Спорт
По што ќе биде запаметена Јужна Африка 2010
Штотуку завршеното Светско фудбалско првенство во Јужноафриканската република, како и сите претходни ќе остане запаметено по една нешто а овојпат за тоа конкурираат најмалку три случки
Секое светско првенство во фудбал во осумдесетгодишниот историјат останува запаметено по некој настан кој потоа се споменува при секој фудбалски меч. Така, се памети 1950 г. во Бразил по втората титула на Уругвај и неверојатниот пресврт и пораз што му го нанесоа на домаќинот пред дури 170 илјади гледачи, 1958 г. во Шведска, и појавувањето на тогаш 17-годишниот Пеле, никогаш неразјаснетиот гол на Гоф Харст против Германија во финалето во 1966 г. кога Англија стана шампион, 1986 г. во Мексико и „Божјата рака“ на Диего Марадона, петте голови на Салиенко на еден натпревар итн ., несуденито регуларен гол на Франк Лампард против Германија, на Јужна Африка 2010 г. ќе биде, бездруго запаметена следните нешта:На четвртфиналниот меч Уругвај – Гана, кога во последната секунда од второто продолжение, репрезентативецот на Гана, Асамоа Гиан го промаши пеналот кој неговата репрезентација ја водеше до полуфиналето и најголемиот успех што го постигнала африканска репрезентација. Топката се одби од пречката, а во изведувањето на петте серии од ударите од 11 метри, уругвајскиот голман Фернандо Муслера ги разочара „црните ѕвезди“.Неколку мига на овој момент претходеше вториот кој ќе остане во меморијата на љубителите на фудбалот. Тоа е „Ѓаволската рака“ на Уругваецот Луис Суарез кој стана нациоанлен јунак откако на гол-линијата ја сопре топката а овој очајнички потег освен слава му овозможи на уругвајскиот тим да го постигне најдобриот пласман на мундијалите по цели шест децении. Следната контроверза е голот на Франк Лампард, кој нема да остане мистерија како оној на неговиот сонародник Харст пред 44 години кога против истиот противник, овојпат во осминафиналето. Станува збор за најголемиот превид на светските првенства што го направи уругвајскиот судија Ларионда кој не забележа дека топката од пречката на германскиот гол се одби цел метар зад гол-линијата, и тоа при резултат 2:1 за „панцирите“. Откако Германија имаше доминантна улога и водство од 2:0, Англија прво намали а голот на Лапмард ќе донесеше сосема друг тек на натпреварот, се жалат од „Гордиот Албион“. Тука ќе ја вброиме и елиминацијата на Италија во последниот меч од групата кога беше супериорно победена од Словачка со 2:3, во лесната група во која беа уште и Нов Зеланд и Парагвај. И голот што во првиот меч на мундијалов го прими англискиот голман Роберт Грин против САД, што ги шокираше Англичаните кои потоа одиграа и нерешено против Алжир а само успеаја да ја разочараат Словенија со неубедливата победа. Грин така се нареди во неславната листа англиски голмани кои последнава декада примаат пацерски голови кои остануваат запаметени, како што беа на Робинсон против Хрватска и претходно на Симан против Македонија. Ниту дебаклот на Франција не смее да биде одминат. Покрај лошите игри, во соблекувалната на „триколорите“ се случи инцидент, по што следеа повлекување на Анелка од првенството, бојкот на тренинзите, оставки во ФФФ а „случајот дебакл“ стигна и пред комисиите на францускиот парламент што предизвика реакција на ФИФА и обвинување за мешање на политиката во фудбалот. Исто така, ова првенство ќе биде запаметено и по суспензијата за меѓуанродни настапи што нигерискиот претседател Џонатан Гудлак ја донесе за нигериската фудбалска репрезентација од која африканскиот континент очекуваше многу. По што повторно се вмеша ФИФА, па одлуката беше ублажена….
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Иџе во поход по нова европска титула: „Очекувам добра трка“
Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).
Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.
Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат, особено затоа што годинава на патеката ќе управува со новиот автомобилски ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.
„Очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на мојот тим, како и на тие кои го препознаа потенцијалот и ме поддржуваат за натпреварувањата во оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.
Минатата година Иџе во текот на целата сезона беше во сигурна доминација со седум победи на 10 трки.
Спорт
Хулкенберг од наредната сезона во Заубер
Германскиот автомобилист Нико Хулкенберг од 2025 година, ќе има нов работодавец. 36-годишникот ќе вози за тимот на Кик Заубер.
„Среќен сум што возам за Кик Заубер од 2025 година и што во иднина ќе го претставувам германскиот производител на патеките во Ф1“, објави Нико Хулкенберг на социјалните мрежи.
Од 2026 година во Заубер влегува германскиот производител Ауди.
Хулкенберг е член на тимот на Хас во тековната сезона, а неодамна беше објавено дека нема да ја продолжи соработката со американскиот тим.
„Хулк“ дебитираше во Формула 1 во 2010 година како возач на Вилијамс на Големата награда на Бахреин. Во меѓувреме освои една пол-позиција.
Во претходната сезона, Хулкенберг го заврши натпреварувањето на 16. место во генералниот пласман во Ф1 со девет бодови.
Спорт
(Видео) Кари е најдобар „клач“ игра во НБА
Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари ја доби наградата „Џери Вест“ која му се доделува на најдобриот играч на НБА лигата во решавачките моменти од натпреварите во регуларниот тек на сезоната.
Во НБА, последните пет минути од последната четвртина или продолжението кога еден од тимовите има најмногу пет поени предност е дефинирано како „период на одлука“.
Како што соопшти НБА, Кари победи со вкупно 298 поени, а зад себе ги остави Демар Дерозан (Чикаго) (272), Шеј Гилџис-Александер (Оклахома) (160) и Никола Јокиќ (Денвер) (85).
Тој во регуларниот дел постигна 189 поени, во решавачките моменти, Демар Дерозан 182, додека Гилџис-Александер постигна 112 поени.
Неговите Голден Стејт Вориорс не влегоа во плеј-офот, беа елиминирани од Сакраменто Кингс во првиот плеј-ин натпревар.
Кари оваа сезона имаше просек од 26,4 поени, 4,5 скока и пет асистенции по натпревар.