Спорт
Рибери и Бензема пак на распит во полиција
Француските репрезентативци во вторник наутро биле на сослушување во полицијата во Париз во врска со аферата со малолетничка проституција за што им се заканува и затворска казна
Како што јавува France Presse, играчот на минхенски Баерн, Франк Рибери и на мадридски Реал, Карим Бензема, биле сослушувани од обвинителот Ив Дандо, кој наскоро треба да донесе одлука дали ќе подигне обвинение против двајцата членови на „триколорите“ Двајцата ги користеле услугите на малолетната проститутка Захија Дахар, и често го постетувале клубот „Заман“ на Елисејските полиња за кој во истрагата се покажало дека е еден од центрите за малолетничка проституција во Париз.Девојката на истражителите им потврдила дека во 2008 г. спиела со Бензема, а една година подоцна и со Рибери, додека третиот осомничен фусбалер Сидни Гову од францускиот прволигаш Лион е ослободен од сите обвиненија, бидејќи со Захија спиел во март кога таа веќе била полнолетна. Обвинителот според францускиот закон мора да докаже дека двајцта фудбалери знаеле за возраста на проститутката, а доколку тоа им се докаже им се заканува тригодишна затворска казна и парична глоба од 45 илјади евра. Проститутката Захија во април на сослушувањето изјави дека е шокирана од можната тригодишна затворска казна со која се соочуваат нејзините клиенти и дека таа била третирана со голем респект од фудбалерите додека ги давала своите услуги.„Ги сакав сите“ изјави додавајќи дека таа всушност го прославила 18-от роденден со Рибери. Проституцијата во Франција е легализирана, но проститутките мора да бидат полнолетни што во овој случај не е, бидејќи кога траела аферата меѓу Дехар и Рибери таа се уште била малолетна. Франк Рибери призна пред судот во Париз дека имал однос со Дахар, но изјави дека не знаел оти таа е малолетна. Дехар која е со алжирско потекло, според медиумите, е елитна проститутка која заработува и до неколку илјади евра од ноќ а нејзини клиенти се мулти милијардери и богати фудбалери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

