Спорт
Фиго го критикува Роналдо

Легендарниот португалски репрезентативец Луиш Фиго го критикуваше Кристијано Роналдо за неговото неспортско однесување по поразот од Шпанија во осминафиналето од миндијалот во Јужна Африка
Кристијано Роналдо по натпреварот имено плукнал еден од камерманите а потоа одбил да одговара на прашањата од новинарите кусо порачувајќи „За се прашајте го селекторот“.Според поранешниот капитен на португалската репрезентација и член на фудбалските гиганти Барселона, Реал Мадрид, Интер, Роналдо морал да остане голем и по поразот. „Роналдо ја носеше капитенската лента на португалската репрезентација и мораше да внимава како се однесува. Без оглед на победа или пораз, капитенот секогаш мора да биде пример. Неговата работа е да ја предводи екипата и во добро и во лошо“, смет Луиш Фиго. Подоцна Роналдо на интернет страницата Gestifute, комапнијата која е во стопственост на неговиот менаџер ја постави изјавата: „Вон себе сум, фрустриран и тажен. И јас сум само човечко суштество. И јас имам право на лоши моменти“, порачува најскапиот фудбалер на денешницата, ѕвездата на мадридски Реал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пет Рајли ќе добие статуа пред арената на Лејкерси

Легендарниот тренер на Лос Анџелес Лејкерс, Пет Рајли, ќе добие статуа пред „Крипто Ком Арена“, поранешниот „Стејплс Центар“, од 22 февруари.
Лејкерс ќе му оддадат почит на Рајли во натпреварот против најголемиот ривал Бостон. Статуата на Рајли ќе стои до статуите на големите легенди на франшизата Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон и Коби Брајант.
Тој ги тренираше Лејкерс од 1981 до 1990 година, период наречен „шоутајм“ и освои четири титули.
Лејкерс со Пет Рајли победија 73 отсто од натпреварите, а тој победи на дури 102 натпревари како тренер во плејофот. Тој беше играч на Лејкерс од 1970 до 1975 година. Рајли ги тренираше и Никс и Мајами Хит. Тој ја освои титулата со Мајами во 2006 година, а сега е претседател на оваа франшиза.
Спорт
Додека трае сагата со Исак, Њукасл го заврши трансферот на Виса

Додека трае сагата со Александер Исак, Њукасл работи на трансферот на Јоан Виса од Брентфорд.
Александар Исак сака да си замине по секоја цена. Затоа не тренира со тимот и нема да биде во протоколот за натпреварот против Астон Вила на почетокот од Премиер лигата.
Првиот стрелец на тимот е голема желба на Ливерпул, но клубовите се далеку од постигнување договор.
Затоа Њукасл се сврте кон други решенија и се чини дека пронајдоа замена во Брентфорд. Јоан Виса наскоро треба да го засили тимот што ќе игра во Лигата на шампионите оваа година.
Виса доаѓа по одлична сезпна во Бранфорд. Репрезентативецот на Конго постигна 19 гола на 35 натпревари во сезоната 2024/25 и заедно со Мбеумо, кој се пресели во Манчестер јунајтед е најзаслужен за добрите резултати на Брентфорд.
Се очекува трансферот да биде комплетиран во следните неколку дена бидејќи Виса, како и Исак, по секоја цена сака да го смени клубот.
Спорт
(Видео) Спектакуларен гол го елиминира Партизан од Конференциската лига, испадна и Хајдук

Регионалните великани Партизан и Хајдук од Сплит не успеаја да ја минат третата рунда во квалификациите за пласман во главната фаза во Конференциската лига. Партизан испадна од Хибернијан, а Хајдук од Динамо Тирана.
Двата тима испаднаа по продолженијата, откако во раната фаза на второто полувреме останаа со играч помалку.
Во Единбург, Партизан во 90.минути победи со 3:1, го изедначи резултатот во вкупниот скор со голот на Костиќ во 95.минута. Надежите на црно-белите ги урна Каден во 100.минута.
Мечот го обележа спектакуларниот гол на Боуви во 60.минута, кога во тој момент ја намали предноста на гостите на 1:2.
Хајдук во Тирана доживеа пораз од 3:1. Во регуларниот тек Динамо ја анулираше предноста од еден гол. Во 99.минута Хајдук изедначи, а потоа со играч помалку во две минути доживеа дебакл, во 109. и 111. минута за Тирана погодија Кардаку и Бериша.