Спорт
Џо Кол потпиша за Ливерпул
Како што вчера беше најавено, незадоволен од условите кои му ги понуди неговиот довчерашен клуб Челзи, англискиот репрезентативец се реши кариерата да ја продолжи во еден од најтрофејните англиски иевропски клубови кој нема постигнато успех долга низа година
Како што пренесе агенцијата Totalsport, околу палдне 28-годишниот Џо Кол потпишал четиригодишен договор со Ливерпул, што попладнево е потврдено на официјалната итнернет страница на клубот.Кол не беше задоволен од условите кои му ги понуду шампионот Челзи, поточно не прифаќањето неговата неделна плата да биде зголемена од досегашните 80 илјади фунти. Така вреднито играч од средината стана првото засилување во ерата на новиот менаџер на „редсите“, Рој Хоџсон, кој доби вистинска замена за Јоси Бенајун кој замина во обратен правец. За Кол заинтересирани беа и другите два лондонски клуба, Арсенал и Тотенхем.Според вчерашните шпекуалции на News of the World на Кол му бил понуден тригодишен договор според кој би требало да заработи 4,7 милиони фунти, меѓутоа во понеделник не се обајвени детали од договорот. Овој чекор на раководството од „Енфилдс роуд“ се толкува и како доказ дека клубот има големи амбиции во наредната сезона, со што би ги задржал своите два најдобри играча, капитенот Стивен Џерард и шпанскиот репрезентативец Фернандо Торес кои имаат понуди од повеќе европски гиганти.И покрај долговите, наводно, од Ливерпул на Кол му се понудени само десет илјади фунти неделно повеќе отколку што му дава Челзи, но се очекува тој да ја прифати понудат, имајќи ги предвид неговите расипани односи со матичниот клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Михаел Шумахер времето не го поминува само во кревет
Британските медиуми ги објавија најновите информации во врска со здравствената состојба на Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1.
Според неколку добро информирани извори, легендата на Формула 1, кој претрпе тешка повреда на мозокот додека скијаше во Француските Алпи пред нешто повеќе од 12 години, не е врзан за кревет.
За жал, тоа можеби е најпозитивната медицинска вест. На 57-годишна возраст, Шумахер не може да оди. Наместо тоа, тим медицински сестри и терапевти го водат низ неговата вила во инвалидска количка, дел од 24-часовен пакет за нега што чини десетици илјади фунти неделно.
Во согласност со желбата на неговата сопруга Корина, Шумахер не е виден во јавноста од несреќата на 29 декември 2013 година. Никогаш не се објавени негови фотографии во сериозна состојба, и покрај обидите да се продаде таков материјал на „темниот интернет“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Гризман на принудна пауза
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, го повреди бутниот мускул на левата нога за време на последниот тренинг. Според првите проценки, тој ќе паузира десет дена.
Шпанските медиуми објавија дека Гризман сигурно нема да игра во недела против Мајорка во Ла Лига и во среда против Бодо/Глимт во Лигата на шампионите, и дека е неизвесно дали ќе биде подготвен за следниот викенд и натпреварот против Леванте.
„Гризман направи магнетна резонанца за да се утврди степенот на повредата што ја здоби на тренингот во петокот. Французинот има мало истегнување на левиот бутен мускул, што го дијагностицира медицинскиот персонал на клубот. Неговото враќање на натпреварите ќе зависи од напредокот на неговото закрепнување“, се вели во соопштението на клубот.
Гризман (34) одигра 30 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 10 гола.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ѓоковиќ е во осминафиналето на АО, со мали проблеми го победи Ван Зандшулп
Новак Ѓоковиќ, по речиси три часа игра успеа да се пласира во осминафиналето на Австалија опен. 10-кратниот шампион во Мелбурн, 18-ти пат во кариерата ќе игра во осминафиналето на првиот гренд слем турнир во сезоната.
Новак Ѓоковиќ славеше победа над Ботик ван ден Зандшулп 3:0 (6:3, 6:4, 7:6). за Србинот ова е јубилејна 400-та победа на гренд слем турнирите.
Уникатен е во тој поглед, вклучувајќи го машкиот и женскиот тенис.
Меѓу неговите колеги, по него следуваат Роџер Федерер (369), Рафаел Надал (314), Џими Конорс (233), Андре Агаси (224).
400 – Novak Djokovic (400) is the first male or female player in the Open Era to claim 400 Singles match wins at Grand Slam events. Milestone. #AusOpen | @AustralianOpen @atptour pic.twitter.com/zfQNHVIGOc
— OptaAce (@OptaAce) January 24, 2026
Ѓоковиќ речиси перфектно одигра сет и половина. Го доби првиот, а во вториот со два брејка поведе со 3:0. Холанѓанеот не се предаде врати еден брејк, не успеа да го одбрани сетот, но го подготвеи теренот за она што ќе се случува во третиот сет.
Најголемиот преодозвоик досега на турнирто за Ѓоковиќ беше третиот сел. Ван Зандшулп прв направи брејк, Ѓоковиќ експресно возврати. Со помали или поголеми проблеми потоа двајцата ги добиваа своите сервис гемови.
Драма се случуваше во 11-от гем, кга Ѓоковиќ спаси две сет топки. На крајот релативно лесно го доби тај-брејкот.
Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Јакуб Меншик и Итан Квин.
Foto/EPA

