Спорт
Бундеслигашот Хофенхајм постигна 26 гола

Фудбалерите на германскиот прволигаш Хофенхајм во вторникот на нисколигашот Рауенберг успеале на секои 3,5 минути да му дадат гол постигнувајќи одамна незабележан резултат за фудбалските терени во која и да е категорија и ранг
Фудбалерите на Хофенхајм кој последните сезони игра стандардно во Бундеслигата, непријатно му ја честитале 90-годишницата од постоењето на Рауенберг со 26 голови. Една година „постариот“ Хофенхајм на полувремето од мечот одигран во Австрија водел со 10:0, пренесува Totalsport. Пет голови дал репрезентативецот на Босна и Херцеговина Ведат Иишевиќ, а два постигнал неговиот репрезентативен колега Сеад Салиховиќ. За прволигашот настапиле и уште двајца хрватски интернационалци Борис Вукчевиќ и Јосип, Шимуниќ, од кои 20-годишниот Вукчевиќ постигнал два гола. Во мечот одигран пред две илјади гледачи во австрискиот тренинг камп, тимот на Хофенхајм настапил со два тима од по 11 играчи во секое полувреме, така што босанскиот голгетер Ибишевиќ ги постигнал петте голови само во првото полувреме, кога настапил целиот босанско-хрватски квартет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн се вклучува во трката за потписот на Нико Вилијамс

Нико Вилијамс долго време е интересен за многу големи клубови низ Европа.
Барселона, минатото лето беше заинтересирана за овој млад фудбалер, кој се премисли во последен момент и реши да остане во Билбао. Наводно Арсенал сериозно е заинтересиран, а сега во трката се вклучил и Баерн.
Според германски „Билд“, шпанскиот фудбалер бил скаутиран од директорите на Баерн, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, за време на натпреварот против Франција, во Лигата на нации.
Олеснителна околност за Баерн треба да биде откупната клаузула за Вилијамс, која не е поголема од 60 милиони евра, што за гигант како клубот од Минхен не би требало да биде проблем.
Овој крилен напаѓач одигра 29 натпревари за Атлетик Билабо минатата сезона, постигна пет гола и забележа исто толку асистенции.
Спорт
Интер подготвиле договор за Киву

Кристијан Киву, до крајот на денот треба да потпише договор со Интер, тврдат италијанските медиуми.
Романецот, вчера бил во хотел во центарот на Милано, каде што имал разговор со челниците на Интер и како што стојат работите, состанокот поминал добро.
Киву треба да потпише двегодишен договор овој петок, по што официјално би бил претставен како нов тренер на Интер.
Тој доаѓа на тренерската позиција во клубот на местото Симоне Инзаги, кој гзамина по дебаклот во финалето на Лигата на шампионите и го презеде тимот на Ал Хилал.
Досега, Киву работеше како тренер само во младинските категории на Интер, а оваа сезона го водеше првиот тим на Парма, успеа да избори опстанок во Серија А.
Киву, играч доби „кредит“ беше дел од најславните моменти на клубот. Играше за Интер од 2007 до 2014 година, а во сезоната 2009/10 ја освои тројната круна, што е најдобрата сезона во историјата на клубот.
Спорт
Габриел го продолжи договорот

Дефанзивецот на Арсенал, Габриел, потпиша нов четиригодишен договор со клубот, објави „Скај Спортс“. Претходниот договор на Бразилецот имаше важност до јуни 2027 година.
Габриел (27) му се приклучи на Арсенал од Лил во 2020 година. Тој има 210 настапи во сите натпреварувања, на кои постигнал 20 гола.
„Дојдов како млад играч и по речиси пет години сум среќен што научив многу. Горд сум на себе, ова беше неверојатно патување и среќен сум што го продолжувам. Се надевам дека ќе освојувам трофеи со овој клуб, бидејќи го сакам овој клуб, а и моето семејство го сака“, – изјави Габриел за веб-страницата на клубот.
Бразилецот ги пропушти последните два месеци од сезоната поради операција на тетивата, но се очекува да биде подготвен за почетокот на следната сезона.
„Скај Спортс“ објави дека одборот на клубот бара продолжување на договорите на Вилијам Салиба и Букајо Сака.
Порано оваа недела, Арсенал објави дека Жоржињо и Киран Тиерни ќе го напуштат клубот на крајот од месецот, кога ќе им истечат договорите.