Спорт
Роналдињо ќе ја заврши кариерата во Милан
Бразилскиот плејмејкер на калчолигашот од Милано ќе настапува за „росонерите“ до крајот на својата фудбалска кариера, соопшти неговиот менаџер и брат, Роберто Де Асис
Последните седмици бразилските и италијанските медиуми пишуваат дека 30-годишниот Роналдињо ќе ја смени клупската средина. И претседателката на бразилскиот прволигаш Фламенго, Патрисија Аморим изјави дека по разговорот со него тој пројавил желба да се врати во татковината во Рио де Жанеиро. Исто така, се пишуваше и дека Роналдињо ќе му се придружи на Дејвид Бекам во Лос Анџелес галакси. Меѓутоа, сопственикот на Милан, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, вети дека поранешниот напаѓач на Барселона ќе остане во миланскиот клуб, нарекувајќи го еден од најдобрите фудбалери во историјата. „Тој ќе ја заврши кариерата во црвено-црниот дрес. Зборовите на Берлускони ни оставија најдобар впечаток. Односот меѓу нас и претседателот се засниваат на заемно уважување“, изјавил Роберто Де Асис, пренесува Il Corriere dello Sport. На прашањето дали носителот на „Златната топка“ од 2005 г. може да биде разменет за Лендон Донован со американскиот клуб, Де Асис кусо одговара со – „мојот брат е играч на Милан“.Тој додал дека сите заинтересирани клубови, прво ќе треба да му се обратат на Милан, а не на нив двајцата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

