Спорт
Вердер најубедлив во квалификациите за ЛШ
Во најпривлечниот натпревар од синоќешните први дуели во завршниот круг за квалификациите во Лигата на шампионите, германски Вердер беше убедлив против италијанска Сампдорија со 3:1
Трумуфот на Вердер ќе беше поубедлив доколку неговите фудбалери ја сочуваа концентрацијата до крајот на мечот, односно до 90. минута кога Сампдорија преку Пацини не го постигна голот на надеж за реваншот. Претходно за домаќините головите ги постигнаа Фриц 51., Фрингс во 67. минута од пенал и Пизаро во 69. минута.Белградски Партизан на домашен терен против белгиски Андерлехт го одигра највозбудливиот меч во завршното квалификациско коло. Прво поведоа гостите во 54, минута преку Жиле, а само по три минути (57.) изедначи Клео, набрзо во 64 г. Партизан прави пресврт со автоголот на Лесјак во 64. минута, но само по две минути (66. минута) Јухаш изедначи за гостите.Во другите натпревари од средата, швајцарски Базел со голот на Штокер во 54. минута го совлада изненадувањето од Молдова, Шериф – (1:0). Со еден гол разлика во реваншот ќе оди и португалска Брага која во пиринејскиот дуел со шпанска Севиља беше подобра за погодокот на Матеуш во 62. минута. Израелски Хапоел Тел Авив на австриски терен во Салцбург успеа да создаде солидна предност победувајќи со 3:2. За домаќините головите ги постигнаа Покривач во 28 Валнер од пенал во 67. минута, додека за Хапоел во 3. минута од пенал прецизен беше Ениема, во 44. Сахар и во 63. минута гол постигна Шехтер. Во саботата во Санкт Петербург рускиот претставник Зенит со голот на Кержаков уште во 3. минута го совлада фаворитот од Франција, Оксер. Спарта од Прага непријатно беше дома изненадена од Жилина со 0:2, со головите на Сисеи во 51. и Оравец во 73. минута. Розенборг со 2:1 го совлада Копенхаген со головите на Иверсон во 23. и Кенриксен во 57. минута, а гостите намалија во 84. минута преку ветеранот Гронкијер.Швацарците Јанг бојс го совлада англискиот премиерлигаш Тотенхем на домашен терен со 3:2, а погодоците ги постигнаа Лулиќ во 4., Биенвену во 13. и Хохштрасер во 28. минута за домаќините, а Басонг во 42. и Пављученко во 82. минута за гостите. Во дерби мечот од ова последно квалификациско коло поранешните шампиони Динамо од Киев на македонскиот репрезентативец Попов и Ајакс одиграа 1:1 со головите на Гусев во 66. и на Вертхоген во 57. минута.Реваншите од овие дуел ќе се одиграат на 25-ти септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Спорт Италија: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи
Наполи, минатата сезона ја освои Серија А. Тоа беше трета титула во клупската историја и прва од 1990 година. Сезоната по освојувањето на титулата е вистински кошмар за Наполитанците. Во финишот на сезоната, Наполи се наоѓа на осмото место со 49 бодови, дури 37 помалку од новиот шампион Интер.
„Спорт Италија“, пишува дека Наполи оваа сезона доживеа „огромно разочарување“ поради што во летниот преоден рок ќе „има ревилуционерни промени“. Претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис изјави дека ниту еден играч не е недопирлив, што значи дека сите би можеле да бидат продадени.
„Постои сериозна опасност од револуција која може да ги вклучи дури и клучните играчи кои го освоија Скудетото, како Џовани Ди Лоренцо (30) и Франк Ангуиса (28)“, пишува „Спорт Италија“.
Ди Лоренцо е репрезентативец на Италија и капитен на Наполи, со кого има договор до летото 2028 година. „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 18 милиони евра. Во Наполи е од 2019 година, а претходно во кариерата играше за Кунео, Калабрија, Матера и Емполи.
Ангуиса е камерунски централен играч за врска чиј договор е до 2025 година, но постои опција да се продолжи за уште две сезони. Во кариерата играше во Марсеј, Фулам и Виљареал. Според „Трансфермаркт“ тој е проценет на 30 милиони евра.
„Спорт Италија“, тврди дека главната ѕвезда на Наполи, Виктор Осимхен (25) се поврзува со клубови како ПСЖ и Баерн, а Де Лаурентис неколку пати изјави дека за него ќе бара повеќе од 100 милиони евра. Тој има договор до летото 2026 година, „Трансфермаркт“ го проценува на 110 милиони евра.
Познато е веќе дека Пјотр Зјелински како слободен играч ќе се пресели во Интер.
Спорт
„Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите…“
Легендите на Манчестер Јунајтед, Рој Кин и Гери Невил, во еден подкаст открија дека дека со денови се пијанеле по натпреварите во Премиерлигата. Станува збор за периодот кој некии го нарекуваат и златна ера на тимот кој тогаш го предводеше сер Алекс Фергусон.
„Луѓето велеа дека сум добар професионалец, но некои работи што ги правев беа апсолутно срамни – покајано вели Кин.
Детално опиша како се пијанчел, особено во нефудбалските денови.
„Многу пати одев во сабота по натпреварот, во недела, понеделник, вторник… Да бидам фер, би ја поставил границата во среда“, откри освојувачот на седум Премиер лиги, четири ФА купови и Лигата на шампиони.
Во 2002 година, Ирецот во својата автобиографија „Второто полувреме“ призна:
„Имаше период, во раните 90-ти, кога бев алкохоличар. За среќа, успеав да се извлечам од тој виор. Сега пијам само вода.“
Гери Невил го надополни соиграчот, велејќи дека многу од најдобрите играчи биле озлогласени алкохоличари.
„Причината поради која се извлекувавме е што другите тимови го правеа истото. Сè додека секој можеше да испие десет големи кригли, бевме на исто ниво на кондиција“, раскажа трофејниот десен бек од „Олд Трафорд“.
„Знаете… Јас го анализирам периодот пред сезоната 1995/96 година, сите играчите го правеа истото. Помеѓу 1996 и 2000 година фудбалот стана многу професионален и дојдоа нутриционистите…“
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.