Спорт
Германија не се совладува со 10 минути добра игра
Ниту недосудениот гол на Ламапрд не може да ги оправда Англичаните кои и во осминафиналето против големиот противник покажаа дека не се во форма која е потребна за врвните натпреварувања
Ако се каже дека Вејн Руни, најдобриот стрелец на англиската фудбалска репрезентација, не постигна ниеден гол во четирите меча во Јужна Африка, јасно е дека „Гордиот Албион“ не заслужи да мине во четвртфиналето. Рака на срце, дискутабилно е колку со играта го заслужија и ова осминафинале. За Германија прецизни беа Мирослав Клозе во 20., Лукас Подолски во 32 и Томас Милер во 67 и 70 . минута, а за Англија Метју Апсон во 37. минута го намали резултатот. Англичаните бездруго со право ќе протестираат заради поништувањето на голот на Лампард, но во 1966 г. во Лондон токму со ист удар и токму против Германија, ја освоија светската титула, единствена за нив досега. Оваа ситуација е речиси идентична од финалето во 1966 г. кога Англичаните славеа со 4:2 а спорниот погодок на ист наин за водство до 3:2 го постигна Геф Харст. Топката и тогаш падна од пречката во близина на гол линијата, а советскиот судија покажа дека е гол но Англичаните до ден денс спроведуваат амркетинг дека не е со сигурност утврдено каде паднал топката.Англија, доколку се суди според имињата кои истрчаа на теренот, беше фаворит, а, пак, според титулите Германија со трите освоени мундијала беше во предност. Уште повеќе „елфовите“ беа во предност имајќи ги предвид покажаните игри во натпреварите по групи. Тимот без ѕвезди демонстрираше зрела игра водена од стратегот кој со два „блиц крига“ го ничкоса грогираниот противник кој само во последните 15-ина минути од првото полувреме кога изедначи и недосудениот погодок.Да се навратиме уште еднаш на контроверзниот момент во 38 минута, веднаш откако Апсон го намали водството на Германија на 1:2, Лампард силно шутираше од работ на шеснаесетникот, а топката од пречката се одби зад гол линијата, но уругвајската судиска тројка предводена од Ларионда не го виде тоа. Може да се претпостави дека можеби меќот навистина ќе имаше поинаков тек. Меѓутоа англиските фудбалери со својот однос до крајот на мечот не стори ништо овој момент да биде предмет на вистински полемики, туку ќе биде забележан во дуелите во ФИФА кај поборниците на идејата спорните моменти веднаш да бидат прегледувани на забавени снимки.Нестрпливо очекуваниот двобој меѓу Англија и Германија за кој и британската и светската фудбалска јавност очекуваа конечно англиските фудбалери да се тргнат од безидејната игра и да заиграат како знаат, почна со шанса на Германците уште во 4. минута кога Месут Озил одлично прифати долга топка во шеснаесетникот, но неговиот удар од работ на казнениот простор откосо Џејмс го одбрани.Германија и по оваа шанса продолжи со доминацијата при што младите „панцири“ демонстрираа нов квалитет во кој покрај германската упорност се промовира и игра со луцидни потези. Така во 20. минута по грешка на централната англиска одбрана, топката го прескокна Тери а Апсон не успеа да го стигне Клозе кој буквално заби за водство. Со овој гол Мирослав Клосе има постигнато вкупно 12 голови на светските првенства за Германија и пред него само со 14 голови е легендарниот Гер Милер. Во 30. минута Клосе имаше уште една добра можност да го совлада Џејмс, новториот успеа да одбрани.Но само по две минути Клосе ја потегнува акцијата од која Подолски сигурно и лесно поентираше за 2:0.Дотогаш англиските фудбалери беа сосема надиграни, не можеа да врзат неколку додавања а од опасност по германскиот гол немаше ниту најава. Сепак, Англија има големи фудбалери а во нејзиниот состав сега се двајцата најскапо проценети играчи. За жал, за да не’ потсети на тоа им беа потребни цели 37 минути само од денешниот меч, доколку ги апстрахираме претходните три мундијалски бледи изданија. Се чини и овој гол падна по грешка на голманот, бидејќи на нафрлувањето на Џерард од десната страна Неуер отиде во празно а зад него топката ја смести Апсон. Критичниот момент се случи веќе во следната минута која Лампард од врвот на шеснаесетникот одлично стрелаше но топката од пречката се одби зад грбот на Неуер и зад гол линијата што не беше регистрирано од судиите. И то абеше се’ до крајот на првиот делВо второто полувреме Англичаните се обидоа да продолжат со нападите и во 52. минута повторно Лапмард од 30 метри од слободен удар ја зачешува пречката но од нејзината горна страна. Петнаесет минути подоцна Лампард повторно има можност да го загрози германскиот гол од слободен удар, овојпат поблиску, но откако живиот ѕид го блокираше неговиот удар, Швалнштајгер повлече контра во која Томас Милер непогрешливо реализираше за 3:1. А веќе по три минути уште еден контранапад а овојпат Озил по претрчувањето на Нери го послужи Милер на спротивната страна кој уште еднаш сигурно реализираше. По ова немаше вистински шанси и на двете страни, а младите германски репрезентативци докажаа дека покрај традиционалното трчање по целиот терен умат и да му ја „сокријат“ топката на противникот, па до крајот Англичаните и речиси не се состанаа со неа освен кога ја исфрлуваа во полето.Германија во четвртфиналето ќе се состане со победникот од мечот Аргентина – Мексико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рајмунд сензационален победник на малата скокалница
Германецот Филип Рајмунд ја шокира конкуренцијата и го освои златниот медал на малата сколаница на Зимските олимписки игри во Милано и Кротина.
