Спорт
Раул и официјално го напушта Реал Мадрид
По 16 години минати во шпанскиот гигант, 33-годишниот Раул во понеделник и официјално се збогуваше со Реал Мадрид
Како што известуваат шпанските медиуми. Според претходно најавеното, Раул денеска ја одржал последната прес-конференција во Кралската ложа на стадионот „Сантјаго Бернабеу“, пролевајќи солзи, пренесуваа агенциите.„Ова за мене е многу тежок ден. Во Реал ги минав најубавите и најтажните моменти во својата кариера, Реал засекогаш ќе биде мој клуб, меѓутоа сакам и натаму да играм“, изјавил Раул кој не открил во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, но шпанските дневни весници Marca и As пишуваат дека станува збор за германскиот бундеслигаш Шалке. Во дресот на Реал, Раул ги постави сите момементални рекорди: стана најмлад играч во историјата на клубот кој дебитирал на првенствен меч – со 17 години и четири месеци, одигра најмногу мечеви во историјата на Реал – 729, постигнувајќи најмногу голови – 322 и најмногу лигашки голови – 228. Зад него на листата рекорди на Реал останаа велични како што се легендите Алфередо Ди Стефано, Ференц Пушкаш, Карлос Сантиљана итн. Во 16-те години Раул и Реал освоија вкупно 16 трофеи: шест титули првак на Шпанија, три титули во Лигата на шампионите, освоија четири шпански Суперкупови и еднаш европскиот Суперкуп и двапати беа победници на Интерконтиненталниот куп.На прес-конференцијата присуствувале и претседателот на Реал, Флорентино Перз, директорот Хорхе Валдано и други познати лица од клубот кои му одале признанение на Раул како на клубска легенда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Само Арсенал и Баерн веќе се во осминафиналето
Foto/EPA
Синоќа беше комплетирано претпоследното коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на решавачката, осма рунда, само Арсенал и Баерн Минхен, обезбедија пласман во осминафиналето.
Покрај лидерите во Премиер и Бундес лигата, најмногу шанси за директен пласман меѓу најдобрите 16 екипи имаат Реал Мадрид и Ливерпул.
Во нокаут фазата, сигурно ќе играат: Тотенхем, Пари Сен Жермен, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Аталанта, Интер и Јувентус.
Оние кои нема да завршат меѓу првите осум на табелата и нема да обезбедат продолжен одмор до следниот натпревар, ќе играат плејоф за пласман во осминафиналето.
Табела:

Двојки за последното, 8.коло:

Спорт
Јан Облак во клубот 100
Голманот на Атлетико Мадрид, 33-годишниот Јан Облак, влезе во елитниот клуб на Лигата на шампионите во натпреварот против Галатасарај. Турскиот клуб и Атлатико одиграа 1:1, во седмото коло.
Облак, го одигра 100-ти натпревар во Лигата на шампионите. Тој стана првиот словенечки играч кој ја достигнал таа бројка во најелитното европско клупско натпреварување. Воедно тој е вториот фудбалер на Атлетико кој достигнал 100 натпревари за „јорганџиите“ во Лигата на шампионите, по капитенот Коке (108).
Исто така, Јан Облак стана петтиот играч со 100 или повеќе натпревари во Лигата на шампионите под водство на истиот тренер. Коке, како и Облак, го постигна овој подвиг под водство на тренерот Диего Симеоне.
Пред нив, легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, Пол Сколс и Гари Невил, влегоа во клубот 100 под водство на Алекс Фергусон.
Foto/ depositphotos
Спорт
Бејл: Тренерот во Реал треба да менаџира, а не да тренира
Пораншениот фудбалер на Реал Мадрид, Гарет Бејл, кој освои пет титули во Лигата на шампионите со „кралскиот клуб“, се осврна на неодамнешното заминување на тренерот Чаби Алонсо.
Велшанецот коментираше за причините, зошто мандатот на шпанскиот стручњак на не ги исполни очекувањата, пишува „Марка“.
Во разговор за „Ти-Ен-Ти Спортс“, Бејл прво го пофали Алонсо, истакнувајќи ги неговите успеси.
„Алонсо е неверојатен тренер. Тој освои што освои во Баер Леверкузен, освои трофеи, го водеше тимот неверојатно добро. Но, кога доаѓате во Реал Мадрид, не треба да бидете тренер, туку менаџер. Треба да управувате со егата во соблекувалната“, рече тој.
„Не бев изненаден кога доби отказ. Знам многу добро како функционира Реал. Ако нема резултати, дури и ако не е особено длабока криза, тренерот е поранешен тренер“, додаде тој.
Бејл објасни дека во соблекувална полна со врвни играчи, клучен е поинаков пристап.
„Мора да милувате егото. Не мора да се прават толку многу тактички работи. Има суперѕвезди во соблекувалната кои можат во секунда да го сменат текот на натпреварот во една секунда. Значи, да, можете да видите дека тој е одличен тренер и тактичар, но во Мадрид, очигледно, тоа не функционираше“, заклучи Бејл.
Foto/ depositphotos

