Спорт
ФИФА води истрага против Северна Кореа
Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА, отвори истрага по повод наводите, дека репрезентативците на Северна Кореа по враќањето од СП биле малтретирани
Северна Кореа на Мундијалот во Јужна Африка запиша три порази, режимот особено лошо го прифати поразот од 7:0 против Португалија. Радиото Слободна Азија, минатиот месец објави дека фудбалерите биле повикани на состанок зад затворени врати.„Со писмо се обративме до Фудбалскиот сојуз на Северна Кореа, побаравме отчет од нив за случајот со репрезентативците, како и извештај за неодамнешниот избор за нов претседател на Сојузот. Го чекаме одговорот, да ли некои репрезентативци и селекторот навистина биле обвинети и казнети, дури потоа ќе можеме повеќе да разговараме за овој случај“, изјави на прес конференцијата во Сингапур, првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шекил О’Нил: И со вишок килограми Дончиќ е подобар од 99 отсто од бековите во НБА
Лука Дончиќ и понатаму е главна тема во НБА кулоарите. Сè уште јавнста е во шок по трејдот меѓу Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс, по кој Дончиќ замина во Лос Анџелес, а Ентони Дејвис во Далас.
Меѓу бројните шпекулации за причините, ЕСПН објави дека една од нив е тежината на Дончиќ, која наводно е тежок 122 килограми, 20 повеќе од времето кога тој влезе во НБА.
За многумина оваа приказна нема апсолутно никаква смисла бидејќи Дончиќ и претходно имаше вишок килограми, но и покрај тоа беше и еден од најдобрите кошаркари во светот.
За ова зборуваше и легендарниот Шекил О’Нил.
„Треба да знам кој е точно терминот. За што зборувате? Кога велите дека не е во форма, дали е дебел? Дебелиот Лука Дончиќ е подобар од 99,9 отсто од бековите во НБА“, рече О’Нил.
Спорт
(Видео) Проблем за Реал, без Хезоња против Фенербахче
Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња е суспендиран на еден натпревар во Евролигата поради недолично однесување кон судиите.
Хезоња, минатата недела, во Монако беше исклучен на шест и пол минути до крајот на натпреварот против Монако.
Хрватот доби втора техничка грешка, влезе во расправија со судијката Ана Пантер, а потоа збесна, вербално и речиси физички ги нападна судиите.
За ова беше казнет со суспензија од меч (против Фенербахче во 26. коло), и парична казна од 5.000 евра.
Хезоња постигна 15 поени и имаше осум скока пред да биде исклучен во поразот од Монако (77:73).
I com sempre , Hezonja . Té les neuronas justes perqué no li caigui la baba pic.twitter.com/q0a4cDqsLm
— eugeni (@eugenitriquell) January 31, 2025
Спорт
(Видео) Хорхе Мартин заврши во болница по падот на тестирањето во Сепанг
Ноќта меѓу вторникот и средата по средноевропско време се одржа тестирање на малезиската патека „Сепанг“ во пресрет на новата сезона во Мото ГП.
Хорхе Мартин, возачот на Априлија и актуелен шампион во „кралската класа“, падна во вториот свиок и силно удри со главата на патеката, откако се најде високо во воздухот бидејќи изгуби контрола над моторот.
Се известува дека Мартин се наоѓа во болницата Аурелиј во Нилаи (град кој се наоѓа на шест километри од патеката) и чувствува болка во левото стапало и десната рака. Мартин беше подложен на детални лекарски прегледи на главата.
Тоа всушност беше втор пад на овој тренинг за Мартин. Шпанецот падна падна од својот мотоцикл во претходната фаза на тестирањето, мина без последици и успеа веднаш да се врати на патеката.
Jorge Martin’s highside at turn 2 😳#MotoGP #SepangTest
— Crash MotoGP (@crash_motogp) February 5, 2025