Покрај Германецот изненади и Полјакот Каспер Томашијак, тој заврши на втората позиција.
Оценките на судиите беа пресудни, во борбата межу нив двајца. Филип Рајмунд го освои златниот медал, и покрај тоа што Каспер Томашјак имаше подолги скокови и во првата и во втората серија. Благодарение на неговиот добар стил и доскок, Германецот стана олимписки шампион и покрај тоа што нема ниту победа во Светскиот куп.
Бронзата им припадна на Грегор Дешванген од Швајцарија и Рени Никаидо од Јапонија.
Разочара Словенецот Домен Превц, победникот на Новогодишната турнеја и светски првак во ски летовите. На крајот го освои шестото место.
Следниот натпревар, мажите ќе го имаат на 14 февруари на големата скокалница, ден подцна ќе се натпреваруваат и дамите.
Foto/ EPA
Спорт
Кам-бек на Серена Вилијамс
Серена Вилијамс се враќа на тениските терени.
Оваа ексклузива ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на својот блог.
„До крајот на овој месец, Серена Вилијамс, ќе се стекне со право да се натпреварува, бидејќи завршува шестмесечна програма за тестирање на нејзините можности“, напиша Ротенберг и додаде:
„Враќањето на Серена сега е официјално – официјално“.
Сопственичката на 23 гренд слем трофеи во сингл не играла професионален тенис 1.256 дена, практично откако загуби во третото коло на Отвореното првенство на САД од Ајла Томљановиќ на 2 септември 2022 година.
Една од најголемите тенисерки на сите времиња има 44 години и две деца.
Серена го имаше своето професионално деби во октомври 1995 година, пред 31 година.
Во меѓувреме, таа освои 73 титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи седум титули на Австралија Опен, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест титули на Ју-ес Опен.
Таа има и 23 титули во двојки, од кои 14 на „главните турнири“, каде што оствари и два триумфа во микс-дубл. Освои една титула во ФЕД и две во Хопман купот, секако е важно да се споменат четири олимписки златни медали – едно во поединечна конкуренција (2012) и три во двојки (2000, 2008 и 2012) освоени со постарата сестра Венус.
Серена Вилијамс помина 319 недели на врвот на ранг-листата на ВТА.
Ова ја прави втора најуспешна тенисерка во историјата според тој критериум, зад Штефи Граф (377 недели).
Foto/ depositphotos
Спорт
„Ова е доказ зошто ВАР системот апсолутно не функционира“
Легендарниот дански голман Петер Шмајхел се приклучи на дискусиите и негодувањата по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кое гостинскиот тим го доби со 2:1.
Некогаш еден од најдобрите голмани во светот не штедеше зборови кога коментираше за судењето и примената на ВАР технологијата.
Шмајхел, кој долго време јавно го оспорува воведувањето на видео асистентот во фудбалот, конкретно се осврна на ситуацијата на крајот од натпреварот на „Енфилд“.
Контроверзен момент беше поништениот гол на Рајан Шерки, со кој Сити можеше да поведе со 3:1, додека во исто време Доминик Собослај доби црвен картон, откако претходно го фаулираше Ерлинг Халанд.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Сити им изјави на англиските медиуми дека не гледа логика во таквата одлука, потсетувајќи дека главниот судија Крег Посон првично го призна голот. Дури по консултација со својот колега Џон Брукс од ВАР собата ја променил својата одлука.
Шмајхел вели дека интервенцијата била целосен неуспех.
„Едноставно не разбирам. Одлуката на теренот е гол. Требаше така да остане. За мене, ваков епилог е доказ зошто ВАР апсолутно не функционира. Нема смисла да им се дозволи на судиите да прават нешто вакво… Која е целта? И Ливерпул сакаше голот да биде потврден, бидејќи кога го поништија црвен картон доби Собослај“, рече меѓу другото Петер Шмајхел.
Сличен став изрази и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој по натпреварот оцени дека одлуката не и користи на ниту една страна, прашувајќи „каде е тука здравиот разум?“.

