Спорт
Ливерпул-Арсенал за старт на Премиерлигата

Викендов стартува новата сезона во англиската Премиерлига, дерби натпреварот ќе се одигра на „Енфилд“, Ливерпул ќе го пречека Арсенал
Главни фаворити за титулата во новата сезона ќе бидат актуелниот првак Челзи и екипата на Манчестер јунајтед. Со големи амбиции во првенството ќе стартуваат Тотенхем и Манчестер сити, нивниот дуел утре ќе го отвори шампионатот.Анализите пред почетокот на шампионатот говорат дека половина од тимовите ќе се борат за опстанок. Вообичаено, новите членови на Премиерлигата се главни кандидати за испаѓање, тоа се Њукасл, Блекпул и ВБА.Во сабота на програмата се дуелите Тотенхем – Манчестер сити, Астон вила – Вест хем, Блекбурн – Евертон, Болтон – Фулам, Сандерленд – Бирмингем, Виган – Блекпул, Вулверхемптон – Стоук и Челзи – Вест бромвич албион.Дербито, Ливерпул – Арсенал ќе се одигра во недела, колото во понеделник ќе го комплетираат Манчестер Јунајтед и Њукасл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“