Спорт
Шпанија oдвaј го скрши отпорот на Парагвај
Репрезентацијата на Шпанија е последниот патник во четвртфиналето, откако синоќа минимално го совлада Парагвај со голот на Давид Виља
Парагвај беше рамноправен противник и скапо си ја продаде кожата. Шпанците имаа поголема иницијатива, но нивните напади беа јалови, додека одбраната на Парагвај функционираше добро, а имаа и посериозни шансиОтпорот на јужноамериканците беше скршен по голема борба дури во 84 минута. Иниеста по една извонредна соло акција го проигра Педро, кој се најде сам пред голот. Топката ја погоди стативата и се одби од Виља, кој веднаш шутираше кон голот, топката најнапред ја погоди едната статива, па другата и конечно влезе во голот.Двете селекции претходно промашија по еден пенал. Прв во водство можеше да дојде Парагвај во 59 минута, но ударот од 11 метри на Кардозо го одбрани Касиљас. Веднаш потоа беше досуден пенал на Шпанија, откако во контранапад беше соборен Виља, но Виљар го одбрани ударот на Чаби Алонсо.Кон крајот на полувремето беше постигнат регуларен гол на Парагвај. Помошниот судија погрешно сигнализираше дека стрелецот Нелсон Валдез бил во офсајд.Виља досега има постигнато пет гола, од шесте на шпанската репрезентација, со што се издвои на врвот на листата на стрелците. Шпанија во полуфиналето ќе игра против Германија во среда навечер во Дурбан.Шпанскиот селектор Винсент Дел Боске по натпреварот призна дека неговата екипа тешко дојде до победата.„Натпреварот беше тежок како што предвидувавме. Но игравме трпеливо и тоа се покажа пресудно. Сега ни престои меч против Германија, но нема од што да се плашиме.Парагвајскиот селектор Џерардо Мартино смета дека одбранетиот пенал на Касиљас бил клучен за натпреварот.„Имавме своја шанса, но не ја искористивме. Клучот на натпреварот беше одбранетиот пенал. Беше тоа голем шок за нас. На моите момчиња може само да им честитам за она што го прикажаа на целото првенство“, изјави Мартино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

