат што следува: „Превезена е со хеликоптер од местото на несреќата. Со неа се сите нејзини лекари, хирурзи и физиотерапевти. Ќе не известат и ќе отидеме во болницата каде што ја прегледуваат. Засега знаеме само дека е на прегледи и се надеваме наскоро да добиеме повеќе информации.“
Главниот брзински тренер на американскиот скијачки тим, Пол Кристофик, изјави дека Линдзи Вон и понатаму е под медицинска проценка во Кортината, а тимот сѐ уште нема добиено никакво ажурирање за нејзината здравствена состојба.
„Сѐ уште не знаеме ништо конкретно“, изјави Кристофик. „Таа е со медицинскиот тим во болница. Во моментов се проценува во Кортината. А потоа, во зависност од сериозноста на повредата, ќе се донесе одлука каде ќе биде сместена.“
Спорт
(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон на Олимписките игри
Американската скијачка Линдзи Вон не се прослави во спустот на Зимските олимписки игри.
Таа падна во раната фаза од спустот, по што ѝ беше укажана помош на патеката, а се слушаше како легендарната Американка плаче од болка.
Линдзи по падот остана да лежи, чекајќи помош од лекарите и спасувачката екипа. Мораше да реагира и хеликоптер, кој ја однесе во болница.
The crash of #lindseyvonn #Olympics2026 #Olympics pic.twitter.com/PJtuSCJwcm
— Dreamer (@MCnotHamm3r) February 8, 2026
Вон неодамна доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото, но и покрај тоа одлучи да настапи.
Оваа 41-годишна скијачка во кариерата освои три олимписки медали – злато во спуст во Ванкувер, како и бронза во супервелеслалом. Покрај тоа, има и бронза од Пјонгчанг 2018 година.
Вон неодамна имаше враќање на натпреварувањата по подолга пауза и веќе забележа неколку запажани резултати во тековната сезона.
Сепак, се чини дека крајот на кариерата ќе биде тажен.
Спорт
Клабо е недопирлив во скиатлон
Јоханес Клабо ја оправда фаворитската улога и го освои златниот медал во нордиско скијање, во трката скијатлон од 10 км + 10 км.
Како што се очекуваше, Норвежанецот чекаше до самиот крај, а потоа влезе во пеколен финиш. Во тој момент ниту еден од конкурентите не успеа да го следи темпото на Клабо. Норвежанецот во целта влезе со 46:11.0.
Ова беше шесто олимписко злато за Клабо во неговата кариера, а негов трет поединечен. Тој денес го потврди статусот на најдобар натпреварувач.
Во голема борба за второто место, Французинот Делог успеа да го надмине Норвежанецот Нингет, кој мораше да се задоволи со бронза. Русинот Короцељев заврши на четвртото место.
Foto/ EPA

