Спорт
Баерн бара отштета од Холандија за повредата на Робен
Германскиот шампион минхенски Баерн ќе бара отштета од Холандската фудбалска федерација (KNVB) за повредата на мускулот на Арјен Робен заради која холандскиот репрезентативец ќе мора да паузира најмалку два месеца
Како што пренесува германската новинска агенција DPA, барањето за отштета од холандската федерација во четврток попладне го најавил претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге.„Единствено чесно ќе биде холандската федерација да ги сноси трошоците за лечењето“, додал Румениге. Принудната пауза за 26-годишниот Арјен Робен следува откако со ренген снимка на вообичаен медицински преглед во клубот е востановено дека фудбалерот има напукнување на мускулот на левата нога од дури пет центиметри. Робен го повреди мускулот на пријателскиот меч со Унгарија десет дена пред почетокот на Светското првенство во Јужна Африка. Робен без оглед на тоа, недоволно заздравен настапи на мундијалот каде беше ударната игла на холандската репрезентација која стигна до финалето во кое беше поразена од Шпанија со 0:1.Овој однос кон нивниот најдобар фудбалер ги разгневи баварците и нивното раководство бара санкции.„Не само што сме разочарани, ние сме и лути бидејќи по којзнае кој пат мораме да плаќаме играч кој се повредил играјќи за некој друг. Барав од ФИФА да го регулира ова прашање“, изјавил претседателот на Баерн, изјави во вторникот Румениге.Лекарот на Баерн, Ханс-Вилхем Милер-Волфхарт ги обвини холандските колеги за негрижа. „Станува збор за сериозна повреда. Според мене, тоа што таа не била добро дијагностицирана и што на Робен му беше дозволено да настапува е неодговорно. Сега мораме да го лекуваме пукнатиот мускул а за тоа ќе ни бидат потребни најмалку два месеца“, рече главниот клупски лекар на баварците. „Во текот на првенството се чувствував добро, одиграв четири мечеви и во финалето на тероенот минав 120 минути. Не чувствував никаква болка, па по финалето заминав на одмор. Затоа информацијата дека нема да можам да играм два месеца за мене претставува голем шок“, изјавил Робен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фјури се враќа, ќе се бори против Махмудов
Тајсон Фјури (37) се враќа од пензија и ќе се бори против Арсланбек Махмудов на 11 април на стадионот на Тотенхем, во Лондон. Тоа ќе биде неговиот прв меч по речиси четири години пред домашна публика, а преносот ќе биде достапен низ целиот свет на платформата „Нетфликс“.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија се повлече од боксот по два последователни порази од Олександр Усик.
Фјури, кој во текот на својата кариера имаше многу збогувања и враќања, има рекорд од 34 победи, два порази и едно реми во професионалниот ринг, со 24 нокаути.
Официјалната прес-конференција за најава ќе се одржи во понеделник на стадионот Тотенхем, со учество на двајцата борци.
Противникот на Фјури, Махмудов, е познат како еден од најопасните борци во тешка категорија. Во кариерата, тој нокаутирал 19 од 21 противник, има два порази во 23 натпревари и влегува во овој меч по најголемата победа во кариерата. Тој ја постигна со едногласна одлука против Дејв Ален минатиот октомври во борба за титулата во тешка категорија на ВБА Интерконтиненталната категорија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Познат распоредот во Лигата на нации – Швајцарија во првото, Словенија во последното коло
Фудбалската репрезентација на Македонија, во новиот циклус во Лигата на нации, ќе се натпреварува во Б-дивизијата. Македонија е во Групата 1, заедно со Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Првата фаза, во новиот циклус во Лигата на нации ќе се игра од септември до ноември оваа година. Македонија дуелите во Групата 1 ќе ги отвори на домашен терен со Швајцарија, а ќе ги затвори исто така на домашен терен против Словенија.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 26 септември против Швајцарија, а три дена подоцна следува гостувањето во Словенија.
Во октомври Македонија ќе ја пречека Шкотска (3 октомври), а на 6.10 ќе гостува во Швајцарија.
На 13 ноември Македонија ќе гостува во Шкотска, а три дена подоцна ќе ја пречека Словенија.
Foto/ EPA
Спорт
Ханси Флик за дебаклот на Барселона на „Метрополитано“ ги обвини судиите
Барселона, синоќа доживеа дебкла во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот. На „Метрополитано“, Атлетико Мадрид победи со 4:0. Инспирираниот домашен тим головите ги постигна во првото полувреме.
По поразот од Атлетико, тренерот на Барселона, Ханси Флик, виновникот за дебаклот го најде во судиите, а не во лошата игра во дефанзивата на неговиот тим.
Спортна е ситуацијата во 53-та минута, кога по седум минути во ВАР собата донесоа одлука да го поништат голот на Пау Кубарси.
„Навистина не знам што друго да кажам за судењето во Шпанија. Ова е срам, целосен хаос, судењето е катастрофа. Не знам ни колку пати ја прегледав ситуацијата кога Кубарси постигна гол и навистина не разбирам каде некој од судиите виде недозволена позиција“, рече Флик и продолжи:
„Прекинот траеше повеќе од седум минути. Очигледно е дека бараа причина да го поништат тој гол на секој можен начин и со сета сила. Исто така, речиси и немаше комуникација меѓу судиите. Никој ништо не разјасни.“
Како алиби за поразот Германецот ја посочи агресивната игра на фудбалерите на Атлетико, иако е јасно дека тој беше незадовоелн од играта на неговиот тим, бидејќи првата измена ја направи во 35 минута од натпреварот.
„Судијата им дозволи на играчите на Атлетико да играат грубо, буквално им дозволи да прават што сакаат. Не само што не им покажа картони, туку дури и не им даде усна опомена. Уште од првата акција во играта, тие се жалеа кон судиите. Разочаран сум, навистина не можам да верувам што се прави во шпанскиот фудбал“, додаде тој.
„Судијата мораше да покаже жолт картон за првиот прекршок врз Балде, а зборуваме за самиот почеток на натпреварот. Тоа драстично ќе влијаеше на она што се случуваше подоцна. Нормално беше Симеоне да дозволи да нè малтеретираат кога виде дека судиите ќе му простат сè“, рече Германецот.
Интересно, Флик не го коментираше црвениот картон на Ерик Гарсија, бидејќи одлуката на теренот беше жолт картон. Дури кога доби повик од ВАР собата, главниот судија ја прегледа снимката и го исклучи дефанзивецот на Барселона, кој како последен играч во одбраната го фаулираше Алекс Баена.
Foto/ depositphotos

